Dali moze nekoj da mi kazete dali sme vo 3ti skok, veke nekolku dena unazad mnogu placi, a i pocna noke nabrzo da se razbudva, rodena e 26.01 a termin 12.02, nemam mn iskustvo prvo dete mi e
Како сте се справиле со втор скок? Беба постојано плаче како што не плачел до сега, не сака да спие и постојано бара за јадење. Како помагавте во самиот скок?
Тој е доста рано па немаш баш како да го анимираш и да помагаш,мало е. Давај цице, гушкај, теши и ќе помине
Дали некој може да провери дали сме во 4ти скок? Термин 26.12, роден 01.01... Многу тешко оди заспивањето, помалку јаде, плаче повеќе...
Додека не падне првиот борец, 5 недели е секој ден ни е лотарија по дома. Се смее и од еднаш вриснува солзи па додека плаче ми се смее како биполарен да е Ама им е навистина тежок период плус регресија во сон душички да си ги гушкаме да им олеснуваме додека совладаат сè а ние да останеме со здрав разум
исто, исто.. не знам дали се смее или плаче понекогаш, баш биполарен во право си, којзнае нив како им е ... се ќе помине...
@Fenix05 @n0Limits еве и јас да се пријавам со 4ти скок. Ни будна јаде, ниту пак заспана. Сега за сега спие навечер, до кога ќе видиме.
Како се препозава регресијата во спиење во 4ти месец, од кога почнува? Бебето на 1ви мај полни 4 месеци.. и дали е исто 4ти скок со регресија?
Мојата хорор тема па ајде да кажеме дека регресијата е дел од 4ти скок, не е исто ама па сè е поврзано, во исто време се случува. Мојава само што влезе во 4ти скок, почнаа промените. Кенкаше мн, бараше по раце да ја држиме, тешко успивање, само што ќе ја спуштевме отворила очи а си се трудел пола саат да ја успиеш, мн ретко се смееше, нерасположена, таква ќе станеше и цел ден така тераше. Мн тешко го помина скокот и трае цела вечност. Е после скокот интересното е што учат мн нови работи и тоа е по убавиот дел
Здраво мајки Ние сме 3 месеци и 9 дена кога е 4 скок или рано е? Веќе 3 дена го остава млекото не го пие цело, не спие ич навечер одвај 3 часа цела ноќ ако и се соберат, преку ден да не правам муабет ич одвај една дремка само од половина час или час и кенкаво е многу
По датум на раѓање само што сте влегле а по термин уште не. Јас одам по др.Гуднајт и се поклопува од средина на 14та недела е овој скок до средина на 19та недела од раѓање.