Дали некоја мајка со апликација Вондер Викс може да ми пресмета кога е следен скок? Термин 5 окт 2024.
Фала ти ме избудале со јадењето периодов..полни уста и не голта со саати само лигавици по дома бришам се посомневав на скок
Трет скок дрма јако Дневни дремки по пола саат. Вечерно успивање трае со саати.. Еве 2 ипол саати се мачи да заспие ама не се откажувам... Ме теши што трае уште некој ден, после да се спремам психички за четвртиот
Продолжение од 4ти. Плачење за заспивање, будење ноќе за да дреме на цицка. Кај нас тоа се симптомите на скоковите до сега е сеа се спремам за 7ми утре влагаме според апп (иако мене ми се чини секогаш дека некој ден порано почнува кај нас)
Како го пројдовте црвениот период меѓу 5 и 6 скок? Тоа ли е периодот кога се јавува сепарациска анксиозност? Не е нешто престрашно сеа за сеа ама се буди ноќе и не презаспива дур не ја земам до мене да ме осеќа прилепена, џабе доење и сама во креветче не и е доволно.
Да така е и кај нас, почна да се врти и сега станува ноќе само за тоа да го прави и рикање, плачење како со грчевите кога беше… само контакт дремки. Кај нас скоковите мислам почнуваат точно според due date (родена е 8 дена покасно од due date).
Го чекам петиов и си замислувам дека ново бебе за мене ќе значи дека ќе врзе бар 3-4 саати ноќе да одморам очи што значеше ново бебе кај вас?
Продолжи да ја спие цела вечер, исто и емотивно поразлично бебе, многу повеќе разбира, bubbling, ма-ма за прв пат, иако без значење, ќе се стопиш на првите. Ова после 5ти хахахах.
Почна bubbling после 4тиот одма не затвара уста цели денови само дрдори нешто по нејзино прави меурчиња со устата и ббббббб / брррр. Ох како се радувам и на првите зборчиња одвај ги чекам посебно мама лелеееее ме возбуди