Како што реков, полна 12та недела, скокот почна. Кај нас ова од термин воопшто не важи. И се на спиење не мава, еве пак ми ги смени дремките, и навечер одвај се успавме и станувавме цела вечер. И во 6 станавме. Ај со лесно нека е. Се надевам неделава само ќе трае.
Има ли некој скок на 2ипол години? Мојава е скроз сменета од пред два дена. Неможам да ја препознаам. Само плаче, вришти, многу е нервозна, почна да се буди во сред ноќ, не сака ништо да јаде дури ни вода не сака да пие а претходно не одбиваше вода. Денес едвај една штрудла изеде, друго ништо, ама арно шо бар млеко пие. Колку време ќе трае оваа тортура?
Mojot sin imase takvi tantrumi/skokovi sto i da se na istata vozrast t.e. pred edna godina. Sred nok placese se mavase u krevetceto duri glasot mu se fakase i taka nekoi 20 min nekolku dena i tolku posle se sredi
Мајки термин за породување 20ноем ми беше, дали е сега во скок? Овие три дена многу плаче на глас, вика буквално како да го боли нешто. Мислам третиот скок е сега, тој со гласот.
Wonder weeks секој месец се плаќа? Ми пишува околу 58 долари годишно дека е. Моме ли некој да ми каже во втор скок кога ќе влеземе, термин 26.12, се роди 17.12
А раздразнето бебе и лошо расположение според dr.goodnight има од средина на 7 до средина на 9 недела.
Ај и тука ќе пишам.. Дали во втор скок имаат намален апетит бебињата? Сабајле цицаше во 7ипол, па во 10ипол и еве уште нема цицано, си спие мирно. Нормално е или да ја будам да и давам да цица? Знам горе на сликата пишува ама дали вие имате такво искуство
Здраво мајки, Сакав да ве прашам за вашето искуство со првиот скок, дали почнува во 4та или 5та недела зошто гледам различни мислења па ме бунат, а особено ме буни што на Wonder weeks пишува од 4-6та дека е, ама кога ќе одам да ми пресмета дали сме во скок ми вика не, а веќе сме во 4та недела и според термин и според раѓање (3 дена разлика има меѓу двата датума). Какви ви беа бебињата во овој скок? Имено последните неколку дена бебе е доста покенкава, почнува да плаче од нигде никаде, заспивање стрикно во раце дур не завлече убаво и дремките по 1 саат макс и траат, а цицаме исто доста почесто, ова се во споредба со претходно. Па не знам дали се ова знаци баш на скок или да очекувам нешто друго за време на скокот
Може и малце порано да почнат скоковите. Кај син ми така беа. Прв скок е околу 5 недела. А според dr.goodnight лошо располошение и раздразливо бебе е од средина на 4 недела, значи тоа е.
Јас сега за сега се радувам барем за тоа, само првата вечер кога си дојдовме ни покажа како е да не спиеш цела вечер од тогаш вечерта си сврзуваме 4-5 саати секогаш, а денски исто си има дремки, освен последниве денови што за да се подолги мора да се во раце Да ти кажам, ако е тоа, добро е, не е толку страшно Е сега ќе видиме дали така ќе помине, и како ќе бидат наредните
Неспиење. Думкаш, лулаш по пола саат, да заспие 10минути и пак одново, цела ноќ. А може да се разбуде среде ноќ и до сабајле да не заспие.
Моето така ама преку ден и еве сега ќе заспие рано и нема да сака да се буди до утре освен за јадење. Јас полудев деновиве мислам дека кој што прави ние преку ден само се успиваме и никако да се наспие асално освен надвор кога шетаме со количка.