Сега дознавам за скоковиве зошто не знам што се случи со бебчево. Денес не е спиена скоро цел ден дамо кенка , јаде како 3 дена да не јадела и никако очи да склопи. Втор скок е ваљда ова не знам , ама не може да се успие што да се прави , само во раце еднаш заспа денес и толку
Прати ги неделите и скоковите за да знаеш од прилика зашто и што се случува. Кај нас до сега се поклопи според табелата.
И мојава е во втор скок највероватно веќе неколку дена истото го прави што го опиша, по цел ден во раце и на цице, плачки и претешко успивање…
Петти скок. Од 8 недели кога беше нема станато навечер, барем не вака долго. Од 2ипол до 4 сабајле беше будна ама не со плачење туку спремна да си игра. Се исправи цела, пишти бебешки звуци, гуга, не сакаше да заспие, како да и почна денот. Фала му на Бога што маж ми има трпение и се мачеше да ја презаспие оти јас навечер сум пијана кокошка, не функционирам. Кај вас во 5 како стануваа навечер, со плачење или вака како моето?
Мојата не стануваше со плачење, само си стануваше и вака да игра сакаше ама цицката во уста па презаспиваше.. ама стануваше 100 пати.
Колку трае? Утеши ме дека после крајот се враќа на старо колку толку. Што желба ќе беше за играње во 3 сабајле.
Ќе издржиме јуначки. Денес му викам на маж ми ќе те частам ручек во ресторан попладне за father’s day оти имаш челични нерви за разлика од мене, па ми се нафати да станува цел скок под услов да не сум го терала да чисти дома. It’s a deal
17та недела по термин. Оваа демек најстрашна е ама моево бебе па оваа недела е најсмешко и најрасположен, ама па предходните 2 недели . И регресијата на најјако удри. Шо беше тоа спиење?
Јас не знам дали порано влеговме во 5ти, или регресија има, ама исто. Еве 3 дена сум будна по 2 саати сабајле. И знаеш што? Не се мачам да ја заспијам одма зошто само повеќе ме нервира Научи да се врти од грб на меше и само се тегнеме за да не се сврти да спие и на крај ја оставам пола саат и после се мачам. До претходно што вика @Feniksgirl цице во уста и кома, сеа џабе и тоа. Ќе дреме 50 мин и пак ќе стане спремна за играње и затоа ни цице не и давам дур не се згнам стварно да ја заспијам
и ние во 17та бевме најрасположени. дури и цел 4 скок супер го поминавме. абе како излеговме она стана кекнава и станува, а не би требало толку да не промаши терминот, на 40+3 е родена
5ти го поминавме релативно добро. Знаеше бааги да вришти додека го заспивам денски, друга промена немаше. Научи да се врти од меше на грб и сега се гониме по спална.
Последнава недела детево ми е како запоседнато од ѓавол. Лошотилук. Отворив баш да видам скокови, оно 4ти ја дрма. И ми олесна, почнав да мислам дека нешто не му е добро на детево. Со големата 4тиов најлошо го поминавме, ми се плачеше, уствари плачев скроз. Сега и ова исто. Не спие преку ден и крај. 3 дремки од 30 мин. И си вришти за се. Ама онака од грло, за инат. Среќа навечер спие инаку ќе се убиев начисто. А ќе си трае и трае ова сега. Се сум заборавила колку е напорно на почетоков. Уште првиот скок кога ја здрма се плашев од четвртиов. И дојде...
Ќе пројде, мојата 10 минути дремка…. 10 женоооо, повеќе се мачев да ја заспијам отколку што спиеше.. па и само во рацее.. на крај отворив летната количка и видов живот.. ќути навечер немавме проблем, иначе нервно ќе полудев.
Скок плус регресија... 5 дремки по 30мин и ноќеска 4 саати врзани па на саат будење. Ноќеска стана во 4 до 5 гракаше сакаше да си игра, едвај ја презаспав. Немам душа веќе, ај последната недела сме од скоков, ама ако не смени во 5ти после регресијата ќе барам тренер.
Според искуство со првото, по завршување на скокот се врати на старо. Среќа навечер е ок сега за сега, ама има време. Денски со големата буквално плачев во скоков. Сега уште повеќе обврски, малово вришти ако мува прелета, пред некој ден се исклучив скроз. Алишта здиплени ми стојат два дена не можам да ги раскренам, покиснати семки и глупости, надежно да правам тортиљи и лепчиња, големово бараше експерименти да сме правеле, малово пишти, маж заглавен на работа... не знам што ми бидна кога заврши со работа човекон почнав да се дерам, па и алишта и се изџиткав и цело попладне си ги прерипував. Му оставив деца и се затворив во спална цел саат да не видам никој. Човекон нема проблем со децава, ама дојде време малово да цица па полека ми влегува да ме праша дали да вади замрзнато млеко. Не, уште еден мастит не ми треба. Па кога ми помина им се извинував, си го истрауматизирав големото, а и онака е многу осетлива.
Исто, 4ти скок и попуштив со нервите веќе. Среќа овие денови нешто ми е повесел и смешко, ама минативе 2 недели неможев да си го препознаам детево. Само туку кенка, плаче, се тегне, нервозен, ништо не му беше погодено. За ноќното спиење па да не зборувам. Регресијата нѐ дрма на најјако. Вчера во 5 сабајле беше ококорен господинов спремен за да си игра. Не го земав никако, си лежеше, си се смееше и на крај заспа. Ама важно ме расони. Живи не наспани сме. Ајде период, ќе помине, тоа е.
4 скок од кога почнува ние сме 14 и 3 дена или по термин 13 и 3 дена? Веќе уназат 2 недели вришти пишти на цицка, цицнува и по некое време се трга со плачење и тоа вриштење да не се смирува овие два дена дадов и ад по што мислев дека е гладен се намирува ама и повраќа во млазови највероватно не е гладен,веќе незнам кој пат да го фатам. Навечер заспива во 8 и 20,цицнува кај 2 па кај 4 и 6 некогаш станува некогаш презаспива до 8 зависи. Дневни дремки има си спие ама кога е буден,вришти се тегне со сета сила не сака ни во раце,ни легнат никако. Имам уште едно детенце од 2 години и тоа сака внимание,не можам да издржам веќе. И заборавив да пишам цела рака ја бута и се нервира.
Ние сме демек во убавиот дел меѓу 4 и 5, ама мене некако не ми изгледа убав Денес заспа во 23. Се нема десено откако и направив рутина на 6 недели. Ама пак последната дремка и беше до 19и45, се нема десено точка. Ама кекање на најјако, само станати да сме со неа во раце, не дај боже да седнеш. Заспивањето дење, ноќе е најчесто со плачење, иако ова веќе неколку недели трае. Последните 3 вечери ми стануваше во 5 спремна за денот, денес ќе видиме и со касново заспивање. Ај јас да си легнам да поспијам дур не станала