Се плаќа. Исечокот што го имав ставено е од нивната веб страна, и таму може да се прочитаат детали за секој скок посебно.
Се плаќа. Пред 6.5 години ја купив за големиот кога се роди, беше 4 долари. После неколку години ја избришав. Е сега е 40 долари
Што научија вашите бебиња со 5ти скок? Ние мислам дека влеговме пред некој ден,и според календар се поклопи, по кенкава е , кога ќе ја легнувам ми се буди што претходно не беше случај и навечер се успиваме по 2 саати, среќа што ноќе си преспива до сабајле
Се исправа на сите 4 и се клати - пробува да лази ама уште не знае. Се врти на страна со една рака на лакт и едно ноџе преку другото - се спрема да се исправи да седне самостојно. Уште не седи сама ама се труди. Ако и скријам играчка под тетра на пример, знае да ја тргне тетрата и да си ја земе играчката. Вртење 360 на подлога и се џитка да фати одредена играчка што ја преферира. Ако види играчка што е подалеку, а и е омилена, бара начин како да се извлече до неа да ја земе. Препознава некои причинско последични работи, на пример кога ќе се појавам со шише млеко знае што следи и кенка ако не и го дадам одма, пружа раце да го земе шишето и сама да пие. Понекогаш кога е расположена пие сама вода од чаша со клунче. Сепарациска анксиозност, ако си игра сама и дојдам во видик јас и веднаш излезам од соба почнува да плаче да се вратам. Има подобар фат и координација на рачињата. Ова вака ми текнува… за заспивање немаме проблем, ама се одрази многу на ноќно спиење, се буди за да вежба вртење и лазење. Многу е темпераментна и хиперактивна преку ден, па и во спиење сака да вежба вештини.
Ова со млекото ми е најинтересно Мојава има посебно кенкање за млекото пресмешна е Кај нас покрај сепарациска имало и stranger anxiety, ако дојде некој и и прозбори плаче вреска како којзнае што да е
Има и таква ама моево фала богу ја нема (уште). Во сите оди да седи без проблем. Не дека голема бројка на луѓе ја гледаат ама во никој не плаче, до душа мене не ме ни погледнува, особено ако татко и е во видик.
Мене ме нервира што ја фати и ова, се беше ок и пред две недели прво почна на нови играчки да реагира така, сега на луѓе. Абе кенка, плаче, не се трпи додека не си заминат после како ништо да не е Инаку игра и мојава со татко и ама мене само ме следи кај сум, ако се појавам од некаде готово одма кенка да дојдам. Само некои чудни фази а јас како си замислував дека ќе биде со бебе врска нема со ова ама нема везе
Леле 5ти скок. Официјално ни почна и бебево ми се смени. Спиењето денски ни е ок не му е сменето, навечер минимално подобрено, амаааа кенка за сѐ и сешто. Ништо не му е погодено, освен надвор. Во релаксаторот сакаше, сега и тоа не сака. 5 минути и кенка. На подлога сакаше, сега и таму интересно му е 2-3 минути и толку. Само во раце, all day every day. И заби го мачат па е страшно нервозен. Во паузата измеѓу 4ти и 5ти скок беше многу весел, цел ден само се смееше. Ама сега. Ајде ќе издржиме, како и секогаш де.
Ќе полудам значи. 4ти скок и како да не е истото бебе. Воопшто не спие, дремка по 20 до 30 минути и цело време во раце. Ама кога викам цело мислам буквално, само кога спие го спуштам инсче одма плаче. Нервоза ме има фатено. И тоа не само во раце туку и да го шеташ, не смееш да застанеш. Ништо не сака ни количка, ни транспортер, ни ви кола да се вози.. ништо. А уште не сме ни стигнати до громчето…
Колку е паузата? Макар што кај нас не верувам да има пауза пошто е во регресија сеуште, заспивање со вриштење итн. знаеш веќе
Женски има некоја што поминуваме втор скок заедно кај нас ова со промената во цицањето или не цицање и вриштење почна да се утешиме или некоја што му се сеќава да ни пише како што поминала, ја па и крштевка закажав нареден викенд убавини ќе бидееее
Ужас, го поминавме, иако нешто посебно не пратев скокови, ама тогаш ми се одби од цицање, а немаше некоја посебна причина па потоа си го вратив филмот дека е во скок. Два дена беа плачки и вриштења дома, успат со грчеви имавме мака, па го однесов и на педијатар сомневајќи се дека нешто го боли, на крај се испостави дека е гладно детето(патем нон стоп нудев града, цицнува малку, почнува да плаче, го ждригнувам, бљуцка и така се во круг), по препорака дадов ад и ја направив најголемата грешка, откако фати шише не сакаше да види цицка веќе и еве си продолживме со ад. Не знам може и ја не бев доволно упорна, ама цела недела постојано нудев града и вриштеше, штом дадам измолзено од шише или ад се смируваше. Ќе звучам клише, ама издржи ќе помине.
Изгледа ова со нецицањето е главна ксрактеристика на втор скок, којзнае што им се случува во тие мали глсвчиња… се тегне пишти и мојава, успевам успана да ја фатам и така цица, преку ден е борба до вриштење веќе 3ти ден ама ајде да видиме како ќе истераме
Леле 5тиов скок, леле. Со големата само 4ти го помнам како поинтензивен, ама сега тој е гола вода во споредба со овој. Пред неколку дена почна, ама душава ни ја извади на сите. Спие по точно 23 минути госпоѓицава, а имаше две дремки од скоро 2 саати и една од 30 мин. Е сега автоматски 4 кратки дремки има овие 2 дена. И вришти, цела населба мислам ечи. Се корне бре, се треска, заоѓа. Вчера кога беше будна во раце ми го помина денот. Цица, па се џитка назад не сака цицка, па фаќа нервозно пак, па се дави од што липа од вриштење. Прееска она вришти, јас плачам, не можам веќе, алергична станав на дерењево.
Да се пожалам пак јас од (не) спиењево во 4ти скок, ни 2 саати вкупно нема ако и ги соберам дневните деемки и строго на цице залепено до неа Дојдовме на планина демек свеж воздух ќе спие повеќе ааа да важи иста песна а и во кола по пат исто едвај 20 минути. Ај да не се жалам бар ноќе иако станува 3-4 пати презаспива брзо само со цицање така да ќе издржиме некако. Дење како пиле да чувам а не бебе, по цел ден омилено и е да лежи на грб и да испушта звуци како некој sound machine. Бар е слатка и се смее до пола ден иако е ненаспана, останатата половина и паѓаат очите ама не се дава.
Бејби не се откажувај биди упорна но не ја присилувај. Ние така го поминавме првиот скок со воопшто нецицање, се тегнеше, плачеше, ме маваше кога ќе и понудев цице. Она плачеше,плачеше и мама. И еден ден стана како ништо да не било и си продолжи најнормално да цица. Денот претходно кажи речи цел ден практикувавме кожа на кожа контакт, мислам тоа помогна
Вчера цицавме супер цел ден, ноќеска излегов, маж ми и даде шишенце со молзено си испила 100мл и ја успал, околу 1 уште 40мл и дадов пошто пиев едно винце, мак молзено, во 3 цицаше па во 5ипол пак. Сабајлево станавме во 7:15, пак одново иста песна вриштење нејќе и нејќе со силиконска фати 5мин поцица малку и заспа, и еве ја до мене на гарнитура со цуце дреме