Кенка, плаче.. во раце само да е, одбива да спие. По неколку саати ни трае успивање. Втората дремка некогаш и целосно ја скока. Само што ја носам накај кревет за спиење, знае дека ќе ја успивам плаче вика како на колење да ја носам. Ноќе се буди не сака да презаспие, да игра сака, се смее... Жива ненаспана сум.
Здраво, како се сметаат неделите за скокови во развој, дали според веројатниот термин за раѓање или теминот кога се родиле?
Според терминот, не датумот на раѓање Ама има мајки што приметуваат дека повеќе им се поклопуваат и со датумот на раѓање
Здраво мајки во саботата направивме два месеци уште од самиот старт сме со проблем со цицање Прво беше мала не можеше да фати па после почна да фаќа цице ама заспиваше и затоа сме комбинирано цице со дохрана .. после почна убаво да си цица и дохрана и давав само навечер за да може поубаво да спие . Последниве две недели одбива цице плаче се тегне вришти некогаш па си цица ама почесто одбива … има ли неокоја со ваков случај што си продолжила и после ова со доење незнам дали е период или што е … Од саботата навака воопшто не цица јас се измолзувам па и давам од шише… Ве молам за одговор
И мојата прави револт веќе цел месец, период е. Не се откажувај ставаај ја на града кога е поспана. Мојата барем еднаш дневно вриснува на цице и протестира, наредно доење пак милина да ја гледам ужива си цица супер. Ама јас не се откажувам засега. Барем си викам до 6ти месец да издржиме додека почнеме со храна после ќе мислам што како
Само упорност ако сакаш да продолжиш да доиш. Ние сме 7.5 месеци и до сега сме имале три штрајка по недела-две со цицањето. Менувај града, ако се лути ептен прошетајте навака натака низ соба, па пак пробајте. Дои ја во темна и тивка просторија, да нема други дистракции. Битно инсистирај и не се откажувај, ако можеш скроз тргни ги шишињата. Станува свесна за околината и може се да ја интересира, а и смета. Ќе помине верувај ако си конзистентна, знам дека сега ти е нервоза. Јас сто пати си помислив дека ќе ми се одбие, али не се откажав во ниеден момент. Шише не давав. Се осигурував дека flow-то ми е добро, пиев повеќе течности и чаеви за доење тој период и се наоружав со трпение. Секој пат да не урочам поминува и после си цица најнормално,
исто беше и кај нас тој период. Има скок. Кога помина скокот си продолжи со цицање само. Упорна биди. Секогаш прво нуди града после шише. Дој во легната положба,(бебе легнато, ти до него) white noise, тивко, затемнето.. Мене ми успеваша.. Почна да намалува скокот и полека се враќавме само на цицање. Сега е 10 месеци пак во скок и исто одбива да цица, но сега е со храна... Па повеќе јаде..
Јас мислев 4тиот скок е лош, ова петтиов само што почна два дена душа немам више. Од 2 сабајле до сега мрда на секој пола саат се буди се врти, цица… Не знам како ќе се издржи вака, се снеможив Да не зборам преку ден што нон стоп сака во раце да биде и така да го шетам, ни да седам со него, ни подлога ни игрална да види. И сто на саат е пуштен.
Не можам да едитирам, да додадам и дека до пред некој ден што убаво ќе го земев во раце да цица, ќе си ги скрстеше рачињата и си цицаше и заспивање мирно. Сега 3 мин издржува и се тегне не можам да го додржам па го легнувам на спална и така едвај уште 3-4 мин да цицне. Како новороденче.
Помагајте мојата дама денес прави 5 месеци, денските дремки траат 20 минути , сега едвај заспа со плачење ноќе се буди по 3/4 пати заспива во раце , жива ненаспана сум. Дајте утеха кога ќе заврши ова
Мајка, ќе заврши овој, ќе дојде друг. Знам не е никаква утеха, ама скоро 15 месеци е, ненаспана сум. Скокови, претходно грчеви, а од март навака од заби. Толку му е мачно што додека пробиваат, кенка и вика во сон на 15 мин. Нема крај...
Немам утеха, само да ти кажам дека не си едонствена, во слична ситуација сум и јас. Само што наполни 5м. Долги дремки има само ако е во раце кај мене и така терам па чим успеам да и ги продолжам денските, поубаво ми спие и ноќе па успевам и јас да одморам. Пробај контактни дремки и презаспивање, друг совет немам
Како сте поминале со 8ми скок? Не се издржува ова веќе, на 15 мин навечер кенка, да не знам ни што да му правам...
Хахахаха Во тоалет одам со него, го седнувам пред машината за алишта.. И еве сега спие во мене пикнат.
Мојава беше таква. Па два месеци се пушти. По мм одеше, плачеше по него, излагаше со него. Кко отидовме сега на споениов викенд на мини одмор, ауууу пак се врати на исто. Ми се плаче веќе.