Кај нас беше супер негде од 8-9 недели кога беше до пред една недела кога наполни 6 месеци, дневни дремки супер, ноќно спиење супер без будење или со минимални будења, презаспивала со цуцла. Некако од мало ептен разликуваше ден и ноќ и си спиеше по цела вечер. Сме немале вакви маки скоро пола година, од новороденче кога беше и претешко ми е да се навикнам да биде ваква цело време. Се надевам дека ќе и трае краток период, јас стварно немам сила да го издржам ако трае со месеци. Немам ни јас помош преку ден, ни мајка ни свекрва имам тука, по цели денови сме сами. Психички и физички зависам од тоа ноќе да спијам, цело расположение во текот на наредниот ден ми зависи од тоа, здравје мислам ми се зема. Едвај чекам да порасне, бебе стварно не е за слаби луѓе зависни од сон како мене. Да имав било каква претстава како е со мало бебе, никогаш немаше да родам. А второ дете никогаш во ниеден живот не сакам ни да помислам да имам.
Да не имаат некој скок на годинка?? Наполнивме годинка, пред тоа супер си заспиваше, две дремки, сеа е борба. Еве од 8 е станата уште не сака да спие.. Да не ке си праи сама една дремка. Се успиваше со цицање, сеа ке се нацица и си игра низ спална..
И вие истото? знаеш колку пати си реков, абе како викаат спие ко бебе!? ете моето бебе не спиеше и втора работа, децата се радост, среќа, абе се, ама и еден тренинг на нерви има да ти направат додека ги пораснеш, они среќни, ние бели во коси
И ние сме хаос со спиењето во четвртиов скок.. почна да и се скратуваат дремките уште во трет и не се оправија и еве сеа уште по хаос откога влезе во четврти.. секое заспивање со плачки и одбива да заспива било како освен во раце и тоа строго станати да сме и она да е исправена па така “ненадејно” гледајќи да задреме. Џабе и будни прозори и активности и се да е спастрена она е спремна да урла на заспивање колку и да е или не е уморна. Дремките траат 10 мин, 20 до макс пола саат а презаспивање строго на цице и тоа исто со цицнување па заспивање 2 мин, па ме тепа па пак од ново. Дур си играме те се кикоти на глас те плаче драматично, па нешто пробува да каже гуга вика. Ноќе кога ќе успееме да се успиеме знае да врзе 4-5 саати до станување и после на саат два се буди да си цицне и да ме клоца а стануваше само еднаш порано. Општ хаос е ова се надевам нема предолго да трае. Нз како ќе издржам ако е 5 недели.
Сестра ми со 3 деца и ми викаше после 6ти месец првите две драстична промена во спиењето, јас си викав нема шанси ама еве бидна и кај нас Не знам какво е тоа спиење како бебе стварно ако мрднам ќе се разбуди, сто пати презаспивај, заспивај исто долго и што уште не. Едвај чекам да заспива и спие како возрасен
Дефинитивно учењето вештини го уништува спиењето, кај нас периодов постојано учи нешто ново, премногу е активна не застанува и ноќеска сака да се движи. Се изначитав за тоа колку темпераментот е цврсто сврзан со спиењето на детето. Леле кога ќе ми текне дека врзуваше по 6/7 саати цицаше спиејќи и продужуваше ми се плаче на глас. Синоќа сврза 4ипол после еден куп време, не ми се веруваше дури. На саатипол/2 се буди цела недела, претходно на 3, додека легнам она више станата.
Дефинитивно им доаѓа overwhelming од вештините… еве сеа во 4тиов скок и гугање и фаќање со раце фрлање играчки и вртење и распознавање лица па ваљда разбирливо е да се мачат мозочињата да процесираат кога треба да спијат
Хахахаха welcome. Нашиот 8ми скок трае веќе втора година. Инаку за спиење нормално е . Ке преминува полека на една дремка . Што ставаш за инхалација и која доза ? И ние сме со ларингит
После роденденот кога направи 1 година, мислам магија се случи, и почна да спие без да се буди ноќе. Уште цицаше ама сама смени, дали еднаш ќе се разбудеше, ќе ја нишкав или гушкав и ќе продолжеше. И за мене дојде живот тој период така да, ќе почекаш со спиењево како на возрасен не е некоја утеха, ама многу им се собира. Заби, скокови, регресии, вакцини штом мојава неспијач заличи на дете, ич да не се секирате сите, има надеж
За второ, ќе ми помагате вака другарски сите од форумов. Кога како зошто, да почнам со рутина. Не мислам да умирам пак за спиење
Не знам дали е метод или тренинг. Ама гледав кај dr.Goodnight, пробав се што имаше кажано и успеа да презаспива сама, и да не се буди навечер.
Таман почна детево да врзува 5-6 саати навечер, почна 4ти скок и сега сме на два саати будни.. Не се смирува со цуцла, па цица по 40 минути на подој.. Во 4 више скроз буден. Ќе полудам, подочњаци до колена