Има, 2 скок. Ауу, овој ми беше многу лош. Никако да заспие. Думкај, лулај по 40минути, ќе заспие и за пола саат буден. По цела ноќ...
Дали скок и регресија е едно исто? За тој 4тиот се спремав психички, ама гледајќи наназад, овој 5иот, wow. Од која до која недела трае? Јас мислев дека веќе помина, повесел е преку ден, ама спиењево... Ни дремки, ни навечер, милион пати станува, се буди со плачење како да сонува нешто, не знам веќе. Ако рачунам според термин сме 30та недела, би требало да е завршен, не? Рано е за 6ти? Од еден во друг си одиме, а баш читав дека меѓу 5 и 6 скок има месец ипол раaт. Apparently not.
Ова скоковиве кај нас блага веза немаат изгледа. Таман мислев заврши 5тиот скок, денес полна 26та недела од термин, тоа бетер станува. Навечер го заспивам и првите 2 саати се буди на секои 15 минути, полудев. Имаше еден ваков период пред 2 месеци некаде, еве сега пак. Вчера беше врв, не успеав да го презаспијам и остана буден до 12 часот. За денски дремки до сега не сме имале проблем, спие преку ден, ама навечер што му станува, еве не знам.
Исто, се тешев ајде уште малку ќе помине, ама ете 30та и се' полошо. Инаку секоја вечер се буди и е буден околу саат ипол два, и после продолжува исто на пола саат - саат да се буди. И кога ќе ми речат од страна, сигурно е гладно штом не спие
Велат дека скоковите се рачунаат според крајниот термин за пораѓај, не датата кога е родено бебето. Ама искрено, врска немам повеќе што е како е, ред се нема.
Од датата на термин до сега колку недели има. Еве линк за полесно https://www.inchcalculator.com/weeks-between-dates-calculator/
Исто. Моево ноќеска стана во 3 и седеше буден до 5 сабајле. Претходно ми се разбуди свеж во 22 часот ама презаспа со млеко. Обично легнува накај 17:30-18:00, се буди да јаде накај 2 часот и ќе презаспие до 5 сабајле кога се буди веќе скроз. Еве денес не знам како ќе ја поминеме ноќта.
Скоро 8 мес сме...се буди ноќеска и седи исто снпшти во 1 некни во 4 вп 5 различно и нр можам никалп да го презаспијам
Моево се буди околу 5 5ипол си прај муабет, си гуга. Сабајлево уште од 4 да незнам кај терам, си презаспа после еден саат ама јас ко отепана станав Дали ви цицаат/пијат млеко сега во скоков? Ова нејќи градиве ќе ми пукнат
Скокот помина кај нас . Иначе скоро цел 5ти скок многу малце јадеше. По 90мл најчесто.. сега еве почна и по 180 да пие некогаш.
Те разбирам. Мене ми се плачеше, плус почнавме тогаш и со вкусови. Па и се разболе. Ужас период... мило ми е што се врати барем на пиење млеко. За кашичките уште сме на гурање.
Ова само си вреска гладен си јади ќебиња и блузи а а го ставам на града или шишето да му го дадам плачи Цел ден се молиме, ми е страв ќе ми се намали млекото Ама ај се тешам уште нецели две недели е, добро е шо твоето си пие млеко барем
Не знам што совет да ти дадам освен да се одмолзуваш. Немам искуство со доење освен првиот месец кога беше неуспешно. Мислам дека ќе се врати пак млекото кога ќе почне да цица убаво. Природата си го прави своето. Ќе се врати со цицање не се секирај
Ништо то е се молзам полнам шишиња тој си мези по малце па си игра и еве дури сега пред спиење двете ги исцица скроз