Скок во развој кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Lady.Luck, 2 февруари 2014.

  1. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    8.581
    Пол:
    Женски
    25 недела е 5 скок, ние сме во него. Прв пат во живот одбива оброк, така да може секако да спаѓа во скокот. Спиењево не го коментирам веќе. Нели вие бевте прематурче? Мислам се брои според термин за раѓање.
     
  2. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    4.248
    Пол:
    Женски
    Да , прематурче е.
    25 недели стара е , не знам како се гледа , ама таман почна да зголемува на оброк и овие два дена ужас од 150 падна на 80мл млеко :@
    Спиењето и плачењето и јас го тргам на страна , ноќеска во 3 саат ми се смееше :rofl:
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    8.581
    Пол:
    Женски
    Мојов се џапа со тоа рацете, сака сам да пие млеко. Ако е лошо расположен дечкото и најгладен да е, не пие. Ќе го смирам и му го давам шишето демек он да го држи, го доближува до уста па пие. Пошто исто цица, за тоа уште одамна ме зеза, кој ден сака, кој се молиме, а ад кога му давам обично е гладен, ама се зеза деновиве.. И приплакува без везе исто ама што викаш тоа е класика веќе.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljana 93

    Biljana 93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Феминки на 30 ти правиме 9 месеци
    Таман и го фатив редот на беба си имаше по 2,3 дневни дремки навечер си легнуваше 9 ипол и спиеше до сабајле најчесто
    Сега одеднаш нејќе да спие преку ден треба да поминат 4 сааати за да заспие и ми спие По сааат најмногу денес сме со 2 дремки по сааат време …. Има ли некој скок во развој овој период ? Уште немаме запче може и тоа ја мачи има ли уште некој со ваков случај ?
     
  5. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.033
    Допаѓања:
    27.132
    Пол:
    Женски
    Мојата вака спиеше тој период.
    Да не ти крати од 3 на две дремки сега?
     
  6. Sorryuweresaying

    Sorryuweresaying Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Малата наполни две години пред еден месец. Отсекогаш е дете со силна волја и почувствителна, но ова во последно време станува тортура. Веројатно ми треба утеха дека е фаза, дека ќе помине брзо...тантруми, ноќно будење со вриштење и барање да шета во 3 сабајле (веројатно не е ни свесна), борба за пелени менување, борба за заспивање, командување...едноставно се е борба, НЕ и желбите се пуштено на најјако, кога ќе и текне нешто не отстапува, а јас веќе попуштам под притисок и страв. Ви благодарам на одговорите однапред.
     
  7. Biljana 93

    Biljana 93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Да сега почна да крати
    Еве ја заспа во 8 ипол и сега стана нејќе да спие пак …
     
  8. Wild_Flower

    Wild_Flower Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Жени тие што сте во 5ти скок како преживувате?
    Мојата е 24та недела од најмирно бебе што спие абе аждаја стана. Синоќа ми се будеше на секој саат, ни цица, само вреска. Преку ден 2 пати по 5мин преспа. И не можам да ја оставам ни минута ќе се одере ко да ја колат. Ко за чудо јаде (инаку нејадачка е) ама нервозна ифрит. А исто и заби и искачаат и така.. ќе си починам :yawn::worried:
     
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    8.581
    Пол:
    Женски
    Уште малку, на крај е најлошо. Мојов се потсреди малце, ама не се враќа скроз како што било мирно, тоа не очекувај. Сега растат, нормално е запчиња да покажуваат. И мојов се дере без солзи кога е лут леле баш како да му ја дере некој кожата, од бебе е таков галамџија, од болница во вис ја креваше. Ние излегуваме сега од скоков, гледам подобрување ама овие бебиња 2025 родени гледам сите само во раце бараат. Абе да не го остаиш 1 мин сам, ауу до вц ќе отидам него сите светови му се рушат, со солзи дури плаче тажно. Навикни се, нема лабаво до кај 3-4 години, овој скок е почетокот хаха..
     
  10. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Мајки штп да очекувам од 2 скок? Како го преживеавте? Гугл вика да се спремам и физички и (особено) психички :D
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    2.626
    Пол:
    Женски
    Па реално вториот скок беше потежок од третиот кој не го ни осетив кај бебе. Секој ден беше различен, едниот ден одвиваше да цица се нервираше, па на поспано му давав најчесто. Другиот ден па само бараше да цица повеќе пати на ден. Со спиењето навечер знаеше да се разбуди пример накај 3 и да несака да презаспие саат, два. Плачеше почесто, бараше почесто во раце. Имаше и најнормални денови како да не е во скокот. Инаку си заспиваше и тогаш, а и сега сам во креветче без нишкање без ништо.
    Сега сме во четврти скок плус и регресија во спиење ама да не го урочам си спие навечер нормално со еднаш до два пати цицање, преку ден три-четири дремки, си заспива сам во креветче со музика пуштена, со светлина, се трудам да не му менувам навики додека е во скоков.
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  12. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Кај нас значи цело време како да е во скок :D
    Си ги има сите овие работи скоро цело време еве и сега после првата дремка кога ќе се разбуди ноќе околу 2-3 тешко ми презаспива - само на цице и пак тешко оди. Се надевам нема да е многу полошо од ова сега :D
     
  13. Butterfly08

    Butterfly08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2020
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    22
    На 26ти месецов направи 9 месеци. Во меѓувреме излезе првото запче, по него второто. Од мирно весело бебе, ми стана бебе што цел ден вришти, само во моите раце бара, ако одам до wc како да ја колат (ги има сите знаци на separation anxiety), навечер стануваше ама ова веќе стана хаос на секои 45 минути станува. Среќа преку денот знае да поспие да здивнам. Второ дете ми е знам дека се ќе помине, ама сакав да си напишам ако некој ме прочита и е во паника да знае мајка не си сама ❤️
     
    На Hippie и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  14. medlove

    medlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    Дали некоја мајка може да ми пресмета кога ни е следен скок?
    Термин 26 јануари 2026.
     
  15. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    2.626
    Пол:
    Женски
    Сега сте на крајот на втор скок, следен скок ти е на 16-23 април, па четвртиот скок ти почнува од 7 мај до 10 јуни.
     
    На medlove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.039
    Допаѓања:
    15.313
    Пол:
    Женски
    Хорор, толку имам да ти кажам , еден од полошите кај нас.
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  17. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Уф, кој ќе издржи уште една недела…
    Не знам дали една од работите беше будење и плачење без причина ама еве се бориме со тоа. Прво не може да заспие или спие лесно и се буди на секој шум. Ама будењето е толку драматично со плачење без причина што цело маало го крева на нозе. Исто како повеќе да му се јаде деновиве. Не знам дали е од скокот или треба да почне повеќе да јаде…
     
    На Anastasia579 и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  18. medlove

    medlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    Ти благодарам на одговорот :D
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.