Ние сме четврти медец. Како го поминавте? Кој скок е ова? Премногу е кенкав, многу се уплакува..Дури го приметувам нервозен е… Преку ден дремките се по 15 минути од кои 10 минути во раце. Мнооогу ретко да се успие. Утре ја симнувам Вондер Викс Апп. Не знам зашто не ја симнав до сега. Патем нејќе во количка или по малце и во кенгур сме и надвор шетаме по цели денови…
Добредојдовте во 4 ти фамозен скок хаха Уште го поминуваме како знаеме и умееме хаха Кај нас се одрази на ноќното спиење, станува повеќе пати навечер
Исто и ние, само што влеговме во 4ти скок одма се одрази на ноќното спиење, не знам по колку пати станува, вака како новороденче не стануваше. И кенкави сме многу денски, одма се нервираме. Недај Боже цуцлата да му падне и да не му ја дадам во истата секунда, ааауу тоа се драмиии.
Какво чекање, се заборави тоа хаха Баш како новороденче. Завчера беше кулминацијата со станувањето и бевме стварно на раб да се онесвестиме со мм и за среќа вечерва спиеше од 23:00 до 07:00 сабајле после добри две и пол недели. Не сакам да се израдувам пред време дека завршил скокот хаха
Не можев да го облечам после бањање колку викаше, му дадов да цица почна и тоа да го нервира. Едвај го смирив. Нека помине побрзо Не знам до кога трае само…
Па 4 недели трае според табела за скок во развој меѓутоа не мора да значи кај сите исто. Ние тераме трета недела се надевам уште една и ќе заврши
4 + sme, pochna chesto da si gi stava dvete race na glava taka da se drzhi kao ova dali e normalno? da ne e nekoj znak nedaj bozhe za neshto ili…? ispanichena sum so ova autizmot i slichno..
Ова кај нас се случува веќе еден месец ама колку што знам не е нешто страшно. А со аутизмот и ја се замарав додека гледав Тик Ток зашто секое второ видео беше раните знаци на аутизам на моето бебе, знаци за аутизам и се околу тоа. Почнав да го анализирам секое движење на бебето и нормално дека некое ќе се поклопи и почнав малку да забегувам. После сфатив дека тоа се нормални движења на секое бебе и престанав да гледам Тик Ток или пребарував нешто друго за да се смени алгоритамот. Баш за ова некој имаше пишано и на FB да не си ја тупиме главата многу со Тик Ток или слични работи зашто нема врска со мозокот и да ги пуштиме бебињата да растат со сите пропратни движења, развојни фази. А инаку имам видено и други бебиња така што се држат за глава, моето кога спие тоа знае да го направи. Ти препорачувам да не се секираш дека тоа е нешто лошо или индикација на нешто. Ако сепак не можеш да го избегнеш замарањето одете на педијатар за да бидеш мирна.
Зарем прв скок може толку да и влијае, шро цел ден нема заспано. Дури сега, пред 3 напладне ми заспа, а будна од 6 сабајле, со неколку дремнувања по 5 минути додека цица. Ноќе спие, сврзува по 4 саати. Мислев така ќе поминеме, неприметно
Вториов скок е невозможен, само со цицање се смирува, од 3-4 попладне до заспивање е само плачки.. Господ напомош уште 10 дена.. Дали користел некој Babyvit капки наводно смирувале бебе кога многу плаче?
да така се брои, ама има и мајки што приметуваат дека им се поклопуваат повеќе според датум на раѓање
Да прашам после 4ти скок доаѓаат од Бардовци дома или ние сами треба да се пријавиме? Аман луѓе 16та недела, а 17та дава најлоша, ај ноќното спиење го осакати, ама од денес и денското, абе сите можни услови за дремка, ми се разбуди за 20мин 2пати. Во раце, на темно, со прожектор, со бел шум и кога отвори очи нема шанси да презаспие.
Има спас, не се секирај. Чекај 5ти да видиш. Се надевам ќе ве промаши. Нас 4ти само преку ден не фати, 20 минути дремки, до 30 макс. Еве уште и се така, 40 ако спие премија е. Навечер добра беше, ама затоа спиење преку ден само во раце, отворив летната количка и така видов живот, иначе пстанав без раце. Иначе и врвот го достигнавме тогаш, 10 минути дремка
Ние сме 19 та недела по книга последна треба да биде и е пола добра пола лоша, а во пракса ќе видиме. Кај нас ноќното спиење се расипа, а денското се подобри од 20,30 мин дремки ги зголеми на 50,60 мин. А мислам дека и кај нас 16 та и 17 та беа покритични со повеќе пати станување навечер. И плус запче почна да излегува и не знам веќе што е од скокот, што е од запчето. И ја сакам да заврши скоков пошто ви требало некои 2 и пол,3 недели да има до 5 ти скок ама ме израдуваа тука на форумов дека може и одма во другиот да влезе така да не знам што е подобро хаха Да патиме без прекин додека сме навикнати или да одмориме па пак да патиме хаха