Незнам дали ни е 4 скок порано почнат една недела или да и препишам на вакцината од петокот Денски си спиеше три пати по 2-3 сати сега мака мачиме Ми намали и со јадење и навечер тешко ми заспива По сите совети што читав е сонот дека си носи сон и доколку повеќе спие дење да не му се крати зошто и после ќе е понервозен
Ние сме кај црвеното, пошо секој скок ни почнува порано и ова е излеа почнато. Кенка, не спие ни ден ни ноќ. Не сака у раце, не сака на под, не во хранилка, не во креветчњ, ништо не му е погодено само вика, држте ми среќа оти бардовци не ми бега
Плаче кога ќе го земете? Не ми е јасно 3 недели од 5.30 до 8.30 штом го допрам да го успијам на цел глас плаче па кашла од што дере грло Го ставам во количка возам низ стан кенка ама не плаче така, на кревет,нозе седи мирен 30мин па кенка плаче ама на раце е најнајстрашно се осеќам како да нема крај како да грешам а не знам каде
Ист е он сите скокови до сеа. Пробувам да му угодам да му биде убаво, знам дека минува низ многу промени но некогаш не знам што со себе и со него заедно. Плаче за се, после 2 мин ништо не му е интересно, го шетам, го возам во количка, во раце, го носам кај кучето наше, на комшиите, кај уличното куче, кај мачките секаде каде што предходно се радувал ама сега е радосен само 2мин и после мислиш некој го коле. Ми е срам во двор да излезам со него, кузнае што мислат дека му правам комшиине, денеска цело маало не разбра и две погоре и подоле од нас. Како по обичај после прва дремка, цицаше го облеков и да одиме да шетаме а бе уште од улицава наша не излеговме тоа беше плачење мајко мила, и фино лепо налево круг и назад. Е е е телевизорот му е интересен ама седи исклучен оти не трепнува во него кога гледа. Ептен кога веќе не знам што му пуштам една песничка да изгледа и гасам. Ке помине, само така се тешам.
Исто...се замарам комшииве да не ги вознемирувам па се вознемирувам уште толку и јас тој плаче мене ми иде да се улетам и низ прозор од немоќ не знам како да му помогнам за да се смири жален е многу а не сфаќам од што така се случува тие 3 4ч во денот... И само си се тешам себе дека ќе помине не може да е вечно вака ама тешко е некои денови немам воља за ништо...мм не е од помош тој повеќе паника тензија прави и го бркам од собата за да не ми префрла а јас на бебе па од што не знам што давам цице на 1ч Денес така успеав да го излажам цицна малце се задрема и одма нишкав заспа еве го 2.5ч врза а јас веќе исцеден лимон....
Јас ред на цицање немам, не знам каков ви е тој ред искрено не ни сум имала некогаш. Кога му се цица, цица. Колку сака и кога сака. Некогаш знае ни 3-4 саати да не побара некогаш на пола саат сака да цица. Ама тоа не е за цицање колку што сака да е до мене. Мене не ми смета.
I jas...i za cicanje, pa i za spienje. Go ostavam kolku saka sam. Ni prozorci na budnost ni nisto ne sledam. Trgnuvam od toa deka ni majka mi ni baba mi na saat ne gledale ni spienje, ni cicanje. Sovremenovo majcinstvo ic ne mi se dopagja. Samo nesto novo se izmisluva.
Ама нели поентата на доењето е таа, кога сака-колку сака. Со АД е друго имаш ред, знам пошо првата недела додека ми дојде млеко бевме на АД, на 2часа плачеше за млеко и се нервираше на града. После се навикнавме и како наголемува се побрзо се нацицува и на подолги интервали си е најаден. Сега се дешава да не му е нешо погодено , да сака да се мази, да е до мене, да е во скок е тогаш мислам дека на пола часе на града.
Не знам од кај и како ми сфати дека правам ред за цицање? На 1ч на детето видно не му се јаде ама давам за да се смири (се нервира на града цица неколку секунди и се трга ) а обично јаде на 2ч точно еве сега спиеше 5ч па не го разбудив 2 пати за да цица. Нит бркам совршено шаблонско мајчинство ни глумам лудило, пробувам да го прочитам однесувањето на 1месечно бебе за да сфатам што сака во даден период, а во тие 4ч викање млеко не е.
A daa, vo skok posebna prikazna. Nema pravila togas. Sega novo mu e, cica demek, pa se trga od grada, me gleda taka zakaclivo, i mi se smeska. Lele topenjeee, ke si umram taka od srekja. Cucla ne sakav da davam, ama poso povrakja od prejaduvanje, mora da smuka vo prazno malce batka Ama pak so go gushkam i togas e vo mene I ovoj cicase na 3h, a navecer i po 4-5h vrzuvase (na vremeto, pred 1 mesec ). Od kako pocna skokot, mislam red nema....se treska ako ne mu dadam da cica, glava iskrsi mavajki se vo gradna i klucna koska kaj mene I mu davam, koga na cas, koga cas i pol, max 2. Ednas samo se uspa 5-6h. Preeska i se prejade, i taka fino se ispovrati. Ama idi razberi se Cluster feeding obicno pravat vo skokovite...zgolemena potreba imaat, i so pocesto cicanje stimulira poveke mlekce koe mu e potrebno. A sekoj den od-do odredeni casovi place? Mozno e da e witching hour. Do 3-4 meseci prestanuva ko sto sum citala. I kaj nekoi trae nekolku minuti, kaj nekoi deca se nekolku casa
Не не, не мислев дека глумиш лудило, во никој случај. Погрешно се свативме. Знам дека се е ново, и мене ми е се ново и сите околу зборат се и сешто, уште толку фрустрира. Јас кога давава АД сите околу беа подобро нешто од мајчино млеко нема. Кога почнавмр целосно на доење да е, и ете во скок ке плаче ништо не му е погодено или имаше периоди залепен за цицка беш, не цицаше си играше, ако го тргнев тоа беше плачење, грчеви посебно кога имаше, сите околу беа дај АД не му стасува млекото. Гледај го бебо, пробај да останеш смирена во вакви периоди пошо знам е тешко со сите останати околу. Колку си ти порелаксирана толку бебе ке биде верувај се осеќаат. Знам дека доаѓа преку глава, на ситр ни доаѓа искрено ама па ке ти се насмевне и се ке заборавиш.
Леле петиов скок... ако досега не ги осетив, овој ќе ни наплати. У 5 сабајле луто му го однесов на маж ми да му праи шо сака, ме мрдна цела вечер.
Хахахахаха не сум единствена. Иначе маживе све се само не од помош. Јака ви душа на вас со цицањето 24/7 залепено па да го мислиш дали е гладно или не, дали се грчеви или нешто друго го боли. Со ад барем знаеш јаден е ако плаче од друго е. Плус и со цицањето го држиш во раце кога ќе видиш.
Како функционирате без ред? Јас на двете деца им немам отстапено од редот. На цицање нема ред точно ама на се друго има. И на нив и на мене ни е полесно така. Исклучок можам да направам само во лето кога веќе се поголеми, па да останат покасно будни инаку се знае кога се спие, кога се бања, кога се јаде, кога се игра, се точно се знае.
Како што е поголем се повеќе ред има на доењето, освен секако ако не е во скок или е нешто неарен, тогаш е залепен за мене. Не мора да цица до мене да е. Иначе најчесто цица кога станува наутро и пред дремка, со цицање заспива што му доаѓа на 3-4ч. Зависи колку траела дремката и прозорецот на будност, сеа сака да седи повеќе од 2часа, па некогаш е 2ипол а некогаш не изздржува па заспива после 2 пак.
Koga ke e pogolem ke ima red sekako. Trgnal gradinka, se znae koga se jade koga se spie, trgnal na uciliste, se znae koga se stanuva, koga se pisuvaat domasni i slicno. Banjanje se znae sekoja vecer, mienje zabi dva pati na den, mislam toa se podrazbira vo denesno vreme. Sega dodeka e bebe ne sakam da mu brojam kolku spiel i kolku cical..kolku saka tolku. Sekako sum doma, on nokje si spie fino, a denski nit razmisluvam nit gledam na saat kolku vreme bil buden, i kolku spiel. Pak ke napomenam, kaj postoele porano prozorci na budnost, prasajte majki babi, barem moive se cudat, da ne ni broele kolku pati drememe vo den. Samoto dete si kazuva sto saka, vprocem i sekoe dete e razlicno, kako i nie vozrasnite. Taka samo sto dojdov od bolnica, sestrata sto ne isprati, ni kaza, obavezno budete go na 2h da cica. I jas se napnav prvite denovi go budev grev...on si vrzuvase po 3-4h, jas na 2h so sila go budev na grada da go stavam, pa uste i go drzev po 15min na grada demek moralo, ovoj za 5 minuti ekspresno cica na edna grada i koma bese. I svekrva mi rece, se znae gladno bebe se budi i cica, zamisli tebe nekoj vo son da te razbudi da jades i fala mu na Gospod, batka e skoro 2 meseca i 6kg. Se uspivame zaedno, gushnati na spalna ili na mene cicajki pa go prefrlam, uziva i on so mene, a uste povekje jas so nego Se iznapisav. Inaku posle vtoriov skok, moevo drugarce pocna da se vrti od grb na stomak. Se napna preeska, duri se pokaka od zort no sepak se svrte. New fear unlocked Sega ke spijam so edno oko otvoreno, da ne se plesne na faca
Да ми е жив и здрав, ама и те како ми е од помош маж ми. Си ја обожава ќерката, со мерак сè си прави со неа, ја чува, гали, шетка, сака. Кога паѓам од умор, без проблем поспивам бар саат два додека дојде време за доење. Знае да се снајде сам со неа. А за доењето, додека не станав мајка не знаев што значи тој момент, таа врска мајка бебе. Би сакала вечно да е бебе и да си ја дојам толку уживам, такви моменти на блискост, ме држи за рака, ја си ја бакнувам, галкам, ме гледа во очи...вечно би си ја држела така
Ако го оставев баткото да стане за цицање/јадење ќе го немав сега. Спиеше по 5-6ч во еден мах, така на 2 недели ми дехидрира и си завршивме во болница. Исто и јас ја слушав свекрва ми, од тогаш не се дрзна да даде коментар и сама си кажа, јас веќе не се мешам, очигледно не знам како треба, друго е ова. Бебе новороденче ако има па и жолтица, мора да се буди да цица, да се пере организам. Бар за денски. Ноќе не сум будела дете никогаш, ама денски да.
И ноќе го будев првиот месец, морав. Малку беше пожолтен ама не можеше да се освести, 30мл млеко ги пиеше буквално цел саат. Ноќе тоа ми беше најтешко, да доседам цел саат да го намолам 30мл да испие со штипење, пеење, викање, никако не ми успеваше. Може и затоа никогаш не се научи да цица, многу некако спанко и мрзлив беше. И поголемиот до 3 месеци немаше сила за влечење многу ама тој па обесен беше на цицка и немаше шанси да дехидрира, а тие беа коментарите Што е ова цицање нонстоп, не се прави така, не се одлепува од тебе, ќе го научиш така, на 3 саати се цица…А мене па тоа одмор ми беше, легнати двајцата на спална и кога ќе заплаче само кревам маица. Колку убав период беше тоа, а колку сум мислела дека ми е тешко