ее заборавив дека имам лулашка на тераса, ете ми даде идеја кога ќе се стопли со неа во раце на лулашка пола ноќ можда поише ќе поспијам
За спиењето и дојдов да прашам еве веќе 2 недели не можам никаков ред да и фатам. Успивањето е невозможна мисија. Очи и се лепат а не се дава за жива глава со саати се успиваме за да поспие 15 мин. Сама сум по цели денови со неа жива ненаспана сум и јас, спијам кога дремнува и она зошто ноќеска станува по 100 пати. За однесувањето сум искрено малку загрижена. Станата е агресивна, може малку тежок збор е тоа за бебе, и разбирам дека уште не знае како да ги изрази чувствата ама сите имаме гребаници од неа. Се плашам пошто треба да тргне во градинка во август а со други дечиња не е баш пријатна иако сака друштво, ама себична е и инаетчика. Со 2 месеци постаро бебе од неа си играа тоа машко плачеше од неа, го шутира, го влече…не знам…
Мојава нема проблем со успивање и ретко кога и да имала ама со станувањата да не коментирам, не ги бројам одамна и не глеам на саат кога станува. Да не те плашам ама кај нас пројде скокот, тргна во градинка и дупло поише станува од што цело време е со мрсули или кашла и капак на се вади и двојки и четворки и не знам више што све ја мачи. Така да скок не скок, мене ми е сеедно, веќе се навикнав да спијам така раштракано со будења од што ова си трае баш од роденденот а веќе е 13ипол м. За однесувањето не знам што да ти кажам, пу пу во тоа немала некоја посебна промена но секое дете своја приказна, секое на различен начин поминува низ новите вештини и работи кои ги сознава. Можеби е понапредна пример во тоа што сега го учи и не знае како да се справи со емоциите. Не и се секирај за во градинка, таму се обично бајчиња сите хаха. Мојава цела затната, отечена со забите, ќенкава, а во градинка викаат гајле нема си игра си јаде си спие. За градинка само маката се разболувањата ама тоа е, мора да стекнат имунитет.
Па дааа бе вчерс ми вика другарка до роденденот издржи уште нкоја недела ново дете ќе имаш после ново дете полошо