Кај нас изгледа почна петти скок, многу е кенкава преку ден. Дали тоа е еден од симптомите? Хаха Ништо не и е погодено ни во раце, ни да лежи и дневни дремки по 30 мин.
Ние сме вакви измеѓу двата скока демек. Или ни се споија или утнати ни се датумите. Само станати на нозе мора да сме, сите не болат нозете веќе
Дечки дали сте имале буквално изразена агресија во 7 скок? Мавање глава од душек коа е вознемирен, фрлање наназад со сета сила, клоцање, плачење со солзи, ржи дури некад..не можам да го препознаам. Се успива по саат време навечер легнат на спална да се гали, порано за 10 мин заспиваше..спие цела ноќ, минимално почна помалку да јаде. Ме плаши ова со агресијава, жими се на лекар ќе го носам
Мајки како го минавте скокот во 11-12 недела? Бебе е на АД и едвај 60-70мл пие, кенкав од др луѓе, кенка за шише сака па нејќе.. освен што спие сма се мачи да заспие др е се пореметено.. ќе се шекнам таман ставивме ред и со млеко и престанавме со повраќање сега се од ново исто
5 скок , до кога трае.. оваа не се издржува, мислам дека од 4 буквално 2 дена беше супер и директ во 5ти Едвај ја заспивам навечер и се буди на секој 45мин до 1 саат. И во 2 ноќеска се буди до 4 и пак заспива. Некој слично искуство?
Исто трае како и 4 тиот месец дена ама после има поголема пауза до следниот. Кај нас дневните дремки се пореметија по пола саат се, една може да се погоди така подолга.
Дремки од пола саат се пореметени дремки? Хах… На мојава скоро сите и се такви цело време само една долга има ако ја успијам на кревет во спална… и пред скок и после скок сеедно дали во количка во раце пола саат макс 40 минути Само во прв месец дур имаше жолтица и беа долги
Што да очекувам од 8ми скок? искрено престанав да следам, ама сега ја приметувам дека е понервозна вчера и денес искрено не знам дали и излегуваат сипаниците или во 8ми скок е ...
Исто сме и ние, според Сања dr. goodnight до 5 месеци е во ред и нормално тоа. после 5 треба да имаат долги дремки, па ако се будат да се презаспиваат
Хахаха па претходно имаше барем по 40,50 мин затоа. А треба веќе да транзитираме од 5 на 4 ама со овие од пола саат тешко. Вчера имаше 4 ама беше будна скоро 4 саати до ноќното спиење и вриштеше на крај, заспа па се разбуди и ровареше низ креветчето. Скратувањето на дремка не било толку едноставно како што мислев.
Кај мене како наполни 5 месеци почна полека да прави транзиција од 4 на 3 дремки и да спие подолго преку ден. Многу често знае да се разбуди околу 35-40та минута ама не ја изнесувам од соба и не се откажувам, легнувам до неа и ја презаспивам ако треба со сила, зошто реално и се спие и кенка, сака подолг сон. Некогаш едноставно не ми успева да презаспие и тоа е тоа. Ама пробувам, сакам да научи да си спои 2 циклуси сама.