@srekice да те разбрав а ова ѓокава не сака во раце во легната положба рила плаче незнам зошто еве и денес не спие како што треба по пола саат или еден ај да речам и се буди и неќе да спие и будна не седи раат плаче незнае што сака дали да шета,цица, седи или да спие за цела ден три сати да речеш дека е спана
3ipol meseci sme... ima nekoj skok tuka? Celw nedela se utepa od kenkanje po cel den. Mize i kenka, nemoze da se uspie, se budi na saat dva navecer, preku den spie po pola saat. Nisto ne ka interesira ili se e samo za moment. Ne sakq da lezi samo vo race na visoko...
Влезе во седмиот малиот? Пет минути спие вкупно преку ден или само на празници? Како да ми е споен шестиот со седмиот мене демек кај сончевите денови е али заби ја спукаа И сега со кој залет да го фатам седмиот гледам и тој долго трае и одма по него осми почнува.
Од кога е 7миот скок? 41 недела сме ама воопшто не спие навечер, плаче хистерично, не спие мирно, плаче кога и се спие, а не дава да ја успиам, плаче за цицање, плаче на цицка.Хелпп
Оооо да,навелико го тераме седмиот скок Од утре е 43 недела,за 1 недела би требало да е она- НАЈЈАКОТО. Сега за сега,штознам па и не е толку страшно ,ама тек смо почели. Пауза од 6 до 7 скок имавме само 1 недела,да си знаеш Досега е добро,преку ден преспива два пати по пола саат,некогаш саат,зависи кога како. Навечер обично заспива околу 8,без големи маки,ноќе си се буди,ама не е толку страшно,цицнува и презаспива. Е ноќеска му менував пелена,па се рассони,па едвај заспа,па ако го ставев на спална се будеше,па мораше да ми спие во раце. Некако се наместив во полулегната положба,тој во раце на цице,се покривме и така сме спиеле цел саат. Обично по 6- 7 будења имаме преку ноќ. Ама тоа за мене не е ништо Засега,и преку ден не е лош,седам до него,тој се игра со играчки,можам и да му се скријам,па да одам до вц , дали е ова затишје пред бура,ќе видиме . Денеска излеговме демек играчка да купиме,кога почна да плаче,цела чаршија ечеше,а најаден,пресоблечен Дали дека му облеков јакничка и патики,ич неќе тоа да носи,патиките одма ги собува,дали дека се стемни,ноќе не сме шетале,обично денски шетаме,што му беше не знам. Тој вришти,пробав да го смирам,никако не бива,луѓе се вртат по нас ,3 мин до кола ми се видеа како вечност. Си дојдовме дома како ништо да не било. А јас НЕМАЈКА на денот излегов . Дали е поради скокот или си имаше некоја друга мака,не знам. Кој го има поминато 7 скок да ми каже што да очекувам? И да ме утеши,каков е во споредба со 6 скок? Се надевам не е толку страшен
Може уште сега да кажам за јадењето? На пола и здосадува па почнува да ми ја зима лажичката, да писка, да се тегне, морам да пуштам песнички за да го изеде. Во играењето 5мин си игра сама, иде бара цицка, цица па плаче кога ќе престане, па пак бара и морам да ја заиграм одма... Значи до скокот е... Да се спремам со нерви... Што ги изгубив пред време. Мене овој најмачен ми се гледа, ама ај да не брзам..
Се надевам вака и ќе ни помине Нема да се жалам За секоја промена ќе информирам навреме, а потајно се надевам дека после завршување на скоков,рефератот кој ќе го напишам ќе биде дека супер сме поминале
Дај боже! И да пишеш дека свртел и цела ноќ спие. И нејќе во раце. И јаде. И надвор е како сите нормални бебиња. И ти си одморена. И се ова да напишеш!
Мајки од наредна недела сме 12 недела , тоа знсчи влеваме во скок. Како се манифестира овој период да знам што ме очекува?
и јас тоа сакав да го прашам,денес сме во полна 11 та недела а влезени во 12,а веќе гледам некои шашаво промени но сакам да знам што треба да очекувам
реков ќе ја читам темава од почеток. За ваква апликација знам има а за книга? Знае ли некој каде може да се најде? Инаку според апликацијата ние сме 11ипол недела и до кај 12 ипол сме со громче е сега што се манифестира? Мислам ова според апп е 3 скок.
Јас ја нарачав книгата од ибеј. Со достава до мк се наоѓа. супер е книгата. Многу поопширна, со примери и искуства од други мајки и тотално се пронаѓав во нивните раскажувања и ми е голема утеха. Зашто реално многу пати сум се нашла во ситуација да си велам каде грешам или што му е на бебе. А уствари тоа си е нормален развој и на сите им се случувало