Влезе во 5ти скок полудувам а кај се уште 4 недели ви зголемиле прозори на будност овој период? Незнам како да се понашам ако го заспивам се дере, ако го оставам пак се дере да го занимавам да не му помини времето за дремка па да се бориме до сабајле..
Добредојде во 5ти скок. Моево на заспивање ми плаче и ме тепа, гребе, штипе . Баткото нејќе да спие ама јас сум упорна и се предава . Знае да се разбуди и да плаче. Се нешто не му чини и кенка.
Лелее абе морам да шетам по соба за да цица, ама пошо не му иди одма млеко се нервира се витка на назад ми е страв ќе ми падне од раце тежок е машала 8+ кила е не се додржува, а со тепачките уште не сме почнале Упорна сум и јас, финта најдов му го давам ќебето да го гушка а јас го нишкам, уште тоа ми фалеше да го влечкам по соба ама ај шо да се прај
А јас не го нишкам. Го заспивам легнат на кревет и јас легнувам до него. Го чешкам по веѓи и измеѓу. И мора стриктно да сум легната од негова лева страна. Уште да го нишкам во раце фали И моево не јаде и е на АД, живците си ги искинав. Беше болен плус деновиве.. ова со нејадењето нз дали е од тоа, од заби или од скокот.
Блазе си ти таков беше големиот, ова ако го легнам ќе се одери од плачење за цицање цица, почнавме со вкусови и тоа си јади, твоето заби го мачат можи..
Дали има некој скок во 8 недела? Од вчера многу тешко заспива, скоро воопшто и не спие, пред јадење, после јадење плаче, ни нишање не помага, ни музика, ни светло ни темно. Како ги поминувате овие моменти?
Да, и тоа е, има грчеви од претходно, само овие два дена особено е истакнато, па се мислам како да се справам до нештото. Иначе давам нурсе сируп, но не гледам разлика во тоа пред да давам.
Незнам точно колку пати смееше во денот, јас давав три пати по една пипета пред цицање, и одма видов разлика уште од првиот пат ко му дадов, скоро и да немаше грчеви.
Имам од сирупот нурсе уште за вечерва, па се мислам од утре и инфаколик да ги пробам, или да направам пауза еден ден
Бебе е скоро 4 месеци, за неколку дена. Мислам дека влегува во 4 скок во развој, или сеуште е рано? Одбива да спие преку денот, не сака ни враце, плачи кога ќе пробам да го заспијам, едвај и шишето со млеко го фаќа, како да се нервира. Го шетам низ цела куќа да го смирам па да го заспијам. И спие едвај 20 мин. И тие 20 мин над него стојам го нишкам
Скок е трае 4 недели и регресија во спиењето моево тој месец спиеше само во раце кај мене, ако го остаев одма се будеше, од како заврши скокот си продолжи по старо да си спие.
Вчера вечер секој час се будеше Сега го легнав во количката и пак го нишкам за да поспие барем малку. Не ме остава 5 минути, само кај мене сака враце. Се надевам смирено и што побрзо да го поминам овој период хахаха
И мојава е влезена во 4ту скок. Се буди на пола саат. Полудена сум Читав дека додека не научи сама да заспива нема да и пројде фазата, и сега се плашам дека она заспива само во раце. Се мислам дали да почнам со некакво тренирање на спиење сега додека е во скокот или да почекам (ама што фајде чекање ако не е фаза, туку треба да научи сама да заспива)
И мојот само во раце заспива, па после ако успеам да го спуштам во количка/креветче уште 15тина минути... Јас исто имам читано дека од четврт месец натаму треба да можат сами да заспиваат, ама мојов абер нема
Ах, арно да беше така, ама не е. И 5 скок е лош, се заспивавме со саати. Навечер ќе легнеме заедно, ќе заспие. Денски нема шанси, еве досега се успивавме, се буди, со глава лево десно, не може да заспие. Го земав во раце, спие, нема гајле. Ама, затоа јас ниту можам да дремнам, ниту по дома да фатам нешто. Ај, нека се наспие тој.