Nie 4tiot super go pominavme , cel den nemase dremka ama pa se nauci da spie od 20.00 do 08.00 so edno stanuvanje za mleko
А како ги рачунате неделите? Не се совпаѓа бројот на недели со бројот на месеци ради различна бројка на денови. Пример она е родена на 17.04 термин и беше 26.04 На 17 јуни ќе биде два месеци, а деветта недела. И дали да гледам скокови по термин или по раѓање? Некако чудно ми е ова.
Немаше проблем со дремките и со вечерното спиење кај нас, ама беше поплачлив и покенкав, како и во секој скок. Ама во 5тиов се му е насобрано, сака да лази, го крева газот, не може да тргне, нормално уште е мал и почнува да плаче. Го мачат непцата, рачињата му се цело време во раце, фати топло.. Ама ќе издржиме.
Дали 7 ми месец има некаков скок во развој? Спиењето навечер му е скроз изреметено, само во раце сака да спие.
Девојки како се рачунаат овие скоковите од датум на раѓање или краен термин? Бебко е 3 недели и 5 дена, роден 10.05 а краен термин 21.05. Не знам дали сме во тој првиот скок, денес некако многу е кенкав и никако да завлече убаво, само во лесен сон и по 10 мин се буди а му се спие..
Здраво мајки. Малиот оваа сабота прај 15 недели. Роден е на 02.03 а краен термин беше 12.03. Е сега да ве прашам дали фаќаме некој скок бидејќи почна да не спие како порано, ноќта станува почесто,плачлив е кенка. Денски дремнува 2-3 пати по 15-20 мин и толку. Некогаш одбива и да јади, или па не го допива млекото. Совет?
Според dr Goodnight табелата 4ти скок трае месец дена па и повеќе? Каде ли ќе ми биде крајот, толку слабо јаде што мислам нема воопшто да напредне за цел месец
Моето и твоето бебе се скроз исти што ти ги читам мислењата. Ние сме родени.на 11 мај и денес е многу кенкав
Здраво мајки 15 месеци сме дали има скок во развој сега малата несака со ништо да се заигра неможам да ја седнам, ноќно време се буди седиме а преку ден по еднаш спие само.
Исто сме и ние 03.03 е родена. Мислам дека е скок, одбива да цица спие многу малку и цело време плаче. Нека заврше што побрзо не се издржува ова.
Пишува да наместиш според Due date. Симни си ја апликацијата The Wonder Weeks, убаво се објаснети сите скокови и ќе си пратиш ориентационо за твоето бебе. Нешто ситно се плаќа.
Може ли некој да ми израчуна дали искочивме од 5 скок или уште сме во него? Не знам дали е кенкава од забите или комбо скок+заби имаме Родена 29.11 краен термин 5.12
Здраво мајки Дали може да ми кажете кој скок сме 4 или 5 ме збудали веќе цела недела се бориме за да пие млеко дали е од скок Родена на 16.01.2024 Краен термин 22.01 И ако сме 5 скок што уште да очекувам и колку недели трае
5ти скок, 4 недели трае. Нема нешто посебно и различно за секој скок. Тие се знаците - одбива да спие - одбива да цица или сака почесто - кенка - сака во раце - плаче од нови луѓе - плаче кога ќе го оставиш ти или ако не те гледа (ова е ново сега почнуваат да сфаќаат дека сте 2 личности па ако те снема заплакува.) Во овој скок учи за поврзани дејствија, ако пушти играчка - таа паѓа, прави звук. Дека некои работи може да влезат во други, да стојат до,над други и сл.
Дали 7 месеце има некаков скок? Спиењето скроз му е пореметено претходно навечер спиеше во креветче и еднаш до два пати стануваше за цицање о одма презаспиваше, сега сњ буди на секој сат и сака в раце да спие. Денски исто пореметено му е спиењето и тогаш во раце а претходно си спиеше во крееветче по сат и пол до два една дремка. Навистина не знам шо му е скоро месец дена е таков.
Хелп! Бебе има полни 6 недели денес, веќе неколку денови наназад е прекенкава, има проблеми со спиењето ( многу тешко заспива и најмногу сака да спие во раце), а сега последните 2-3 дена не сака ни да јаде. Со спиењето реално не ми беше толку проблем, ќе ја нишкам ако треба цел ден, ама полудувам што не јаде Кога и да фати да цица или цица макс 5 минути, или почнува да цица и после 1 минута вришти сака да се тргне од града. Некогаш дури и само да ја спуштам за да цица знае дека за тоа ја спуштам и плаче уште пред да почнеме. И давам и 1 до 2 дохрани, со шише кога и се дава е полесно, веќе ми доаѓа да преминам целосно на адаптирано дека тоа го пие многу полесно, само за да знам дека е бебето најадено. Дали станува збор за прв скок во развојот и дали некоја ги имала сличниве симптоми? Ја имам и апликацијата, ама според апликација во прв скок бебињата бараат утеха во цицањето и цицаат дури и почесто од потребното, а кај нас е баш спротивното
Ако е во скок може и да сака да јаде повеќе а и да одбива да јаде. Ако според апп сте во скок тогаш многу е веројатно да е до тоа. Или можеби бебе се лути зошто не му тече млеко веднаш како од шише.