со "не можеш да ми помогнеш мамо зашто ни сам не знам што ми е" Таман дојдовме до крајот на 4тиот скок,еве сме 19та недела и баш сега ќе надокнадите за тоа што не поминавме многу лошо. Последниве 2 дена е оф леле. Среќа не плаче со вриштење инаку ќе ми го крене притисокот ама кемка се тегне се мава со раце на глава... Си викам леле чекај синко да го видиш животот каков е па тек после ќе се удираш во глава. Кемкање покривање раце во уста не знаеш дали гризе дали ги цица прстињата... На цицка кога цица кога не.... Среќа па спие. Генерацио вие како преживувате @Мариаа. @Yowannty.... Кој беа други??
Еј ја живци веќе немам . И ние 19 та недела , ама виде 2-3 дена маста ми ја извади. Ноќно време ми се буди на саат и пол-два, ако ме хо земам одма копа очи , дрпа нос ти се чини ќе се испоубие самиот. Нејеќе ни да јаде нормално, цица едвај две три минути и одма си ја вриснува се трга. Се надевам ќе ми се врати моето старо бебувче.
Мајки како го поминавте вториот скок? Бебе веќе неколку дена не спие никаде освен кај мене во раце, на саат ипол бара цице, навечер не спие мирно, нон стоп со нишкање и кога ќе го легнам во количка или креветче одма се буди. Инаку по апликација имаме уште 8 дена во скокот.
Кај нас беше 2 дена, после тоа почна да се смее бебе Цицаше на 1 саат и само кај мене у раце спиеше денски. Ќе пројде мајка.
8миов скок ноќва мамата ни ја расплака. Будење на секој саат со плачење ама плачење вриштење. Ахххх.. а громчето тек наредна недела е, значи уште полошо ќе станува. Со вриштењето и додека се смири и додека заспие, фактички 20 мин од секој саат сме спиени, плачам за сон. Едвај чекам да помине, некако најтежок до сега.
Дајте му на истражувач тема како на пример скок во развој и породилно отсуство и ќе напраи цела дисертација )) (ова јас) Интересно е што апликацијата вика дека бебето губи апетит и лошо спие во тек на скок. Повеќето од другите референци на интернет викаат дека детето бара често да јаде и дека повеќе од децата спијат многу повеќе од вообичаено затоа што тоа им е потребно за да пораснат. Во тек на скок на развој, бебето може да порасне и неколку сантиметри преку ноќ. Јас пред да имам дете појма немав дека постои скок во развој, ама секако е многу интересно да се истражува како бебињата се менуваат. Треба да направам и интервјуа со вас мајки па да донесеме заклучок кои се најчести знаци на скок во развој на децата во Македонија
Што да се очекува од 5тиот скок? Ние од понеделник почнуваме со 22ра недела (со Господ напред) па генерацијо спремате се
По термин бебо е 12+5, по раѓање 13+3. Овие неколку дена многу кратко цица, па пушта цице,па заплакува,пак се враќа, се тегне,мафта со раце,со нозе, го витка телото како кифла,си ја работи цицкава како цуцла лажливка... Си викам да не ја испразнил таа града,го префрлам на другата ќе поцица кратко и пак истото. После цицање градите сеуште ми се тешки, заради тоа не сум сигурна колку е најаден. Единствено ноќе кога спие цица убаво без вртење ,претање. Ги читав мислењата,ова се карактеристики на 4ти скок, а ние 12+ (недели) не ли сме во трет? Освен ова со цицањево,ново е ставање раце во уста,цицање палец, си ја фаќа лигавката со едната рака, се обидува да фати мече (му го ставам на меше). Со спиењето сега засега е исто. Едит: кога ќе размислам подобро сега кога му се спие се трла за лице со рачињата,ноќе заспива со цуца,по некое време прави бљак и ја плука, па во спиење кенка,се врти лево десно со глава,мафта со раце,му давам цуцла продолжува да спие.. Има ли чаре за цицањето? Што друго да очекувам и колку трае?
Oва сo цицањевo и мojата гo прави веќе некoе време се трга и плаче. Акo прoбам да и jа стават градата уште пoише плаче. Ќе jа свртам на друга страна пак цица некoлку секунди и иста песна.... Раче бутаме вo уста дури знае oд тoа да пoврати. Играчка не фаќа. Oчи мнoгу трие нервoзнo кoга е тазе заспана и без цуцла не заспива (вo спиење и паѓа).
Што се случува на 12 и пол седмици? Цел ден кенкаме, плачеме иако тоа беше ретко до сега, испуштаме некои нови звуци, од дремка се будиме со врескање? Нели е рано за четврти скок?
Ние сме 25та недела,една недела пред громчето , 4ти скок беше тежок, ама овој ме уби у поим. Од бебе што се будеше по 1-2 пати во текот на ноќта,наеднаш почна да станува на секој пола саат-саат/два преку сила ,и тоа не е од глад не е ни за цицање туку наеднаш почнува да пишти мижејки,ќе го земам во раце и си продолжува да спие,два три дена одбиваше да цица ,тоа беше до сега ,сега чекаме уште шлагот на тортата(громчето) и послем се надевам дека ќе имаме така малку полесен период
Петти скок Давајте помош, Лексилиум или јамката! Пишти бебе на цел глас, не сака да спие, те се смее, те плачи, абе немам ни нерви ни полојна веќе! Само со мене сака, малку да се тргнам вришти, значи повеќе не плачи него се дери луѓе (и мислам обожава да си го слуша гласот) Станва често за цицање, се прејадува - повраќа, па неможам никако никако НИКАКО да ја презаспијам си гуга си се смее во темни зори. Паднавме дома сите, дајте некој совет, ронка надеж Знам има некој пишувано наназад ама нонстоп ми се буди немам време да читам толку
@hristinan12 @Mia Fuentes нас па ко порано да не фати скокот. Навечер ко навиен на пола сат станува го земам за цицање 2-3 пати ќе тргне и заспива. Има ноќи каде ќе станува така почесто некогаш по пола саат- саат го шетам враце. Ноќеска само 2 пати стана (фала богу) цел ден кемка се кара не гуга веќе писка... Ајде вчера на лекар го носев да не му е нешто. Вика супер си е. Чат пат се смее кај мм е најмирен.
Биди среќна што кај маж ти е мирен,мојов кај мм никогаш не заспал а и цело време пишти од него кога е поспан,само дење знае чат пат да се позакачкаат и ништо повеќе
капак на се - настинав. Добра вест - поарно што настинав јас,да не се децата настинати. и да. Среќа некаде мирува ами да се маткаме цел ден во раце и да не се смири???
Епа ние така се маткаме по цели денови,цела се искривив веќе, и мускулите на рацете ми се воспалија ,еве дури сега заспа бебе конечно ,не знам веќе дали е скок дали се заби ,што и да е неиздржливо е веќе