За брзо влегуваме во 14та недела според термин. Малку ми фуфка дека 3ти скок баш јако нѐ дирна, ама ни заврши пред некој ден. Сѐ надевам нема да е толку лош 4ти. ( смајли шо се крсти ) .
Во втор скок ослабнав 4кила за една недела, сеа четврти ќе правиме тело за плажа изгледа Уште имам кошмари од тие две недели, по 2саати на раце успивање, само шетање на раце цицање, ужас!
Deneska ni zavrsuva 5ti skok, 90% od vremeto ovie 4 nedeli vo race go pomina, kicmata seriozno pocna da me boli I muskulite na nozete, se podgrbavev, se iskriviv kako baba sum
Чекајте сестри да видите што е 10ти скок ако преживеам пак ќе пишам После 4ти скок, кој се покажа како хорор кај мачево мое, еве 3 недели со 10ти исто поминуваме. Па и регресија има, 2 3 дена до сеа ги помина без ниедна дремка, да да, по 11 12 саати будна тешко заспива, скока, рипа, се превртува, па среќа во несреќа бар ја спие ноќта. Инаку цело време е мама мама, да ја носам во раце, па само се гушка, а она може 13 14 кила има ама ти носи ја по дома нервозна, ништо не и е погодено, кенка плаче урла, сакам ова не сакам она(како ние во ПМС) бројам денови да помине чудово, ај јас ќе издржам, повеќе ми е жал за неа, се премачи со скоков Си пишав тука ко еден апдејт и спомен за еден ден кога ќе мислам дека ова било тешко, да си се насмеам П.С спие врз мене неколку пати до сега, тоа ми фалело до годинка и месец/два спиеше така дневни дремки и на почеток се нервирав, неможев по дома ништо да завршам, ама после па и јас така одмарав со неа од дневните обврски. Година ипол е сега, ама пак е убаво вака да ми спие
Леле ние сме у 9ти, освен 4ти скок не сум осетила ама ова сега е хорор...Се фрла на земја за глупости, не се игра со играчки само прави глупости со кои сам може да се повреди.. Прооден е веќе 2 месеци и сега наоѓа нови работи... Ама па сега вика мама, баба, тата, деде со значење, ав ав на куче, мац на маче, знае каде му стојат работите и ако му кажеш нешто да донесе носи. Јаде сам прилично, ако види некој како јаде трча да види шо и бара. Ама премногу пргав е. Не седнува ни минута. Освен веќе кога му е време за спиење. Знае и у книга да покаже работи по дома.
За последново те цитирам, ќере од кога е родена 90% од дремките и се врз мене и понекогаш татко и кога е дома. Навечер во креветче, а преку ден само вака сака. Имаше едно време кога премногу се нервирав, се осеќав ко да сум ја научила погрешно, не можам да мрднам, а бе ми се плачеше ако веруваш. А сега ако заспие поинаку чудно ми е, ми фали некако да спие врз мене и не знам што да правам со себе што да пофатам. Толку се релаксирам во тие моменти, некогаш знам на средина на спална и јас да завлечам со неа, серии си гледам, си грицкам нешто. Убаво ми е, жими се. Еден ден некако ми светна во глава дека можеби никогаш понатаму во животот нема да сум со мозокот на пасење, на породилно, серија, грицки и бебенце што мириса прекрасно врз мене.
Па еве и кај мојава, 4ти нај веќе го осети, другите немавме толку мака со неа. Еве сабајле од ништо, стана во 6 и кога рече вриска, двајцата не можевме да ја смириме, после пак едвај презаспа врз мене не се заигрува веќе, ретко и по малку, се сака ние двајца да ја дружиме, и само ја шетаме по раце како бебе да е истите работи и она ги прави одамна, почнува со зборчиња, разбира, носи сама, јадач невиден е, прв пат вчера нешто се бунеше за јадење, ама со игра лево десно, пак си касна. Се надевам при крај е со скоков зошто нервозна и плачлива е ептен
Те имам читано комшивке баш тогаш си реков, ау еве имало исто бебе ко ќере моја иста беше и тоа што имаш пишувано за количката, па за спиење врз тебе, другарки така спиеше и она, дневни дремки врз мене, а ноќе немаше мака, сама во креветче, освеннн кога беше 4ти скок, со мене на спална. И сега си спие во креветче по цела ноќ, а за дневните дремки на кревет во дневна, освен сеа со скоков, пак врз мене знае да заспие. Инаку, и мене не ми смета ова со дремкиве врз мене, помина тоа кога се нервирав на почетокот Она од мала е таква да се гали гушка, јас така си ја научив, еве и ден денес е иста, по 100 пати во ден се гушкаме, оди надвор деца земала ги гали, си игра, ептен е дружељубива такво си е детето, и само се смее. Секогаш кога така спие врз мене си викам дека брзо растат(и вистина е, еве ја година ипол, кој би рекол) и нека спие, ќе барам еден ден така да се гушкаме инаку да не се секираш ич, како што растат, се заигруваат сами, ќе имаш време и за ручек, и за машини и за сè, поуживај си сеа на породилно
Колкава е? Мојот е 14 месеци. Не сака ич у раце, само да шета да се качува сега му е хит. Надвор да е, кога ќе стане одма трча на вратата. Исто ретко сам се заигрува, ама надвор куби китки, со песок фрла.. Ние сме на почеток на скок, веќе не знам зошто плаче.
Година ипол е мојава. Леле прееска имаше нервен слом мислам од 20 30 мин, онака од ништо, уши ми паднаа она сега во скоков нај веќе бара како утеха па со нас во раце да ни биде, инаку активна е цело време, трча, оди, играше и сама. Кај неа ако скокот е 5 недели, до последен ден ја држи, нема шанси порано да заврши. Мислам уште една недела сигурно ќе е ваква со лесно и на вас
Мене тоа влечењето за прст ме вади од такт... Од скоро почна ама таман ќе седнам ме фаќа за рака и ме влече накај вратата надвор да одиме.. Јас кога се треска така го оставам на земјата и се тргнувам настрана, ако ептен не престанува легнувам до него и го гушкам. Тригер ми е со неговите напади на бес.. Тоа е.
А мојава цура се научила демек кога плаче, и викам дојди, не доаѓа, као ти ќе дојдеш по мене. Се обидувам да ја гушнам, да ја смирам, ме турка. После па ај земи ме ми прави со рачињата...викам јас не знае што сака. Ама инатче е, ко ќе запне така, едвај ја смируваме по дома. Изгледа сега како поголеми, тоа ќе им е нај нормално да се фрлаат по земја и да вриштат
Стрелче е татко и вика на тебе е, е вика сеа справи си се како сама себе да се гледаш по малку во право е де
Dali zavrshuva pochetokot na 19ta ili otkako kje se zavrshi cela nedela? 18+3 sme i vekje se raspagjam kazhuvaj deka e do pochetok na 19ta
И јас сакам да е на почеток зашто ми се виде како вечност хахаха како што гледав 19 та е пола пола, така да нема да биде цела лоша. После неа би требало да има 2 и пол расположени недели. Само сакам да го врати ноќното спиење. Како се научивме да спиеме и ова станувањето во 4 ти скок навечер не утепа. Па и вакцина вчера примаше, грчеви невидени.
Ааа јас реков не ја раѓам ако не е стрелец ко татко и она е смешка и хепи дете, ама во скок е сосема друга, не баш во сите ама еве во некои а ти со шкорпијчето, мисли му ја се шалам, не е до хороскопот, до детето е како ги поминува скоковите
26та недела и се откорна од плачење овие два дена. Се мислам дали е скок или ќе му ника заб, се чеша цело време, сака цело време во раце.