Еее после скоковите идат многу поинтересни фази. Вака барем знаеш во скок е ќе му помине, а со тодлерството се што важи денес, не важи утре и обратно, па нека е со среќа дали ќе погодиш од прва. Непобаран совет до сите мајки на први деца, опуштете се и гушкајте ги максимално, се ќе биде добро, ниту една фаза не е вечна. Колку и да се напорни скоковите поминуваат, најголемиот мит е дека како растат така се полесни за чување. Да преспиваат ноќ, да јадат храна, ама јадат и нерви многу повеќе за банални работи.
Така е, тешки се за чување ама па и без нив не се може сега откако ја имам малава, сфатив колку е по убав животот со неа пред тоа празно и како сè под конец, нека е хаотично ама они се смислата на животот е сеа ќе побелеме во косите ама во иднина ќе има што да им раскажуваме
4ти скок е ужас, и нема упат. Тоа ти е почеток на ужасите, хахахах. Некое мало подобрување можеби, повеќе гушкање, хранење, и сл. Друго тешко да е од помош.
Од денес "големиот" влезен во 10ти и последен скок (вчера прооде). Малиот во трет скок во громчето. Тука сум само да ве утешам дека од вашето тешко има бетер. На мене мислат коа викаат "ќути, може и полошо"
Не е во скок, ама бетер од скок е ова. Досега скоковите не ги поминавме толку лошо ама последнава недела е . Тука пишува 29-30та, но нас изгледа не фати од 27ма. Не смееш погледот да го тргеш од него, а не да го оставиш сам. Досега си лежеше мирен со некое играче, ќе појдев во вц, ќе сработев нешто ама оваа недела .
Girls здраво, може ли да замолам некој да ми пресмета за скоковите (термин 9 Декември 2023 роден 22 Дек.) јас не верував многу многу алиииии, 5+ сме војуваме навечер до 4 ++ супер си спиеше сега се буди сигурно по 5 пати, дење цело време сака во раце и пак кенка фаза е знам душички се ке помине се
Нема инфо затоа што не гледам на апликација туку на wonderweeks.com а за времетраење еве по ова можеш да се ориентираш, доста членки имаат коментирано дека им се поклопува
Мајки Колку време трае 4 скок? Веќе 2 недели не спие само плачи се само во раце сака да е,во раце спие а кога ќе ја оставам во креветче додека сс свртам и толку пак плачки,на 16.01 се породив а на 22 ми беше терминот
Богами трае...кај нас поврзан 4 ти со 5 ти скок, 5 испадна бетер од 4. Од 4++ сега сме 5++ се горе што кажа плус будење ноќе кога на саат кога на два. Мора да се издржи
Да и навечер и после 5ч сабајле кога ќе стани никако не презаспива одвај во 9или 10ч Ќе издржиме мора
Мојот станува исто 5:20 али презаспива али затоа пак се буди накај 6:20 пак презаспива и финално се буди накај 7:10 тоа е, ке им помине кога тогаш
Majki dali ima nekoj skok sega bebe rodeno 07.12.23, a termin kraen bese 16.12. Vaka okej e so dremki ama so pienje mleko mi namali edvaj 150 ml ad pie na 4, 5 saati
5ти скок е и кај нас е исто. Мака мачиме со пиење млеко. Јас се плашев од 4тиот од се што имав прочитано, ама 5тиов е ужас.