Со едномесечно бебе читам и се плашам од сеа шо ме чека. мислев ова станување у ноќ за ранење е страшн и ме остава без спиење.
И мојава е иста оваа недела, по 5-6 пати се буди ноќе ме исцрпи целосно. Бара да цица а знам дека не е гладна. Претходниот месец исто беше нервозна ама извади забчиња две па го препишавме на забите плачењето без причина. Сега преку ден е подсмирена ама навечер не се трпи. И од зорт ја научивме на спална со нас, сега оставање во креветче е невозможна мисија . А до 4 месеци знаеше и по цела ноќ да ја преспие. Што се случи којзнае. И преку ден кога спие мора да е со цицката во уста и шмука цело време оти цуцла не фати и ме користи како цуцла. Инаку веднаш станува. И да ви се пофалам се научи што е мама, кога ќе ја прашаш каде е мама се врти накај мене и вика Е. (Иако јас мислам дека мисли дека градите се мама ) А уште од 4 месеци почна да кажува мама ама само така си повторуваше како слогови без значење. Да се надоврзам на темата за мажите, мојов мнооогу ја чува малата. Околу се ми помага. Дури ја зима наутро кога ќе стане и ја носи во другата соба јас да сум поспиела повеќе. И менува пелени, ја храни, ја игра и кога ќе му дојде тешко и се јавува на свеки за да и ја однесе да ја почува ние да имаме малку мир ептен посветен родител е и срцка ми е. Јас пак си се научив на помош и кога е тој на работа одвај стасувам да јадам.
Денес влагаме во петти месец, 22 недела..има ли сега некој скок или што е работа..вриштење, два/три дена детево ми е непрепознатливо..кенка цел ден, сега едвај заспа инаку во 8 беше кома..се рацете му се во уста и е нервозно..
Има, има 5 ти скок кој почнува од 22,5 нед и остава трајни последици по спиењето или стручно кажано - регресија во спиење но после овој скок навистина се други бебиња. Зверот мој влезе во 6 ти, а од кај знам ?!? Почна пак да се буди навечер . Му го поместив заспивањето накај 21 часот со надеж дека нема да се буди често, ама џабе си се буди пак но затоа пак сабајле е умен до 6.30-7.00
Викаш сега ќе смени со спиењето? Секој ден е различен. Некогаш спие три пати по саат ипол, некој пат три пати по десет ѓинути. Денес сака креветче утре несака. Апликација вика уште 5 дена до крај на петтиот скок.
Веќе не викам туку се дерам за тоа што се буди навечер често. До 5 скок само по 1-2 некогаш ич не се будеше ама од 5 ти скок јас ненаучена да станувам по 100 во ноќ мајчето ми го расплака. Денски е супер и ок, спие 2 пати по 1.5-2 часа ама навечер ме нервира. Сега го тестирам на друга метода за навечер па ако ми успее ќе пишам. Како и да е после петтиот скок навистина добив ново бебе кое ми покажа многу работи што знае По термин
Ми стигна нотификација за 10тиот скок, последен по апликација. Од утре. Два дена е бајче. Баш ко пред бура. Прошлиот баш пишав дека го осетив. Ај да видиме како ќе ги испратиме скоковиве и како ќе дочекаме тантруми.
Овие скокови до колку траат? Завршуваат ли некогаш?? општо ме интересира. Инаку ние денес последен ден од 17та недела. Уште колку ли има од овој 4ти скок? Секој ден е различен денес е во фазон ќе дремам цел ден ама ќе се будам начесто и пак нема да бидам наспан.
Денес полудев начисто... цел ден со еден пола саат спиење, урлање,вриштење, едната изеде преку 300,350 може..и пак не спијат... скренавме начисто..и да синоќа пак еднава 5 пати се разбуди... уште 13 дена вика од 5тиов скок
Хаос... исто беше и кај нас. Но мислам пострашно беше после него , тоа што не е скок . Е мамето ми го расплака. Трауми имам еве сега пред да се успие почна па да кемка верувај се накостешив пак да не почне како до пред 5-6 дена. Да не може човек да се измоча,нејќеше ни да игра , ништо,само јас до него и да ми кемка во раце. Будење со вриштење