Од денеа 9м дали е мпжно тоа што почнаа да одбиваат храна и пискаат како нешто са ги боли да е од скокот на 9 м ако го има?
Дали некој има искуство со 6ти скок? Според Dr. Goodnight почнува од 33та недела ама кај нас од 31ва гледам некои потешкотии со дневни дремки, будење со плачење навечер, пократко цица...
Мајки како се пресметуваат скоковите? Бебе родено 12.11. Се пресметува од термин или од датум на раѓање? Сега е 11та недела?
Значи до сега не сме осетиле некој скок. Амааааа последни денови од 19 та недела, тако наречен 4 ти скок, плус вчера вакцини, која дели хелекс ве молам? Ова не е моето дете. Ајде вчера и температура имаше, па ајде. Ама ова денеееес. Едвај пие млеко. Еден изиграва мајмун, друг дава, се обидува да даде шишето. Денски спие 3 пати и тоа како никогаш со сега. По скоро два саати. Ама ова навечер успивање…. Јас ова до сега не сум имала со неа. Се бориме како со лав за да заспие. Мојата реченица: Период е ќе помине!
4ти месец е првата регресија во спиење, повеќе на тоа ми личи од искуство на блиски. Еве нешто и од дргуднајт што имам зачувано
Нека трајната промена биде само заспивањето два часа покасно. Веќе и денските дремки и се променија( барем овие два дена). Спие 3 пати ама убаво спие. Не и е веќе она спиење по 20 минути. Спие по саат ипол- два. Е сега можам комотно со неа да си легнам преку ден. Сака и повеќе да е будна. Ајде. Период е , ќе помине.
Вториов скок можно ли е уште да трае? Скоро 10та недела од термин (20ноември ми беше) не спие денски, плаче...дури се плашев вчера нешто да не го боли од толку што беше нерасположен
2 скок е околу 8 недела, а според dr.goodnight раздразнето бебе и лошо расположение е од 7ипол до 9ипол недели.
6ти месец и најверојатно е во 5ти скок или не спрема полека Леле луѓе, до сега ни еден скок не осетивме ама затоа овој Не сака да спие ако не е во раце, се буди на секои 10 минути, кенкав е, капак на се болен. Благо речено неподнослив е. До скоро бев по речиси цели денови сама со него и не ми беше ич тешко ама затоа сега само се менуваме по дома. Навечер си ја преспиваше цела ноќ во креветче, сега ни сака да го легнам во креветче, ни па ја спие цела ноќ. Преку ден ако сме со него и го играме ок е, секунда да е сам и почнува да плаче со крокодилски солзи. Доле ако сме ние со него лежи, ако не нема шанси. Кажувајте чаре?
Нема чаре, ќе чекаш да помине. После скокот како друго дете е, дури сега фати некој ред со дремки и спиење. Претходно ужас. Супер е сега, додека да дојде шестиот
Некој да ми каже дали сме во прв скок? Термин 26.12, родена на 17.12. Последниве 3 дена цица нервозно дури не ни цица, сама се трга од града па ја фаќа пак, а ако ја тргнам јас плаче вришти. И тоа преку ден ај се трпи некако иако бара на секој саат затоа што не цица убаво, ама вака навечер хаос.
Според термин се рачуна и беба ти е 5 та недела и тогаш е првиот скок. Отвори ја Гуднајт на инстаграм,има кај неа.
Првиот така и така, ама вториот.... Хаос со спиење. Додека думкаш, едвај заспие, за пола саат буден и пак думкај 40мин. Тој е околу 8 недела. 2 и 5 скок душа ми извадија.
И моево е изгледа во втор скок. Спиењево исто катастрофа, по пола час до час. Сака во раце, плачлив е. Ми заспива во раце, ставам во креветче и за 5 минути е буден