Дојдов да кажам само: @Feniksgirl во право беше! 7ми скок на најјако и цело време сме со коментарите “што му е на детево?” .
Ние го чекаме официјално и послениот скок од развојна фаза, свечениот 10 ти скок. По она што го читам, како веќе да е влезена малце порано во скокот. Ама ајде последен е, па ќе славиме после. Се надевам дека нема да не фатат брзо и тантруми, па ќе бидеме добри.
Не ве фатија уште тантруми? Мојава мислам за тоа е родена, за тантруми да фрла на секое. Ние во 9ти сме.
Мајки утешете ме. Детево не спие три вечери со ред, на секој пола час станува, некогаш и порано, максимум два часа ако му се згреши да врзи. Се испробав џабе, си легнуваме на време кај 19:30, порано ќе го заспиев и барем до 23 часот или до полноќ спиеше, сега само се врти, само се драска во сонот, кемка, му давам цице ама овие два дена не сака оти не е гладен очигледно. Почнавме со вкусови, си велам да не е до тоа ама не верувам оти му давам за ручек по две три лажички. И формула давам пред спиење не бре брате станува по еден час, еве синоќа се разбуди во 3 в зори се смее, игра, како три поручек да е. 4 Август сме родени, кажете ми дека ова е скок и ќе помини оти според чат џпт треба да го поминиме скокот а ние како сега да влегуваме во пикот. Периодов исто сака само до него да сум, а се мрднам од него плачи вика се буни.
Појма немам искрено, ние од скокови не сме излезени откако е роден, со спиењето навечер никако да фатиме ред, наместо да е подобро од ден во ден е се полошо, исцрпувачки е сама сум по цел ден, почнав насабајле да го презаспивам оти не можам да функционирам, се осеќам како немајка оти не можам утрото да се разбудам и го презаспивам да дремнам некое време, ама зорите ни се пекол. Кога ова дете ќе почни да спие јас стварно не знам, откако е роден повеќе од три часа блок нема спиено, ајде ќе речиш сега скок ама нон стоп е така, се испробав и да не му студи и да не му е жешко и да не е гладен, абе се се, и капки сменив све пробав и пак исто
Ее сестро така е во туѓина кога немаш никој ама баш никој. I feel you… Да речеш ај бар кај мајка ми или свекрвата или сестра, брат да го оставам на пола саат да прилегнам преку ден ама нема ни тоа. Жал ми е… и кај мене е иста ситуација. Мм до 16 на работа и после жими што ќе си поигра со неа до 20,21h и пак на спиење зошто утрето пак во 6 станува. Од викенд до викенд преживување. Не знам како да те утешам. Јас ќе си одам за Мк месец дена ќе седам. Ако имаш прилика оди ако ништо не те врзува не знам, закон некој или вакцини или да мораш да останеш, оди бар на некоја недела да одмориш.
Ќе одам сега за десетина дена поради документи ама и тоа не е решение, ќе ми фали сопругот а и него ние ама тоа е, се бориме за подобар живот ќе се издржи
Па си вришти она ако нешто не е по нејзино, ама не и попуштам за се. Граници мора да има за некои работи. Ама она тантруми како што сум гледала, уште нема, па се надевам ќе заобиколат хахахха
Мојава си ја лупа главата од ламинат зашто не е како она што сака. Па после плаче зашто ја боли што ја лупнала и така во круг.
Не има многу што не сме во туѓина па исто функционираме. Ни татко, ни мајка, ни свекрва, ни никој нема причувано бебе да се избањам па камо ли да дремнам пола саат...Што беше тоа спиење нека ме потсети некој
Е тоа е уште по жално. Мене ми е многу битно да ми има детето убава релација со баба и дедо како што сум имала и јас ама и од другата страна треба да има некој фидбек.
За првото дете сум имала помош ама одкако тргнав на работа кога била болна и да не зимам боледување, верувам ќе имам и со второво дете тогаш помош. Ама вака како бебиња ништо, јадење, чистење ништо од тоа. Еве 9м сум дома ни големата ја немаат причувано, дека нели дома сум можам се
Ах сега тешко, модерни мајки ама и модерни баби, од телефон не можат да се тргнат, се бунат да земат бебе ама повеќе од пет минути не го држат
Јас не следам скокови ама последниве недели е како твоето. А инаку средина на јуни е родено, абе станува на секој саат и во 5 ипол е наспан. А јас неможам глава да кренам што ми се спие. А цел ден ден сум сама и плус имам активности со поголемиот син. Така да незнам дали е период и ќе аи чекам да наполни 3 години.
Дали во 3 скок почнаа почесто да се будат навечер ? Таман почна да сврзува повеќе и овие два дена на 3 саати се буди :/ Wonder weeks вика дека за два три дена влегува во трет скок.
Јас со ова бебе решив да не пратам скокови, ама сам покажува кога е во скок. Ние сме сега во 3 скок, јас и пред скок да спие 3 саати трубачи викам, ама 3 саати врзува мојов во најарното. Во скоков првата вечер што ме шокира се будеше на саат до 45 мин, и тоа спиеше НА МЕНЕ. Ако го спуштев доле како на трња да го ставам, одма се будеше и за да спијам јас малце го ставав на гради да ми спие. Сега после 2 3 вечери после 3 пак се буди на 45 мин, некогаш ми успева да го легнам доле, некоја тура пак врз мене спие, ама подобро е малце. Мене првото дете ми беше страшен неспијач до 1 година, за ова на трошки се радувам, на 2 саати да станува среќна сум, ама не, мене двете деца исти ми се. Твоево штом спојувало, може нема волку екстремно да биде како моево, ама дефинитивно најлошо спиење откако е роден има сега во 3 скок. Што иде натака не ми се мисли
Дали во трет скок ви почнаа повеќе да какаат,претходно какаше 1 ,2 пати на ден,овие два дена кака по 4 пати . На адаптирано е анти рефлукс.