Па да, веројатно е од скокот. За време на скокот бебенцата се пораздразливи, повеќе плачат од вообичаено, потешко заспиваат и пократко спијат, се будат со плачење, сакаат повеќе да бидат во раце (само така се смируваат)..
Falati, iskreno mene samo na toa me asocira ama ne sum sigurna bidekji sepak e vtor i ocekuvav da ne bide tolku izrazeno.
И ние сме во 4 скок…. ужас Пратам прозорец на будност, секое заспивање е со плачење до зајдување, цица само кога е полу успана.. Враце кај мене да ја нишкам, да и пеам и со цуцла во устата се смирува и моментот кога ги затвора очињата ја тргам цуцлата и давам цице (само така ми успева) Па сега и вакцина доаѓа
5ти скок околу 6 мес беше? Бебе имаше термин 28.06, роден е скоро 3 недели порано, од бебе цела ноќ што спие, со едно млеко, синоќа од 9 ипол до 2 не можеше да зацврсти сон. Лази со фацата во душек пикната, мава главче во даска, пее... Исто преку ден едвај го успивав, вртев кругови по улици да поспие.
Nas ni zavrsi 5ti skok i uste saka da zaspiva so vozenje vo hranilka...mislev deka e period ama ne bilo
Охоо значи од 26 недела е а јас па мислев дека е помалку Мојата е сега во петок 24 недела а по термин е 25 Сменета е скроз, ќе видиме не знам Приметувам навечер штом ме нема се буди, и додека се игра истооо а дали ќе плаче по мене не знам....
Ете ти тоа му било на синко, пее ли пее во 2 сабајле. И се дере во вц коа одам, ко на 6км да сум, баш тоа е скоков сега читам. Хахахахах сигурно не ти е смешно на тебе ама ме наспеа со хранилкава. Другарка имаше врзано чаршав под маса и така како лулка и беше и ја заспиваше ама во хранилка не сум чула до сега
Hahaha na mm mu tekna sednuvame na stolce i so race ili noze ja dvizime napred nazad Kako be carsav pod masa? A bebeto gore na masa?
Хахах башш и мојата вришти до вц ццц или ако ме снема од соба А веќе се наведнува да ја земеме Ќе видиме што не чека
Крева газот за лазење, а не може да лази, не му се ојачани уште рацете и се нервира. Па ќе почне аааааааа се дере ко да го колеш. Пелена мењање шанса нема од вчера дерење ненормално, нејќе на грб, на стомак се врти ми бега по спална. Ама сум му ја нашла финтата кафе да пијам. Во хранилка врзан лажица една во рака, он глода, ја кафе си пијам.
4+ сме, дали после скокот ви се вратија во нормала спиењето и ноќните подои? Од бебе што предремуваше денски барем 2 пати по пола саат, ноќе спиеше со само 1 подој од 8 до 8 - сега неколку дена денски око не склопува, навечер иако заспиваме 8ипол 9, станува на саатипол, 2 да цица.. преморена и ненаспана сум целосно од ноќиве..денски исто цица на 2ч, ама тоа од крај така и не ми е тешко Педијатаров советува демек откажи ги ноќните подои, кога ќе стане гали гушкај ќе презаспие, еднаш пробав и така јако се распиште... Не можам ни да вежбаме откажување ноќе бидејќи бебе активно цица секој подој ( влече, голта, градиве се празнат ) не е дека спие на цице
Во поглед на ноќно спиење не се врати, сврзуваше пред скок по 6ч сега пие млеко на 3ч. Во нормала се врати начинот на заспивање, за време на скок во раце заспиваше, сега денски во количка а навечер во креветче.
Moevo ne se vrati a veke 7ipol meseci ima. Od bebe sto zaspivase vo 10 i do 5-6 sabajle spiese bez budenje sega po 3-5 pati vo nokj mi stanuva i sekoj pat bara cice, place vristi ako ne mu dadam, i jas se obiduvam da go odviknam od cicanje navecer pogotovo deka za mesec ipol ke moram na rabota da se vratam ama nekako tesko ni odi Za ostanatite raboti duri i se podobri, si igra sam, dnevnite dremki, ne place ne bara da e celo vreme vo race, polesno zapsivame, ama spienjeto navecer ni e haos....
11+ Не. Не е скокот и регресијата, цицањето е. Тоа е помири се до откажување тешко да скратиш ноќни подои. Вадеље заби, лазење, одење сè што следи цицалчиња бараар утеха во цице. Еве скоро 2м на работа сум некако почна сега да намалува будење (на 1.5ч фиксно цицаше ноќе) па некако додадов маалце ад шише па станува на 3 4 4 6ч зависи кога како. Ама се навикнуваш на новото и тоа е тоа.
Мислам дека сме блиску многу со датумите на раѓање. Скокот почнува од средина на 22 недела и трае до средина на 26 недела. Едвај мењаме и ние пелена, на грб лежење никако, пијам кафе само во хранилка (сега неколку дена од кога ни дозволија на 45° да седиме предходно во релаксатор) со пиштен тв и маша и медо две цртанчиња по 6мин. иначе кафе нема. Навечер да ти е страв да спиеш ја ставаш да спое хоризонтално ја наоѓаш вертикачно, свртена обратно (глава кај што биле нозе и нозете кај што била главата), свртена на стомак (знае да заплаче така или прокенка ама денес кога видов дека спие така крв ми се заледи зашто незнаеме уште од меше на грб да се вртиме), заспиваме со лажлива стави вади од уста правиме па мора да држам раце 1-2мин. за да се смири, вика аааа на цел глас додека се успиваме, во вц по можност ако може со мене да иде супер би било иначе рика како да е оставено само 992929 часа. Што ќе биде ова незнам башка заби не мачат.. исфрлана брада лом, се е во уста нарочито се што е потврдо, ме гризе мене нарочито сака прст свиткан и да гризе, имаме две дупчиња горе на непцето, тегнеже увце, и 1ден ни течеше носот како вода еве од тој ден веќе 3 дена ништо нема носот. Лудило веќе