Епа пред скок сте, ние еве го поминуваме … вчера беше неиздржлива нејкеше да спие цел ден вечерта изглговме да ја прошетаме демек да се доизмори накај дома со плачки одвај стигнав. После тоа ја фрлив кај татко и се успиваа 40мин заспа ја повив и до 7ипол сабајле куфер. Инсче денот беше хаос имаше 3 дремки од кои првата 2саати и другите две по пола саат на рака …. Преморена луѓе али очи џамлии нејќеше и нејќеше да спие никако. Ете со среќа нека ни се почетоциве нс скокови ние обележавме старт јако
Провери дали кога ќе стиснеш града има млеко, да не е слаб протокот и не и тече па се нервира, проверувај се дали имаш млеко и со молзење обавезно
Обично е обратно, колку поуморна, толку потешко ќе заспие. За следно да знаеш, тоа е контра ефект. Да не те плашам, ама вториот скок е еден исто од полошите, кај нас барем беше
Ти си ми главна и одговорна за скоковиве ќе те консултирам си ја купив wonder weeks ама малце не јасно ми калкулира според нејзе / ние родени на 12.6 треба според неа од наредна недела да е скок а ние сме веќе 5та недела од четвртокот
По термин се рачунаат скоковите, не по дата на раѓање. Е сега, кај нас 5ти скок од прв до последен ден беше од дата на раѓање. Не се водев ја по апп, кај dr.Goodnight гледам што како пишува, или си ја познавам, ќе почне да ме шекнува
Да да и ја мислам отприлика се неделиве назначени зошто мојава драми веќе неколку дена и не е истото бебе прсви нови звукови, повеќе се смее, на цице сака на саат ипол макс, нервозно цица и не спие драма
Оваа преку ден манифестира душата ми ка вади со држење во рака и неспиење, навечер за сега е ок да поплукам три пати / јас сум од тие луѓе што без сон сум страшно нервозна / среќа маж ми има стрпљење за 5 животи па ќе се подаваме ако викаш и навечер ќе почне да рика
Кај нас втор скок се манифестираше само на дневни дремки, ноќе спиеше. Она спиеше до пред точно една недела по цела вечер, не осетивме ништо ни регресии ни чуда, дури и во 5 скок беше океј. Како заврши 5 скок јас друго дете имам дома. Синоќа бев на раб на нервен слом, не на раб туку го имав, земав перницата и отидов во друга спална да спијам. Се разбуди во 23:30, тераше будна до 3 и 3+ може. Кога заспала не знам, си легнав со слушалки и ја оставив со татко и. Психички и физички не ми е добро, цела недела се случува ова, не знам што е.
Нема заби, ја ѕирна и напипа и свекрва ми стоматолог е, вика не ми изгледа како да ќе ги извади наскоро. Инаку не плаче туку кенка, па се смее, па цика, треска со глава и нозе, ротира 360, во раце не сака да заспие се влече по нас како змија, се опира, ни мава шлаканици, куби за коса и се смее па пак кенка, па пак се смее. Ништо живо не може да ја заспие. Прво и пристапувам стварно смирено, ја гушкам, ја галам ама нема ефект џабе е. После 3+ саати стварно ме фаќа сафра. Не знам стварно што е ова, кога доаѓа ноќно време депресија ме фаќа, бетер од новороденче е.
Ни млеко не сака? Цуцла? Да се едитирам, за shallow leap пишува дека трае неколку дена до две недели. И баш вака како што објаснуваш пишува дека е.
Си го пие млекото цело 180 мл и продолжува со глупирањето како само пауза да направила да се најаде. Цуцла фаќа, ја шмука 5 секунди па си ја вади со рака сама и ја треска со сета сила од дрвото на креветчето, ја треска се додека не успее да ја фрли на земја. Сум слушала за свашта и секакви бебиња, ама ова е врвот на лошотилокот мислам.
Мојата кога ја вади така ја и ја земам и цело време и ја враќам. За навечер зборам, па ќе види невиди и ќе продолжи да спие.
Леле истооо само кај нас уште не почнало навечер ама преку ден буквално исто, никако не сака да заспие а се кубе, трља очи, се прозева. Ја зимам во раце она се турка наназад мислам ќе се прекрши, ме клоца доле по стомакот баш кај резот и што уште не. Јас нервни сломови имам за сите 3 дремки преку ден и за ноќно заспивање. Вчера цел саат пробував да ја заспијам за 3та дремка не бе не сака и не, уште и зборам треба да спиеш она ми се смее на глас Дојде маж ми од работа му ја дадов и му реков излагај надвор со неа да заспие инаку ќе се фрлам Јас не знам што е ова, 5ти скок помина од втора половина јуни се тепаме за заспивање ми се смачи ама најискрено. Во принцип сум многу смирена и трпелива ама после 30 мин обидување веќе губам нерви
Извини неповикана што ќе пишам...вака кога правеше мојава, учеше нови вештини и кога дежурав ноќи и ноќи баш навечер покажуваше нешто ново. Е сеа замисли, јас на сето тоа и ја доев и тоа поза само во раце, значи надој ја, ќе заспие, креветче, ќе стане, па пак земи ја, дој и се така во круг. А уште по лошата верзија, дежураме, очи паѓаат, нервоза и доење. До год со спиењето беше хорор. Имаше проблем да разликува ден/ноќ. Те разбирам како ти е, колку имам плачено ехее и сум се чувствувала нај осамена на свет. Зборот ми е, издржи, имаат често такви периоди, првата год е премн тешка. Не може човек да е мн смирен кога му се спие, јасно е тоа, ама психички некако припреми се дека и е таков период и не се фрустрирај. Јас се чудев како може на толку мало бебе да не му се спие, ама ете..јас имав тешко бебе за чување..кај некого се периоди, кај нас за жал беше цела една година. Без помош од страна, сами ние двајца. Ама верувај, го издржавме и тоа, така да, ќе издржиш и ти
Кај нас обратно, преку ден е расположена, си спие 3 дремки одлични, првите две саат ипол и последната трета пократка. Некогаш ќе стане ама ќе ја презаспијам и си тера, не се опира, генерално си спие во исто време преку ден. Значи запазени будни прозорци, нема нервози, еве почна доручек да јаде повеќе од порано… за ноќно спиење како што си е редот и рутината си заспива во 20ч без никаков проблем, мирно и спокојно. Мирното и спокојното трае до кај 23:30-00:00 кога се буди и не заспива по 3+ саати. Секоја вечер мислам полоша од претходната е, кога мислам го достигнала врвот е тогаш следната вечер е уште полоша.