И ние сме, и исто.. цел ден плаче, нема ни причина… само плаче, кенка не знае кај тера.. денес посебно не полуде.
Комбинација од двете е изгледа, и заби и скок. Секој скок е различен ама секогаш се понервозни и понемирни, сепарациска на најјако, и од забите апетит да нема или да сака почесто на пократки интервали да јаде. 4ти скок е околу 4ти месец може да е рано за заби ама и не мора да значи секое бебе е различно. Моето исто од 3 ипол месеци со раце во уста окапа и се лигавеше, па првото му никна на 6 ипол месеци тек.
приметив и промена во дремките, а еве и плачеше неутешно пред спиење. А мислев дури 26та недела е следниот скок, баш во табелата што гледав за оваа недела стои расположено бебе.
И кај нас официјално почна 7 скок. Вчера и денес кенка, плаче на подлога, во количка, во хранилка, во дубак... Само во раце или надвор кога се шетаме е мирен. А и на лулашка. Лошо спие одамна веќе, може и забите, порано само се размрдуваше, сега се буди со плачење. За јадење немам приметено разлика, вода пиеше слабо, сега ми го бутка шишето, нејќе никако. Втора дневна дремка 30мин, спие под услов јас да сум до него цело време, сега се врте, му се спие, не е ни за дремка, ни за спиење до сабајле. Се му се поремети. Читав на нет 43 недела како најјак скокот, а ние сме во таа.
49та недела на кај 50та пишува почеток на 8ми скок... Влегуваме со налутено пискање (не плачење) ако нешто не е по нејзино.. Нормално е?
Здраво мајки, да прашам за 4 тиот скок. Дали и кај вашите бебиња се случуваше да се виткаат како да ги боли стомачето или нешто друго? Изгледа влегуваме во регресијата од вчера почна да се буди 2,3 пати навечер а спиеше по цела ноќ и денеска одеднаш почна да плаче и да се витка како да има грчеви а бебето инаку нема. И понервозна и за дневните дремки, плачлива. На 8 ми мај ќе прави 4 месеци.
Дали научи некоја нова вештина можеби? Држење на играчките и ставање во уста, превртување, осознавање дека имам и прстиња на нозете односно фаќање на стапалата? Да овај период и ние го поминавме така со виткање, но за да ги дофати ноџињата не знам за какво виткање во мешето станува збор, но најверојатно јакне мускули за следна фаза. Пробај со чајче од анасон ако се сомневаш во колики, ако се смири тоа е, ако не се смири тогаш е само фаза ќе помине. И ние се будиме 2/3 пати во ноќ во 5-ти скок сме.
Уште не ги држи скрос, се подава да фати ама ги бутка уште стабилно не фаќа. А рацете цело време и се во уста и што ќе и се доближи одма во уста. Ноџињата уште не си ги фаќа само ги крева скрос горе. А виткањето не е како за исправање туку баш како за болка ама не знам дали е од скокот некоја промена или може и грчеви да имала во моментот.
Ние сме скоро 17та недела, ништо не осеќам од 4 скок, а толку бев потресена. Никакви промени ни во расположение, ни во спиење ни во јадење нема. Да не си ја барам бељата што прашувам вака…
9та недела кој скок е. Бебе веќе неколку дена спие само во раце а ја оставам во креветце / гнездо се буди.
Во 9та завршува втор скок. Јас мислам косата ми побеле во втор. Само тој го имам осетено од кога е родена.
Хахах, не си ја барај. И кај нас не беше страшно нешто многу, освен денските дремки по 20 минути ама затоа 5ти…
@baguf4e @Feniksgirl How does it feel to be God's favourite? Нас не утепа 4ти скок и психички и физички не поремети. Утре официјално сме out of it се надевам ќе одморам малце и да се спремаме за 5ти.. Фениксче, што да очекувам од 5ти?
Ме насмеа. Господ ме наградува за сите саати поминати во contact napping што нема крај еве веќе скоро 4 месеци. Не можам една дремка да се сетам да не била врз мене. Нетфликс го силувам. Ама си викам ќе помине, нека спие како сака само да спие и да не урла дур е будна.