15 недели има детево, три/четири дена е сменет во смисла дремнува по 25/35 минути. Запазувам прозор на будност и така поминуваме некско.. the wonder weeks ми бсра да се претплатам бидејќи два/три пати имав отворено да проверам и сеа не ми дава.. Скокови се сметале по дата на термин за пораѓај, моево ги доживува според дата на раѓање ..
Мајки, бебац без проблем заспиваше сам. 4 месеци е и е во 4ти скок, преку ден заспива сам но последните неколку ноќи се смени, кога ќе дојде време за ноќно заспивање почнува да плаче (рика), не се смирува саат време. Ќе се измори и заспива во раце. Секогаш си заспиваше сам во креветче со цуцла. До скокот ли е?
100% е скокот. Само продолжи да пазиш прозор на будност и ритуалите пред спиење за да помините лесно.
Здраво 7 скок, џабе го будеше детето у 4 сабајле оваа мајка е истренирана од првото дека игнор е пола здравје
Мајки ние сме 8 месеци дали има некоја регресија сега или само сме во 6 скок? Денски спие по 1ч 3 пати никако не можеме да преминеме на 2 дремки,преку ден се е супер со спиење прва дремка 1ч 2 дремка 1и пол и 3 дремка околу 45мин,но навечер се маките заспива лесно но се буди често и не се смирува лесно,секој совет ми е добредојден.Ми викаа многу дремки се многу сати преку ден и вчера ја оставив само 2 пати да спие по 1ч ни тоа не помогна уште полошо си направив.
Здраво на сите, бебето има 4 месеци, вчера и денеска има големи промени, пред да заспие многу плаче, едвај се смирува, одбива да јаде, сака само во раце и да се гали, а и цело време рачињата насилно ги става во устата, сите играчиња дирекно ги носи во уста и се трие со нив. Почнува процес на никнување заб или е во скок на развој?
Истото го поминувам и јас моментално. Дури заоѓа пред спиење и ми треба саат два дур го заспијам. Вака по однесување што става све во уста и плаче како да го боли нешто се сомневам дека е забче, ама незнам
Исто, исто ќе се изнаплаче па заспива едвај и многу лесно почна да спие од најмал жум се разбудува. А кај мене во устето од десна страна заприметувам како побелено кругче на непцето и со јазичето само го допира.. Не знам како треба да изгледа непцето пред да вади заб, кај белото малце како да е набобрено, не знам дали да ја носам на педијатар или да почекам некој ден
Моето има 4 месеци и 2 дена, кажете ми за да проба сокче од јаболче рано ли е ? Гледам има за од 4 месеци. Мислев да му дадам две три лажички прво сокче да проба па од 5ти месец со кашички да пробам. Кажете мислење
Јас на моето не би му дала, ние сеуште сме само на доење иако педијатар ни рече да почнеме со пробување вкусови, сепак мислам додека можеме да тераме само со цицање, здравје после 5 планирам да почнеме со вкусови,ама прво со домашни кашички. Но сепак секој си знае за своето дете како е најдобро.
Majki dali moze nekoj da mi kaze dali sme vo skok pojma nemam da izracunam 07.12.23 e roden i ako ne ve mrzi da mi objasnite kako da racunam
Да и јас исто мислам ама има 7 ипол кила и незнам дали му е доволно само млеко, многу често бара и после гасови има... често се буди и гладно е вака дури ја гризе цуцлата па незнам што да правам
На 4 мес не ти се буди често зашто е гладно туку зашто е во 4ти скок. Сок не се давс до 1 година, не најадува секако. Евентуално зголеми му милилитража на млеко, па види како ќе е
Не се дојаснив мислев на кашичка да му дадам исто и на педијатар ми рекоа да почнам ама на два ума сум
Јас пред 5 не би почнала вкусови. На 4 месеци им е најголемиот скок, се им се пореметува, спиење, јадење, однесување. Не би додала храна во тој хаос.