Како да се врати на старото од пред 4ти и 5ти скок? Максимум 4 сати пред 4ти скок му беше, јас ви се чудам кога кажувате колку сврзуваат. Се надевам на поинакво дете после скоковиве. Сигурно нешто погрешно правам
Лелее па кај Dr. Goodnight пишува дека 7 недели нема скокови во развој и е мирен период. Ќе видиме како ќе биде
Што може да правиш погрешно, не е до тебе. Сигурно би сакала да спие како што треба. На нас не ни е лесно ама па си мислам кој знае како им е на бебињата. Како што видов до сега се е само ќе издржиме и ќе помине хаха друго не ни останува
Јас одамна имам прифатено дека се е “нормално” и мора да помине. Како што ми помина бременоста пребрзо и бебево ќе ми порасне пребрзо, па не се нервирам многу што сеуште ми спие во раце.
Беба има 27 дена...Од пред 3 дена од мирно бебе почна да е ептен раздразлива, плаче и првиот ден се смируваше само на града...од сношти почна да одбива да цица. Кога ќе ја ставам на града вреска и се бори со мене и не сака да цица. Денес и вчера повеќе спие но површински и почесто се буди, раздразлива е и плаче... дали се работи за прв скок? Или повеќе станува збор за грчеви? Најтешко ми паѓа одбивањето да цица, таман си фативме некој ред
18 недела 4 ли скок е?! Луѓе лудило е ова,само вика не плаче него вика,успивање ужасно се буди,навечер само што спие,ми се плаче само во раце. Ништо не го интересира,само да вика и рацете во уста до грклан и повраќа.
Мајки како се справувате со скок во 15та недела? Не сака да јаде, само раце во уста, борба со шише, плаче за се и сешто, не сака во никој само со мене…уффф
Кикотење на глас проследено со драматично плачење е одраз на фамозниов 4ти скок или нешто не е арна малава???
31 недела има некој скок? Кога почнува 6ти скок? 5ти не го осетивме. Бебево цел ден плаче, ќе се смири и пак одново Помислив на заби, малку е потечена долната вилица. Почна и да лигави повеќе.
Можно е да се заби, 6ти скок е 34 недела, тој плиткиот е 29 и 30. 31 вика дека треба да е баш расположено