а можно е подолго да трае ? Претходно многу убаво спиеше во кревтече секаде. Сега до тоалет неможам да отидам. И како е завршува скокот и престанува во раце да спие или си маштам за тоа
Оф не знам, кај нас знам дека 8 недела беше ужас, уште имам траума од тоа вриштење. Ништо не и беше погодено. За спиењето не можам да ти бидам од помош, моето од кога е родено не спие поинаку освен врз мене за дневни дремки. И навечер така заспива, ама после продолжува во креветче (ни јас не знам како ама не се буди на преместување ), а преку ден не успева.
Ужас, станува 100 пати да цица навечер, па продолжува да спие, ко новороденче не стануваше така… преку ден само во раце сака, само кенка ништо не и е по кејф…
Кога те читам исто како за моето да пишуваш, и овој и претходниот скок. Уште една недела имаме од скокот, секој ден го бројам. Душата ми ја изваде.
Како го поминавте 3ти скок? Кај нас ужас. Ништо не му е погодено. Цело време кенка, се нервира. Ама ајде барем да кажам дека на спиењето сме добри. Психичка припрема е за 4ти?
Леле абе не ме плашете зарем толку се лоши и тие? Маж ми само ме прашува еј овој четвртиот најлош е така? Сеа кога ќе му кажам ќе му се стемни
Не се оптеретувај за џабе, секое дете е различно дефинитивно, не мисли унапред. Јас се тресев од тој 4 скок, а уште ништо немам осетено, нормално бебе со нормален сон имам дома. Кај нас единствено го осетив втор и мене тој ми беше најстрашен. Ете индивидуално искуство.
Само го спремам мм за скоковиве, му здосадив мислам До сега пу пу пу ништо посебно, во третиот некој ден беше малце покенкава. Сега влагаме во четвртиот, денски заспиваме со малце плачки веќе 2-3 дена ама се трпи засега. Кога имавте најголеми промени во 4от скок, во која недела отприлика?
Третиот скоро и да не го осетив, најнормално, нормално се понашаше, еве сега во четврти имаше периоди кога пред да заспие вришти или се буди од дремка вришти и презаспива кратко... не осеќам нешто којзнае што, рацете му се константно во уста и многу се лигави Според тоа што читам овде мислам дека не секое дете поминува исто во секој скок, што е и нормално така да поарно да не се плашиме пред време, ќе помине како и да е
Па моментот е што растат и веќе почнуваат да разбираат, па сфаќаат дека нивните акции имаат реакции, па сфаќаат дека ти имаш реакција на нивната акција...
Здраво, 17та недела сме. Денес три пати имаше дремки од по 10минути и еднаш спиеше 2саати, но и се разбуди па продолжи. Глодалката кога ја зима пробува да ја стави во уста но кога неможе вришти на цел глас од плачење. Плус нон стоп кенка,плаче. Дали е сето ова од скокот? Дури одбива и да јаде убаво. Што друго да очекуваме од овој скок и регресијата? Пробувам саат ипол да биде будно и повторто да го заспивам но денес никако не ми успеваше. И дали ќе треба кога ќе заврши скокот да се превртува од меше на грб и обратно? Не се врти ни на страна скроз Извинете на долгиот пост, би ми биле од корист одговори. Благодарам.
7ми месец сме. Веќе втора недела како ноќе се буди со плачење на секои 30-60 мин. Дали е ова некој скок?
Можно е заби. Така правеше и син ми од март. Еве проби еден доле,и втор се гледа и двата горни. Сега пак се размрдува за млеко, а претходно и на 15 и на 30мин. Со кенкање и плачење.
Заби... мојава океј дремки има преку ден, а навечер беше хаос. Не 30,40, имав период и на 15мин. Градиве ме болеа од цицање, зошто ништо др не ја смируваше... кога изби, се подсмири и станува сеа 2-4 пати ама мрда зборува малку кенка и ќе цицне и продолжува да спие.. го нема тоа плачење...