Да, навечер будење, цело време. Да ти кажам уста не затвара од зборење по нејзино, се врти на име, се сврте кај нас тогаш на меше, веќе не ни знам што прави, ама ептен со спиењето ужас.
Па вредело браво многу работи учела. Ние само што почна 4 ти се преврте на стомак ама не знае уште да се врати на грб. И ќе поседи така на стомак кратко ќе и се здосади ќе го закопа лицето во подлогата или на кревет и почнува да писка.
Не следам цело време што како почнува/трае..ама чим станува лошко, одма проверувам и оп стварно сме у скок Што да очекувам од 7 скок? Прв пат после 10м се случува кога е време за легнување ( рутина одлична од почеток, легнува 20 станува во 7 без цицање и будење ) да плаче пола саат, саат за да заспие ем му се спие, трие очиња, најаден, чист се..ем се врти на меше се исправа и плаче ајде некако ќе го потсмириме со цртан или нешто, лежејќи до мене се успива.. Тоа што е лепенка за мене, почна повеќе да цица и веднач плаче штом ме изгуби од вид го поврзувам со тргнувањето на работа, ама ваљда и скокот си влијае
Шо е со дремкиве од 3ипол минути, онесвестена да сум повеќе ќе ми треба да се освестам. А ќе се онесвестам од 45 мин нишање за тие 3ипол. Ако почне и навечер вака ќе си најмам дадилка жими се, каков бондинг какви бакрачи.
Ме насмеа. Која недела сте? Ние во 4ти скок 10 минути дремки имавме…. Папсав мислам преку ден, и само во раце спиеше..
17 недела, во најјакото било баш проверив… а таман мислев ќе се спасам од скоковиве, со првото немав некој проблем. А кога е во добар муд баш е златен.
Шо да ти кажам...дојдов кај мајка ми да ја занимава барем додека е будна да одморам, ама тоа е решение за 2дена. Една недела веќе сме на 1ипол саат будење и crap naps кога(ако воопшто) ќе се врати во нормала ќе се частам спа.
Те прочитав сега, хорор еј Еве и надвор пробувам исто е, таман мислам се зацврстил, отвара очи. А најјакото, поголемата гледа дека го нишам сеа и она регресира, се понаша ко бебе. И после ко чупава цела, па чупава… дали да се чешлам или да мочам време
Чекајте чекајте да видите што е 8ми скок... Каков 4ти мислам дека вода може да му носи на овај.. Денско спиење хаха научна фантастика, као демек "сум голема сама ќе се заспивам несакам нишање" (еден сат вртење во кревет, тоа е спиење)... Јадење.. "Чекај да видам што ќе ми правиш ако не јадам и ако се фрлам на земја" .. Сакам да плачам за цице.. Се местиш е сега несакам цице и пак ќе плачам оти не сакам... Накратко ова, за надолго друг пат хахах (да си кажам да ми олесни малце )
Сите 3 сме во иста каша. 15 недела по термин, спиењето ни е катастрофа. Денски не знам што е тоа спиење. Па и за малку да поспие мора да е во раце, никако поинаку. Се нервира од ситница, плаче, кенка, ништо не му е погодено. Лиги еден тон, двете раце во уста мислиш јагоди шмука. Денеска дојде мајка ми малку да го подржи, дека зглобот на раката ќе ми падне веќе.
И ние сме се надевам завршува 19 та недела сме. Во скоков кај нас па дневните дремки се зголемија од 20,30 на 50,60 мин. А ноќното спиење се расипа. Ќе видиме дали ќе се врати како што беше.
Еве и јас да се пријавам во кашата Нас пу пу пу не не удри нешто посебно на спиењето, имавме една ноќ каде бевме будни од 4 до 7, и 2 каде стануваше на 2 саати. Расположена е супер исто. Ама цицањето... прво не сака веќе да цица за да заспие за ноќта, па ај прво се доиме па ја нишкам за да заспие. Второ самото цицање е хаос, само гровта, се трга и кенка, не дај боже да прозборам одма се врти да ме гледа, се менуваме од града на града зошто не ми е јасно дали тооолку брзо ги празни или што е работата ама само така се залажува, и целата сум црвенила на градите зошто ми го штипе со цела сила... и така ама ww вика уште 7 дека ни останаа
И кај нас за вечерното заспивање е вака, цица, заспива, се буди, пак заспива, ми качува нога на глава, пак заспива... ова се дури се нишкаме во раце, па следно ќе заспие ќе го почекам и само шо ќе го оставам на кревет одма станува, се смее, го шутира ќебето мислиш се преспал и пак од почеток се и вака едно саат време А да и ако поминам до него а не го земам плачи, ако излезам од соба исто Па многу пати се кријам зад него за 5мин раат @Lady Miami не се пожали и ти пред некое време од истово?