Не е многу страшно сега за сега , ама гледам детево сомнително нешто викам чекај да прашам Едит : доо когаа трае ?
До после свадба, кога ќе ги предадеме на други Дојдов да си видам со првото што сум пишала за 4 скок пошто еве го ни чука на врата и со второво.
Додека не се испокарате до развод 1 месец трае скокот ама има и регресија во спиење. Како што вика кукличка и ние не го осетивме уште 4 дена и ни завршува. Со првото сите скокови ги поминавме бурно особено 4от.
Јас скок со 2ро дете не осетив досега, гречеви немаше, за спиење не е најсјајно ама спрема првото е многу подобро Имам слики кога се од апликацијата ама немам ни отворено да видам кога се, еднаш гледав беше малку понерасположен ама ништо во споредба со првото
Лупнавме врати денес значи кај и да ќе заврши Со спиење сега за сега немаме мака , ама ништо не го занима , само во раце е , те јаде те не
Здраво мајки, бебе прави полни 6 недели утре и деновиве е многу по кенкав од обично. Комбинирано се храниме меѓутоа има денови кога ќе се истепа за да цица, и веќе наредниот ден не сака да цица се молиме па давам шишенце почесто. Исто навечер нејќе да заспие и се буди на два саати, претходно сврзуваше по 4 дури. Може ли вие поискусните да ми кажете дали станува збор за скок некаков и ако да, за колку проаѓа?
Ви почнува скокот сега, кажи ми како е? Кај мојот почнува за 4 дена според апп ама ко да е почнат, почна сепарациска да го дрма појако и заспива со долго тегнење, а заспиваше за две минутки.
Заспива и почнува да плаче , и 2та дремка малку поѕешко ни иде заспивање и апетитот намален од вчера па ќе видиме дали се "само" тие симптоми и колку ќе трае ...
Не сум сигурна дали поминуваме или допрва ќе не стрефи 4 скок. Родена 25.11 краен 5.15. Може да ме просветли некој?
Во 4ти сте, уште 6 денови имате од кенкава фаза,штом не си сигурна а сте преживеале до сега супер било
Леле еве сме во трет скок цееел ден да се плаче со солзи ништо не му е погодено заспива 20мин спие 15 кај ми е крајот
Исти бевме, дремки 15-20 мин, успивање саат време со плачки, протест со јадење, и плачење кенкање нон стоп. Инаку не ми спиела толку кратко. Помина скокот се врати старото бебе. Претоставив дека сме во скок кога ппчна пак по 15 мин да дреме.
Поздрав, термин ми беше 26.12, а роден е 01.01, изминативе два дена многу ми е чуден и нервозен, маки мачиме за храна и спиење.. дали е можеби некој скок?