Среќа моево си е меракличе за цицање па јас му нудам на 1.5 2ч тој си шматка ако одбиваше ќе отидевме килажа минус
И јас стравував дека ќе биде минус во килажа ама па за среќа беше 20гр плус ( јас пресреќна). Може па стагнира во килажа оти нели до 6 месеци треба да ја дуплира родилната а нас ни фали уште едно кило ( така се тешам сега)
Zdravo,moeto bebe e 24 nedela,primeno rota vakcina vtora doza pred 10 dena,premnogu grcevi i stanuvanje na sekoj eden saat na noke...neznam do koga vaka,katastrofa...
Има ли некој скок 12та недела? Веќе една седмица како мака мачеме со јадење, едноставно со зор го терам да јаде. Навечер е спанко, почна ептен да сврзува сон, го будев јас на 4 часа, сега неколку денови пробав да го оставам гледам спие гајле нема. Почнав да го будам на 6. Мислам ќе биде гладен, но повторно исто јадење со зор, а баш убаво си јадеше. И со однесување е сменет, повеќе плаче, преку ден кратки дремки по половина час. Не знам дали е скок или да го носам на преглед ме загрижува со пиењето млеко
Трет скок. Тој е тогаш околу 12 та недела. Јас ќе го паметам цел живот тој скок. Само него го и осетивме до сега. Готова бев да се откажам од доење, ама за моја среќа не сакаше ад да проба. Не се секирај ќе помине и пак ќе си цица како предходно. Нуди го на секое. Полузаспано дој го, кај нас тоа помагаше. И ноќните подои не вадеа.
Zdravo majki, do koga trae skokot vo 4ti mesec? 21 nedela sme, od 13ta nedela se budi so placenje na sekoj saat, max 2 saati ednas vo nokjta gi vrzuva i prezaspiva samo so cicanje. Preku den isto ili zaspiva ako cica ili so placenje Pratam wake windows, gledam da ne se premori preku den, i vo race go cuvam samo da ne e umoren, imame rutina pred spienje, ama pak se budi od 5 do 7 pati vo nokjta
Здраво 6 скок Јас имам скоро 8м и се дерам: Кога ми се спие,а нејќам да спијам Кога ќе ме остават сам 1 минута за да идат во тоалет Кога не сум во раце 24/7 Кога не ме занимава некој 24/7 Кога ми менувате пелена Кога ме бањате Кога ме мачкате со креми Кога мајка ми ме дава на друг Бонус ми излезе заб и се дерам и заради тоа. -- Не знам како ќе се преживее, со плус враќање на работа
Мајки здраво Дали може некој да ми објасни кога почнуваат тие скокови во развој? Моето бебе има 1 месец и веќе втор ден како не спие, таман ке го задпијам и ставам во креветче дремнува по 20 мин и одма се буди и цело време вака дали е ова нормално?
Па да тој период, 4та-5та недела е првиот развоен скок. Се е нормално во развоен скок, и да јаде многу и да не јаде и многу да спие и воопшто да не спие, зависи од бебето, ама ќе поминее
А зошто се случуваат овие скокови? И дали е нормално да прави гримаси додека спие кско да го боли нешто и да испушта звуци?
Затоа што бебето до вчера знаело само за плодовата вода во твојот стомак а сега пред него е цел нов свет. Постепено ќе ги учи сите нови работи за себе, деловите од телото, но и за сите настани околу него. Ова што го опишуваш може да се грчеви во сон гримаси и звуци, се мачи да си олесни. Правете вежби преку ден
Бидејки телото/органозмот им трпи голема промена односно развој нагло и на тој начин ете прелу спиење, јадење они си покажуваат дека се во тој процес. Радувај се, после скокот ќе видиш нешто ново кај бебето што ќе го прави
Фала ви мајки ми олесни барем знам дека не е ништо лошо инску во носето му имам видено мрсулчиња со што да му ги извадам предлог некоја пумпица или што се става? Знам за носко ама тоа е јако со правосмукалка да не му испукаат капилари
5ти скоооок на најјакооо 4тиот не го осетив толкууу , ама затоааа 5тиов хаооос . До когаааа трае 25 недела стартуваме денес
До 26та трае. Кај нас обратно, 5ти скок песна, ништо нема промени малово ама затоа 4ти наплати за следни 4 скока, хаос и хорор беше..
Леле ова нит јаде нит спие кенка , ке дремне у сон си плаче хаос , само се превртува си гуга збори се кара
Типично за скок ај до кај 1 година ако не и нешто плус ќе си се тешиме тука кога ќе се во скок П.С само јас не можам да ја тргнам од ц...малава..така заспива, така се теши, кога плаче цица..планирам да ја сецнам еднава и да и ја дадам, па нека си игра со неа 24/7 А за спиење, бебе што не спие како сакаш врти ја работава, сеа почнувам да и правам распоред инаку тешко мене ќе биде
Како се преживува 4тиов скок? Најизразен до сега,ја удрил исклучиво само на ноќното спиење. Си цица без проблем,дневни дремки по 40мин,пазам прозори на будност ,не е преморена а навечер на секој саат се буди и не спие ако не е во раце. Се шинав целата. Око немам склопено со недели…. Ќе ни траел до 24 јуни, се си мислам нема да го преживеам После овој скок фаќаат барем малце некаков ред на спиењето? Претходно супер теравме…..