На таа возраст треба само да го заспиваш на час. Пример станува во 12 и по еден сат одиш го заспиваш. Колку дремни толку, после пак иста песна. Веќе кај 21 часот треба да му почни ноќното спиење, в креветче кај што си спие проследено со сите салтанати (предтоа капење, пресоблекување, јадење и в кревет, обсвезно white noise при секое заспивање)
Da ne ve izbediram, ama ja si vikam bolje da znaev i da bev spremna nego li vaka.... site go zborea 4ti skok, regresija, strasno pa go cekav edvaj toj da pomine ama nikoj ne spomnuvase za 5tiov skok, mnogu polos ke recev aj samo nas taka ni se pogodi ama tri drugarki imam sto se so istiot problem vo 5tiov skok... so lesno
Зависи од детето. Ќерката беше родена 1 недела пред термин, по датум на раѓање и беа. Синот е роден скоро 3 недели пред термин, по термин му се скоковите.
Јас сум породена 11 дена пред термин .. незнам како да рачунам а гледан некако скоковиве се како по термин на раѓање
Od 22 nedela pocnavme i si terame eve veke skoro 4 nedeli so placenje i borbi pri oblekuvanje bilo sto, gol saka da sedi , mn pocesto saka vo race, bilo koja zanimacija ni trae max 10tina minuti pri sto cesto nema kenkanje za da nagovesti deka mu zdosadilo tuku odma place so zavivanje, mi skoka dremki nekogas ne saka da zaspie duri ni na shetanje sto nikogas ne bese problem predhodno, mn e potezok za uspivanje, od sekoja dremka se budi so placenje i najgolem problem ni e spienjeto. Regresijata vo 4ti mesec bese shala za ova sega. Od vtor mesec uste detevo si svrzuvase od kaj 22h do 5-6h sabajle bez da se budi voopsto a vo ekot na skokov imav moment 3 nokji po red da se budi na sekoi 5-10-15 min - max 30 min so placenje i edvaj se smiruvase, na glava samo uste sto ne se prevrtev za da mu najdam udobna poza vo race i da prestane da se bori so mene da se smiri dnevnite dremki isti mu bea a i preku den bese celo vreme kenkav i samo vo race sakase. Srekja samo 3-4 dena traese toj horor (za mene barem... drugarkive dvete im traese nedela+ nespienjevo ) a i veke iskacame od skokov, sea sme svedeni na budenje 1-2 pati za cicanje i odma prezaspiva (najcesto) a ostanatite "simptomi" si gi ima uste ama ublazeni se. Aaa zaboraviv i plus na ova zabcinjata ne cesaat... ... Moj sovet vi e shetanje nadvor kolku sto mozete povekje, neka jade spie sve nadvor (bagabontov moj barem edino na shetanje sedese miren i zadovolen) i potsetuvajte si se celo vreme deka ova e samo prolazno
Има ли некој скок во развој утре прават 6м близначкиве и од вчера непрестануваат да плачат де едната де другата. Инаку не се воопшто плачливи бебиња сега само надвор кога сме спијат.
Значи хорор ми е веќе 4ти скок , по раѓање е 17+3 а по термин 18+1 недела. Никако не се смирува ни кај мене ( не сака баш многу кај мене ) , ни играчките не ги фаќа убаво ( не ја интересираат мн, ни на меше нема шанса да седи ) само во раце да е , цуцла е цело време ( тоа ја смирува, и кога доаѓаат моите, тета тетин и мм се смее , се радува а со мене не баш слабо а по цел ден сум со неа Со синко немав ваков проблем, се смируваше кај мене итн ама сега со ќерката... незнам кај ми е крајот Дали ќе се смени воопшто??
Секое бебе прича о себи, да не те разочарувам ама син ми после 4ти скок не се врати на рутината што ја имаше пред скокот.
Исто. Вежбаме овие денови, на меше никако, дали 2 мин. Почнува со дерење, плачење. На музичка подлога сака, ама играчките кога ги фаќа, кога само гледа, ама затоа раце во уста нон стоп и плунка само надвор ја вади, како да му смета. Еве, сега си леже, се замислил, ни играчки ни ништо. Во раце супер кога шетаме, само што го ставам на подлога или во количка, плаче. Се бунтува и на хранење, шишето де го бутка, де си игра со цуцлата, не влече. Утеха ми е барем навечер спие, станува на 2-3 саата пак, ама сменам пелена, млеко дадам и одма заспива.
Леле исто скроз , вчера нарачав водена па ќе видиме... а каква музичка подлога имаш, може слика? Рацете цело време во уста ама и моите ги влечка... сакам да ја шетам цел ден ама да не ја настинам. Незнам ни со какво палтенце а знам најубаво е со скафандер тој плишан.
И ние вчера земавме водена од Лотус Струмица, да ја наполнеме, па ќе видеме. Еве ваква, од Пики бебе Струмица, праќаат по карго, ги има на фб.
Супер и ние таква имаме, не ја сака ццц... Се успа денес нешто многу, стана во 6 ама и дадов да цица и си продолжи до 10, па беше будна и кенкава до 12 и заспа, и еве се разбуди и си спие уште .. Да стане па ќе ја спремам надвор да ја изнесам во кенгур
Па не дека нешто и мојот ја сака, ама почна овие денови да пружа раце по играчките, кога е лут толку јако мава што и клавирчето го откачува. Ете, денес не сака и крај. Кенгур не пробав јас, така во раце го носам и шетам. Од вчера само вика, кенка, такви звуци на нервоза испушта... 17 недела почнува од денес. Докај 19 мислам траел.
Zdravo mamicki. Kako da gi sledam denovite za skok vo razvoj kaj predvreme rodeno bebe(7mesec) ? Dali od datumot koga e roden ili pak od terminot? Bidejkji pedijatrite na eden nacin go vodat za rastot po terminot koga trebase da se rodi? Ve molam za sovet