Моето од 5 месеци уста нема затворено. Ама по цел ден, ко навиена е. Еве и ден денес, меле ли меле. Ама кога ќе ми каже мама, па ќе ме гушне и баци(поише ме лигави) се топам.
Кога и како прв пат "осети" да речам дека ти вика мама на тебе баш ? 2 месеци веќе вика мама што се вика, ама немам чувство дека вика баш по мене, на моменти така ми заличува ама почесто не. Ќе приметам ли кога е баш мама?
И мојава почна да брбори “мама” ама некако без цел се уште, мислам не е официјален прв збор ама затоа па си кажуваше денес “ам” со отворена уста дур чекаше јадење
Третиов скок страшно не поремети. Првиот и вториот скоро и не ги осетив, осен што немирно цицаше и беше малку покенкав, друго ништо немаше. Ама третиоов, од бебе што од прв ден само го ставав во креветче, му давав цуцла и си заспиваше за 2мин, се претвори во бебе што никако не успевам да го успијам, ни нишкање, ни white noise, ни ништо не помага...дневниве дремки летечки, денес мислам дека го достигна врвот-имаше дремка што траеше цели 4 минутии, со неуспешно презаспивање. И секој ден, има дел во денот кај што само си плаче и ништо не му е погодено и после магично се смирува и почнува да се смешка.
Кпга почнува 5 скок? Леле малата од вчера не се поднесува. Пораметен и е цел ред за спиење а и не сака да јаде многу 22 недела сме
Исто истооо ние сме некој ден разлика, 5ти скок од 23та недела за некој ден влагаме и ние спиење навечер хорор
Досега како така добро поминавме ама сега 5 скок е... денски дремки по половина час, додека е будна сака цело време да ја занимаваш а се и се здосадува за 10 мин, навечер ја нишкаме во раце се раздерува додека да заспие а кога ќе ја заспиш само пробај да ја спушташ на кревет, веднаш пишти. Преку ден не сака да јаде ама затоа навечер на 2ипол часа пишти за млеко... офффф бее утешете ме дека нема да биде вака 4-6 недели
И ние моментално поминуваме низ ова. 4тиот скок полесно го поминавме. И јас се надевам нема долго да трае.
58ма недела има ли скок? Плаче без причина ама ептен гласно без прекин дури зарипна... се правиме, играме... најадено, пресоблечено и дремки се како што треба. Се потресов сега, се разбуди од спиење со солзи со викање. Мислам дека му никаат заби, веќе има 4...многу немирно спие овие денови