мамички 6 недла сме нвечер 2 до 3 саати спие преку дење 1 саат и и по некоја дремак ама ако е во раце,го оставам во кревтче и одма се буди,дека сме и на доење и комбинирано незнам кога е гладен обично 2 до 3 пати му давм ад по 120мл денес само 30 мл испи,незнам дали е скок или такво е дњтето а и порано спиеше малку ама не до толку како тие 2 дена
28 недела сме - од 27 почна да се буди по еднаш и цело шише го пие со млеко - пред тоа си спиеше до 7 сабајле од 9 навечер без будење. Ќе се врати на старо?
Тие што се надносени бебиња, исто според термин се гледа или според датумот на раѓање? Онака прашувам, да знам што да очекувам.
4та полна недела, можно ли е да се работи за скок? Околу 6 часа пиштење со паузи, (на моменти се смируваше).
6 скок во пракса каков е? Само што ми стигна од апликацијата нотификација дека влага во 6 скок, одма промена во спиење навечер. Будење често, плачење, кенкање постојано и преку ден. Страшен ли е?
За разлика од останатите,6ти се покажа како не толку опасен по моето здравје. Може првата недела така кемкав беше,но потоа се посмешен и посмешен стануваше. Право човече. Се разбира мислам после 6ти скок
Мајки што го поминавте 4тиот скок, Ве молам да ми кажете како го поминавте, бебуш мој има 15 недели и однесувањето ми е збунувачко, неможам да разграничам убаво дали е скокот или го болат непцата за забчиња. Многу е кенкав особено кога спие, се смирува со цице, преку ден спие само по 30мин.кај мене во раце, ако го легнам одма се буди, ретко да се успие подолго пак во раце, многу се лигави и рачињата нервозно ги става во уста постојано, пред секое заспивање обавезно плаче и навечер почна почесто да се буди. Извинете на подолгиот пост.
Бебушката моја има 4 месеци и 2 недели, во последните недела дена а посебно овие три дена многу ми е кенкава, плачлива и денски никако да заспие, дали е скок во развпј бидејќи до сега не е била ваква. И дали може некој да ми ќаже кога се скоковите во развој, колку траат и што да се очекува?
https://www.pinterest.com/pin/290200769734370701/ https://www.thewonderweeks.com/mental-leap-4/ Еве малку има на овие страни. мислам помогнав Јас ја имам апликацијата the wonder weeks. Искрено моево бебе не го дрмаат скоковите. Откако е родена си спие цела ноќ. До сега само една ноќ се разбуди и заспа после 1 час. Преку ден е претежно мирна си спие неколку пати си јаде. Бебе ко бебе ќе кенка но кратко време обично кога и се спие. Во главно е многу мирно бебе. Не знам дали е нормално ова со скоковите што не ги осеќаме??? А се убаво се развива. Сите промени што се својствени за бебе после скок ги доживуваме. Иако за синко не знаев дека постојат но паметам дека него го дрмаа. Посебно за спиење. Од 4 месец жива ненаспана бев.
Некои бебиња спијат повеќе за време на скок. Од тоа што читав, сосема е нормално некоо деца да не покажуваат знаци на скок. Ја имам и ја апликацијата и мислам дека дава крајности. Пример, сега бебе е во 4 скок што трае 5 недели, и точно, плаче без причина, плаче хистерично на моменти, бара во раце, плаче од непознати, ама не е секој ден кенкав. Е сега има денови и коа е ептен тежок, ама има денови и кога е супер. Така да, секое дете различно.
6ти скок, манифестации? и како најлесно го пребродивте??? за 3 дена влагаат во 6ти, ама еднава овие два дена скроз смени ноќно спиење...се буди на 2,3 саати... презаспивањето е агонија тешка.... дали е веќе влезена??? оф...