Скок во развој кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Lady.Luck, 2 февруари 2014.

  1. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    Не се грижи ќе си продолжи, ние така бевме 5 дена и си мислев готово детето ми се одби но си продолжив со често измолзување и секогаш нудев града ако почнеше да вреска и давав шише или измолзено или ад пошто сме на комбинирано хранење и со шише со најмал проток. Не ја форсирав на сила да и створам аверзија. Биди трпелива само
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    4.556
    Пол:
    Женски
    Не ми останува друго … глумица е скроз 8) ја гледам и се чудам ама тоа ми е работа ќе се молиме додека не заврши скоков :x
     
    На LaTama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Жени кажувајте совет што да се прави според термин сме во трет скок ама според датум на раѓање не фаќа и четврт и не знам кој е. Од сношти одвај издржувам, а тек почна. Се буди на саат ипол- два за цицање, нема дремка ко шо треба денес три дремки по пола саат некаде и еве не можеме уште да ја успиеме плачи вришти се менуваме со мм, на цице исто плаче ако е гладна цица и кенка цело време. Еден саат се на се шо беше мирна и насмеана кога игравме на подлога и толку. Ја шетавме фати да вришти по пат па ја шетавме количката а она во раце.Колку дена трае скокот?
     
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Трпение само, баш сте во периодот на регресија од спиење која трае долгичко… И ние сме веќе месец дена од 3+ до сега 4+, кај нас дури и некако споени беа трет и четврт скок ради регресијата. Чаре нема, прати само прозори на будност и знаци на поспаност иако се кратки дремките за да издржи некако без многу кенкање - ние некои денови и по 5 дремки имаме за да издржи, а 30 минути е макс должина. Пробувај презаспивај ја за да продолжи дремка ако може, нас ретко ни успива и тоа само со цицање, многу се опира ако ја земам во раце да ја нишкам или клацкам. Понекогаш и во количка заспива ама исто прекратка дремка 25 мин и не презаспива. Ноќе не стануваше многу ама еве деновиве по 4 пати и само со цицање презаспива се опира на се друго.
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Мора да издржиме тоа е. Заспа сношти после 01:00 и само еднаш се разбуди за цицање кај 05 па сега дури во 08:30. Од сабајле си е весела како друго бебе да е ама како што одминува денот станува напорна. Количката ја внесуваме дома па ја возиме низ куќа, се нишаме пееме песнички ама ептен тешко се успива, а предходно само ќе ја легнев си ги гледаше рачињата и си заспиваше. Утре ќе ја носам на вакцина само да помине во ред, како ни се погоди се во едно.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Не си единствена и за ова, јас нонстоп носам и кенгур со мене па ако вришти ќе ја земам во кенгур
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Јас исто денес требаше на вакцина ама вчера како малце диареа да имаше ваљда од што се препив јогурт и сметаше па ќе почекам ден два да се стабилизира али сепак all in сеа уште грчевите од рота ни фалат :(

    и мојава сабајле е највесела па како одминува денот од што и фали сон е по кенкава
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Ова за кенгурот ми нема текнато, фала ти и јас така ќе правам.
    Значи исто сме ќе се тешиме тука. Мојата пак нема какано еве веќе трет ден не знам што и стана. Ако биде добра утре ќе ја носам за крвна слика и за вакцина.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Ќе се тешиме и ќе издржиме некако. Мојава и во количка се помалку заспива, дома ич едино во транспортерот ама кнап и е некако. И нарачав некоја подлога мека за количка од Тему па се надевам поише ќе ми заспива така да можам и низ дома со количка
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    2.771
    Пол:
    Женски
    6ти скок некоја да си се тешиме заедно? :x Што е ова луѓе преку ноќ ми се разлоши бебево.. спие по 20 минути, плаче во сон, не се смирува ни во раце. Успивање цела вечност трае. Плаче она плачам и ја со неа:sweat:
     
  11. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Ние не сме во 6ти ама еве во 4ти исто со големи драми за спиење. Сега таман на први симптоми дека и се спие и таман прозор на будност се успивавме саат време од кои пола саат те плачеше те ме гледаше во очи и се кикотеше со цела уста отворена на глас. Абе на сред успивање да земе да ми се смее гомце мало а очине и паѓаат црвени :drunk:. 5 различни начини сменив за да ја успијам еве сеа на мене лежи на клацкалка и очекувам да стане по 20 мин ЛУ-ДИ-ЛО
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    2.771
    Пол:
    Женски
    Been there done that. Не знам кој е полош, 4ти 5ти или 6ти. Тесно е
     
    На autumn_s и dummy им се допаѓа ова.
  13. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    401
    Пол:
    Женски
    Исто како јас да сум го пишувала ова :worried:
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sss26

    Sss26 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2025
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    На иста мака сме.. Денес 19та недела од бебе што стануваше 1-2 пати у тек на ноќта нокеска на саат време мислам.
    Мислев да не се грчеви од ротата, нема какано мислев да не е запек, или заби ама најлогично ми е да е од скокот дека ептен немирно спие. Значи саат време да го заспивам, за 10 мин ке стане, вчера 2 саати ми вриштеше кога завршува чудово?
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    401
    Пол:
    Женски
    Мајки ние сме во фамозниот 4ти скок моментално. Има подобри и полоши денови, ама некогаш (пр сега веќе 3та вечер по ред) си ја правиме рутината со бањање и заспиваме околу 9-9.30, ама бебево го третира ова заспивање како дремка и се буди после 30-40 минути и нема заспивање после уште два саати, се откостувам од нишање. :( Има ли решение за ова? Запазен wake window, со 4 дремки на ден сме. Дали ќе помогне ако стануваме порано насабајле (моментално станува меѓу 8-9)?
     
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Се уште учи како да влезе од една фаза на сон во друга и не успева да влезе во длабок сон затоа ти се буди по 30-40 мин. И кај нас е така, се надевам после скокот и регресијата ќе се среди. Ние се успиваме со цицање на спална па чекам јас 30-40 мин до неа лежам за одма да ја презаспијам ако не може сама, обично цицнува 5 мин и презаспива и после си тера. Ако се заспивате со нишкање не го префрлај во креветче и почекај бар 40 мин па после префрли. Ќе приметиш дури и се штрекнуваат малце кога влагаат во длабок сон и после им е многу успорено и смирено дишењето е тогаш е момент за префрлање.

    да се надополнам: за времето на заспивање според сите извори треба да е од 19-20 за да најдобро функционира нивниот биоритам така да пробај и тоа помести
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    401
    Пол:
    Женски
    Знам, инам читано зошто се будат по 30-40 мин зошто и преку ден ни се случува. Навечер заспива или со цицање во раце или со нишкање во раце секогаш ја држам 40-50 минути додека да пројде “кризата” што викам јас односно тој премин од една во друга фаза. Е сега некогаш преминува сама, некогаш одма ја ставам на града и успешно продолжува ама некогаш… wake window од почеток и почнува. А во право си за заспивањево, веќе треба да го поместиме порано ама и треба да се станува во 7.. ќе пробувам тоа да го сменам периодов, па можеби ќе помогне.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Епа може да игра улога времето на заспивање и станување. Мојава заспива негде меѓу 19-20 со месеци не ни можам да и поместам и да пробам а станува негде меѓу 6:30-7:30 (со 2-3 цицања измеѓу) ама не се случило да го третира како нов ww тоа будење на успивање до сега, секогаш презаспива - некогаш малце потешко со лигавење на цице ама успева битно. Е дење друга приказна, уште се мачиме со кратките дремки
     
    На naturally и Marijanche33 им се допаѓа ова.
  19. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    426
    Скок 7 искуства и совети за преживување?
     
    На Marr_ss му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marr_ss

    Marr_ss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    431
    Пол:
    Женски
    Немам совет, за тоа дојдов на темава хахах
    Еве при крај сум со нерви.
    Како да се вратив на маките кога беше новороденче исто!! Најлош скок до сега дефинитивно барем на мене.
    Како го поминавте вие?