Не сме во скок ни сега ни кога ќе бидиме на одмор што е супер. Сега уште со забите да видиме како ќе поминиме. 2 засега се никнати, арно досега.
Мајки 9та недела сме откако бебе е родено а 8ма според термин. Бебе до претходна недела си спиеше на меше сега ја ставам и се буди после 20мин се црти цело време, ја крева главата, ја вади цуцлата и става раче. Кога ќе и ја вратам цуцлата се смирува ама краткотрајно е тоа после пак истото. Можно е да е до скокот? Ја земам на мене да спие преку ноќ пошто незнам како да ја наместам да спие сама. На грб нејќе, не замижува
Majkij ve molam nekoj da mi kaze dali sme vo skok bebe rodeno 07.12.23 znaci mn e nervozen a spored tabelata na goodnight mi pokazuva deka ne e vo skok
Не е скок,може вади заби. Моето е исто, вади некои тантруми на неполни 7месеци се треска од земја вриска плаче зајдува, ржи, мава со нозе..
Можно ли е да е скок? Син ми утре полни 5 недели. До пред некој ден си спиеше ноќе по 3 саати, ќе јаде, менувам пелена и продолжува. Денски исто си спиеше. Сега едвај заспива. Има и гасови, плаче, ама се смирува откако ќе се олесни. Но, почесто сака да јаде, некогаш не испива, плука, некогаш не му стига, па правам уште малце. Во раце кај мене заспива, кога го ставам во кревет се буди одма, почнува да рита со нозе, раце, се врти целиот, не сака да е покриен. Оваа ноќ дали по 1 саат успеа да поспие без будење.
Да се пријавам за речиси завршен четврт скок Влегуваме во 19-та недела, почна понормално да јаде и да преспива И најважно, не се одби од цицање туку формулата ја намали
Конечно го завршуваме и ние 4ти скок, некако на почетокот кога влеговме во него не го осетиме, ама последните 2 недели ни направи најмногу проблем со спиењето посебно навечер будење на секој 30мин до 1ч , жива не настана и јас ама и таа и се спие а неможе да спие. Но научи и многу нови работи , испушта звуци повеќе , си збори нешто на нејзин јазик и еве денес се сврте од грбче на стомак , додека да фрлам памперс како беше распоблечена ,ќ кога се вратив ја затекнав баш како се врти , телефонот ми беше при рака па направивме и фотки , мајка пресреќна иако ненаспана
Спиењето сега е подобро денски и вечер? Ние излеговме од скокот ама пак исти кратки дремки, често се буди вечер... Или е регрес сега за недела и пол 5ти скок?
Не сме у скок според апликацијата, сношти едвај заспа три саати беше буден.. После стана кај 2 и пол до 4 не знам колку пати го заспивав, у 4 и пол стана врескајќи. . Регрес ли е или нешто друго?
Фала многу. Е сега како треба да се однесувам? Пример она навечер се буди на секој саат ипол два и никако не можам да ја смирам да ја презаспијам освен со цицка. Преку ден можам да ја залажам да ја презаспијам без да јаде ама многу лесно спие, плаче во сон и мора да ја занишкам. Кога е будна е весела како и пред тоа. Значи проблем имаме со спиењето само. Не ми е тешко да ја нишкам да ја држам во раце да и пеам, се тоа е нормално и ќе помине, само ме плаши д ане се научи цело време да бара цицка за спиење. Оти ако се најчи така после не ќе може да ја оставам на никој. Или и тоа ќе се смени?
За жал тогаш е и регресија во сон, пази на прозори на будност, денски нека се изморува на подлога играјте ја. Ќе помине, моево има исто периоди кога се смирува само на града после си тера пак убаво, не се секирај
Дали бебето е во скок, најјак досега? Може ли некој ве молам да провери? 18.09.2023, премногу е раздразлив, премногу нервозен, се буди навечер, иако генерално спие без проблем, одбива млеко, неуморен, психички не мрдна по дома. Ништо не го смирува ништо не го радува.
6ti skok, ne ima? poslednive 2-3 dena e nevideno nervozen bebus, posebno popladne nisto ne go smiruva, navecer ke zaspie pa se budi posle saat-dva pa place neutesno okolu pola saat duri prizaspie... iskustva? da ne e regresija nekoja? bebe 7 i pol meseci