Кога почна скокот, да не почнал покасно па го фатил и 5 ти месец? Или одма сте транзитирале од 4 ти во 5 ти скок. Има и такви искуства наш тука сум прочитала.
Само сакам да ти кажам дека те гушкам силно. И мене ме фаќаат вакви моменти и имам испади барем еднаш месечно, а сум со едно дете. Не е лесно, воопшто не е.
Исто… леле вриштење едно лошо, кашлање со давење додека не го земам, и оп све е ок одма. Не очекував дека дете од 4 месеци ќе прави вака Будење точно на 7-8 минути со вриштење ако не сум до него. И сеа за рака го држам откако ќе заспие Јас испади за жал почнав секојдневно да имам, веројатно треба да преземам нешто. Бебево ѓавол, она ПАК со флуоросцентно зелени мрсули, дома хаос и така.
Кој знае да ти кажам 4ипол сме инаку, ама имам WW апликација, според неа треба да сме во убавото А ние сме во нешто измеѓу хаха Синоќа не се расони Се успивавме 40 мин со цуцкање ама битно не стана
Хахаха Кај нас почна од 15 та недела и траеше до крај до пола 19 та. Измеѓу немаше хаха уште две недели издржи и ќе биде како што било. Јас го чекам петиот
Мајка дај боже да не ве трефне како нас.. уште не дрма јако, веќе се навикнав на 2 саати сон навечер. Станува на саат, саат ипол веќе 2 ипол месеци, 4ти скок регресија па 5ти скок. Забите се бонус. Некогаш станува со плачење, некогаш само ќе се сврти на меше и почнува да се смее и да шета низ креветче и спална, доаѓа до кај мене ме закача, почнува да ме шмука кај ќе најде голо тело зашто цицката не може да ми ја најде.. комедии. Некогаш успевам да ја презаспијам со нишање, а некогаш си тераме така саат ипол до 2 го кревет па ја успивам.
Еве синоќа ништо не и беше, си спиеше нормално. Не знам што да кажам, ние сме на почеток на 5 скок имам време да раскажувам патешествија до крај.
Леле јас гледам исто како да не гледам убаво си напишала измеѓу дека сте јас упорно друго објаснувам хаха
Со ова скокови во развој јас сум малце збунета.Ние дека предвремено родени како се пресметува дали сме во скок.На интернет што читам се пресметува од датумот кога треба да се роди.Ако е така сме стари само 11 дена корегирана возраст А според кога е роден сме 3 месеци и 16 дена.Еве денеска бевме будни од 15ч до 19,во 18ч јадевме испи 90мл и бараше уште не му дадов дека док рече да не зголемувам ќе биде премногу за него и бебка виде невиде 30мин си вриштеше одвај се смиривме ,на крај со цуцлата и шетање во раце се смиривме.Вака денеска волку да плаче ни беше првпат одкако сме дома.Два дена не сме излезени попладне дека грми и врне дали е тоа дека ужива надвор .Сега незнам дали е скок или што е.
Уште 9 дена 4ти скок. Можам да кажам дека баш се изнамачивме , борби буквално. 3ти скок го осетив ама не вака. Жити во 17та недела беше добар и по весел, еве сега во 18та пак нешто ми се раскенка. Спиењето навечер подобро да не го коментирам. Не сум склопена око со недели. Многу не мирно спие. Цуцла му паѓа па кенка и плаче по нејзе, мава нози со цела сила на душекот, се врти, абе 1ч не му се собира да спие мирно и цврсто. Регресија на макс. Само сѐ надевам дека ќе нѐ ,,одмори” малку 5ти скок дека ќе скренам ако е ваков, или па за бетер нејќам да помислам. (смајли шо се крсти).
Добро што е со мавањево нозе со цела сила? Страв ми е да не ги скрши, шине. Тоа петиците жар црвени цело време. Не уништи скоков. Не се случило да се буди навечер од 6 недели мислам. Ноќеска си преќенка и целаааа вечер маваше со нозе. Не е заинтересирана за цицање, се ја интересира повеќе. Нешто да шушне се врти одма и толку од цицањето. Леле и со големата вака беше лошо во скоков, мислев дека ќе се спасам сега.
Исто исто. Цицање само во мрак, иначе фати пушти, вратот го истегна мислам. Шутирањето, 3 пати ми ја бута кашата, а и со рака ме плесна по око, оќоравев мислам. Навечер точно на 7-10 минути будење со плач, до вц не можам да отидам. Кај преку ден лудница, сега и навечер од него. До кога траеше скоков?!
До бесконечност. Прееска ја гледам гладна е, ама се врти по сестра и врат ќе искрши. Таа па во филм на класична музика е поради балетот, па ни ечи Шопен по дома,а бебево вриска од радости. Па после вриска од умор. Се изнервирав му ја џитнав на маж ми и си отидов во теретана (немајка да не ме направат сега)
Аха нема грешка, немајка. Добредојде во клубот. Јас со 5 скок полудувам, маж излезе на некој собир со мотори да се врати едвај чекам да му ја предадам и 2 саати ќе окапам во теретана додека не се процедам од пот цела.
Ти текнува кога се фалеше мирна била, спиела, пиела млеко!? Ее со бебе ќе научиш дека никогаш не си на чисто таман мислиш подобро, ќе те изненади. После годинка е уште поинтересно ама утеха
Еден ден се фалам следен ден се жалам. Еве сега со борба заспа и јас се склопчив до неа да истерам една дремка.
7++ уште така прави. Не памтам нормално да сме цицале. Искрено не знам ни колку се најадува, од што салта прави додека цица..