Ај да прашам и тука. Бебчево за една недела ќе прави 4 месеци. Еднаш се случи во вторникот и денес повторно се случи додека маж ми го ранеше. Одеднаш без никава причина почнува да вришти ама на најјако, првпат го слушам толку гласно да плаче. Одвај го смиривме. Дали е ова скок или да се секирам дека му е нешто? Ама вриштење ушните тапнчиња мислам ме болеа. Плачеше ко да се удрил. Првиот пат се разбудил од спиење и така плачел. Вака е прилично мирно бебе, дури и за јадење не плаче. Ноќе ќе се разбуди и си претка ама не плаче. Јас бев тука присутна додека заплака толку, баш си зборевме со маж ми. Дефинитивно не е дека мене ме бара. Плус он го рани навечер, многу го сака, дури и на него повеќе му се смее од мене.
Ваљда му почнува 4ти скок. Види како ќе му е расположение деновиве, јадење, спиење, ако е се изреметено, тоа е.
Хаос, општ хаос. Плачки за се', за јадење, за пиење, за спиење, толку не плачеше како новороденче. Се исправа секаде и само викам не и денес лази и се исправа и слушам "нененене'' ама само повторува и пак тера нејзиното. Вие како?
Исто исто Вчера прв пат удри главче на потврдо се изнаплака паѓа на сите страни, стои на гарнитура, стои во игрална, на цицање смешен е дека си збори нешто на јапонски, ама научи за " не тоа какано е " прави гримаса и го фрла колку што е тешко толку е и убаво. За спиење, на 51мин цела ноќ стануваме со плачки
@Nataliii Хаха весело Плачки за ништо, ако не е по негово цела зграда ќе не разберПлачки на сред ноќ едвај го смирувам. Па и комбинација со забите.... инаку кога го ставам во хранилка или количка толку се расплакува до зајдување, цркање, претање јас не знам. Со јадењето послабо ќе ја стегне устата и нема шанси, со млекото исто ќе голтне неколку голтки и веднаш тој да лази да врви некаде и така се бркаме да испие барем пола шишенце млеко. И да исто исправање секаде паѓање на глава, плачки, лазење каде што не треба, се мислам да земам од тие заградените игрални дали и колку ќе ми вршат работа не знам.
Многу се интересни ама и многу брзо растат, имам мало човече дома и шо вика мм абе вика види ја се расправа ако не е по нејзино. Ќе се удри малку плачки и пак истото, сега сака со една рака да се исправа ама во другата обавезно играчка да има За јадењето веќе не ми се ни зборува, уста не отвора. Од тие игралните имаме и седи внатре 5 мин. Значи ја оставам во секундата се врти, станува оди еден круг со држење и почнува врискањето да ја извадиш и да оди да се исправа на комода, столовите ги влечи со една рака, се пика под маса, мала маса веќе немаме во дневна
Ххааха ме насмеа за масата и ние исто ја извадивме и комодата под телевизорот цела соба е игрална постелена со подлоги, но тој оди таму каде што не е постелено, да чепка по штекови, кабли
Ние имаме игрална меѓу тв и гарнитура, клуб масите одамна ни се спакувани Омилена поза за стоење му е спајдермен. И после изморен плеснува на фаца @BoNaNa123 врши работа ако седиш со него внатре хахахахах Мм сабајле ми се снимал ко што е 2 метри ја фатил цела и бебево се прекачува преку нозете уште поинтересно му било ама нема кај да се сврти. А сам нема шанси одма се беси на оградата о чека да го земеш застанат Ќе ни брка работа за 2 години кога ќе сакаме раат да испиеме кафе, децата надвор ние внатре легнати
Mamichki dali skokovite gi rachunate od datumot koga trebalo da se rodi bebeto ili od datumot koga e rodeno?
Според термин малиот е во трет скок. Скоковите кај него се со голема поспаност и намалено јадење. Педијатарот ми вика дека е во ред и да бидам среќна што е вака. Дали има некоја вакво искуство, дали се сменило како растело бебето?
Nejkam da te obezhrabram ama jas mislam deka e podobro da si spremna so vreme ... Nie prvite tri skoka ne gi osetivme voopsto, dojde cetvrtiot i aj site go zborea toj uzasen cetvrti skok, znaev od prilika sto da ocekuvam i da, bese uzasen.... i posle ne udri petiot...... cetvrtiot bese bajce za nego detevo skroz se smeni i normalno neli raste se razviva ke menuva, ama najveke si zalam po spienjeto sto do 4ti skok mi spiese od 22h do 5 sabajle bez budenje a sega se budi po 2-4 pati vo nokjta Ti posakuvam stvarno da ne gi osetite i ostanatite i da bide mirno bebule, ama bidi si ti psihicki spremna za sekoj slucaj
И кај нас се смени многу од трет скок, не дека ни привите не ги осетивме, ама за време на и после третиот сѐ се изремети. Заспиваше веднаш после последното млекце и спиеше сигурно 6,5-7 саати без прекин. Сега едвај се успиваме, се буди навечер, после хранењето во текот на ноќта заспива, ама се буди после саат ипол-два.
Imate sreka, ke recam. Moeto e 11.5 meseci, od koga e roden e vo skok. Prozorci na budnost zapazeni, animirano, 3 obroci, redovno cica, prosetano, kapeno, navreme legnato......i sekoja vecer od raganje kemka na pola saat, ne moze da vrze ciklusi, samo kreni-spusti pravam, skrenav po 15tina pati sigurno noke....HELP
Не сакав да се жалам, ама не си единствена. Ај за ноќе, не дека сум спиена, ама се освежувам со прво кафе некако, за да можам да функционирам. Ама преку ден сме хаос. Какви прозорци на будност, ова не спие, па не спие преку ден. И кога успевам едвај да го заспијам, па спие 10-20 мин макс, се буди свеж, одморен. Никој не може да ме убеди дека сите бебиња по ист терк треба да тераат. Внук ми помалиот беше ист, сега има 5 години, не застанува, ден-денешен сите ќе ги заспие, он буден. Иако оди на градинка отсабајле. Едноставно некои имаат повеќе енергија и можат со помалку сон. Друго објаснување немам.
Во прв скок сме, можно е бебе од тоа да е поспано? До душа уште од прв ден спанка си беше, ама еве два дена веќе повеќе спие и мора да ја будам за цицање преку ден, ако ја оставам и 4-5 саати знае да сврзе сама.
Дали 4ти скок значи рикање и заоѓање без солзи зошто му се спие, а не може да заспие? Штом го легнам заоѓа, во раце вика. Заспа со тропање тропалки, светлечка лампа во 100 бои и едвај цуце во уста..ни во количка сакаше да се вози, ни цртани, ни играчки, ни цице... Плус, овие 2 дена наместо на 2, цица на 3 часа ..
Заспивањето беше најголем проблем, од бебе кое само заспиваше, во 4ти скок имав бебе кое заспива само во раце со шетање низ соба. Грбот ми го уништи и од тогаш си имам мака. Сега е во петти скок и имав среќа што се врати во нормала, денски заспива во количка а навечер сам во креветче. Се надевам нема да го подречам со ова што го пишав, обично а ќе го пофалам се менува.