Како се манифестира скокот во 8ма недела, еве два дена во раце се успиваме, во 8h бањата, а уште не спие, така и вчера до 2h седеше будна или ќе заспие во раце, ама се чувствува дека и е лесен сонот и а ја ставам во лреветче се буди
5тиот скок не мачи изгледа, 26та недела од денес и пак имаме мака со цицањето Споделете да видам со ме чека..
Ехееее,ако му е за утеха на некој 10 месеци заспива само во раце,со нишкање и пеење со исклучок на 2 пати кога заспа сам на спална цицајќи. **** Точно уште една недела ќе излеземе од 7 скок, или се надевам.
За спиење спанка си е на татица. Од вчера, цица палец од нога, ма цело стапало бре Се дере, рика вика, урла уши пара. Нервозна е и насилна со играчките
Да, стапалата најслатки се за во уста И пишти на цел глас.. Ете спиењето ни е проблем на нас, а му се спие трие очиња ама тешко ни оди.. Навикнат е сам да си заспива, па неможам никако да му помогнам, нишкање не трпи..
Скокот од 14ипол до 19ипол недела со што се манифестира? Ми се гледа долг период па да знам што ме чека да се спремам
4 скок беше ова? Нсјизразено беше нецицањето. Ќе поцица малку,па се трга,па плаче,па после неќе да цица и се така во круг. Дури ме стави на мисла дека немам млеко,не знам од што,ама 2 дена дури и кога ќе стиснев на градите не ми течеше млеко,претходно прскаше на сите страни. Многу мајки баш во овој скок се откажуваат од доењето,мислејќи дека немаат млеко
@hello-kitty.90 да 4ти скок паѓа. Е ние ко да сме влезени во таа фаза. Деновиве баш малку цица си викам болно да не е,и кога бев на контрола кај матичен таман да му кажам слабо цица реце их дете одлично е. Па се молзам па давам со сила во шише капка по капка мора некако.