Мојава е 12 недели и уште од вториот скок дур беше си остана со 4 дремки… никако не успевам 5 да и истерам ептен ретко ама рано заспива накај 7
Е ние уште не сме преминале како што треба од 5 на 4 дремки, знае да се погоди некој ден ама ретко, а веќе има 5 и пол месеци. Ќе пробам прозорот на будност да го зголемам.
Па 7,8 го рачунаат за нормално заспивање. Проблемот кај нас е што во 21:30/22:30 заспива а тоа се смета веќе за касно.
А верувам, еве ние за 2 дена правиме 5 месеци и затоа сакам да пробам да и ги продолжам дремките, ама колку ќе биде едноставно ќе видиме Ние заспиваме околу 8ипол, сега сме во Грција веќе 10тина дена и заспива околу 9ипол, исто како дома и топ ми е што не и текна да заспива како дома во 8ипол зошто ништо од попладневна плажа
Другарки кажете некоја занимација, игра, не знам ни јас веќе што. Во 5 ти скок не знам веќе што да измислам, не седи, ни лежи за џабе мора да се занимаваме цел ден. Песнички, читаме приказни демек ме слуша нешто, сите играчки ги поминуваме, изигравам ни јас не знам веќе што, на тераса седиме се потиме ама само таму седи мирна ама ни надвор на горештиниве не се седи. И YouTube пуштам морам нешто и јас да завршам по дома или да здивнам малку, не чини ама тоа е ама и тоа не ја интересира повеќе од 10,15 мин. Кратки се дремките, поголемиот дел од денот сме сами и немам веќе идеи. Што правите по цел ден?
Да ги пробаш оние подлогине за стомаче што се полнат со вода и имаат рипчиња што мрдаат? Не знам колку држат внимание ама и јас се мислев да земам за малава дека конечно почна малце повеќе да сака на стомаче
Највероватно влеговме во трет скок некој ден порано. Ноќеска после цицање во 3 никако нејќеше да презаспие, очите ококорени готова да игра. Си седеше 20 мин во креветче мафташе на вртелешката и после пак квичеше нејќеше на цице да заспие а обично така заспива ноќе… Се изналигави баш ќенкање беше не плачење се дур мм не ја зема во раце и ја однесе малце во дневна и почна да се кикоти на глас цела весела xD На крај заспа со малце молзено шишенце во креветче после 2 саати будност… Ај се тешам бар не беше урлање само ќенкање
И тоа го имаме, лежи така некое време фаќа, мава и толку хаха Се е краткотрајно и подлога на земја, ќе се сврти на стомак ќе избутка се што има пред неа, уште не знае да се врати на грб и почнува да кенка. Баш захтевен период
Јас имам и едно мече што со крпче прави “peekaboo” ама исто макс 10 минути држи внимание па мора нешто ново
Се што наброја и исто брзо и здосадува. Се шекнав од дома седење поради топлово, а верувам дека и она зошто е бебе навикнато да шета надвор. Кога ја изнесуваме попладне гуга, се смее, се радува. Јас дел од денот ја ставам на подлога, исто не знае да се врати на грб и игра на стомак 5-6 минути, бутка се и почнува да плаче да ја свртам назад. Ја вртам назад утоп од лиги, дур да ја избришам пак се свртела и од почеток. Ја ставам во хранилка во кујна со мене и правам некој брзински ручек. На масичката и ставам играчки, ги тресе, става во уста па ги фрла на земја. Интересно и е да ме гледа додека правам ручек, се глупирам и зборам како во кулинарско шоу или па пуштам детски песнички во позадина да ги слуша. Друго што правам е ја ставам на меше на подлога и отворам книги да и читам, лежам и јас со неа на земја, се внесувам во приказната, правам звуци да и биде поинтересно (не и е којзнае колку). Ја седнувам на 45 и пуштам музика погласна, играм како будала за да се смее. Некогаш сум толку уморна ја ставам на спална со глодалки и лежам до неа и ќутам додека она се превртува (на спална се врти обострано без проблем, на подлога не сака). Тешко е особено што е лето и што сме заглавени дома. Преубаво ми беше зимоска, секој ден бевме излезени на шетање.
Баш исто само што уште немаме хранилка, во количка пробува вкусови уште. Треба да купиме кај и да е ќе земам со тркалца и ќе ја возам низ куќа. А така добра идеја додека си работиш во кујна да седи во хранилката барем купуваш време колку толку. А со лигите кога ќе ја свртам на грб исто утоп со тоа што некогаш знае и да се бљуцне така на стомак па да си се мачка по раце, по подлога и се што ќе фати хаха
Не можам да се опуштам да возам сама со неа. Цело време ме фаќа анксиозност да не ме мавне некој во заден дел со неа во седиште. Инаку радо би по мол цел ден да се мавам, а и она е мирна таму.
Ич да не мислиш така, живот ќе видите и двете, иначе ќе се шекнеш како расте се повеќе и повеќе ќе и е досадно.
Баш ќе речев следно е шетање по молови на топлово.. мојава е помала па само еднаш сеа скоро ја носев и и беше првото заспивање во количка без ич кенкање
исто и јас, среќа сити мол ми е делумно на пешки али на жешково пак не бива… мене исто ме фаќа анксиозност ако ми плаче во седиште позади а јас на волан… треба некои играчки висечки да и земам можда ќе се занимава…