како го поминавте 9тиот скок тие што го имаат поминато нека кажуваат чаре врв ми е од сите овој деветти а и како порано да почна... @TeddyGrey мислам дека кај вас е поминат или грешам? уште овој и следниот и толку од скокови
Знам дека го спомнав тука 9тиот, побарај наназад мое мислење во темава. Беше страшна неподнослива со вадење 4ки гратис.
6 ти скок од кога почнува? Имав јас скриншот од апликацијата тука ја најдов ама до 5тиот скок беше после 26та не знам како е редоследот. Ако некој има да сподели сликиче да сум во тек одприлика....
Сега мoменталнo е баш и грoмчетo, бидеjќи бевме сo ист термин. Скoкoт пo апликациjа е уште 17 дена. Немате прoмена вo oднесување на бебе?
Па во цицање и спиење нема, се е како претходно. Можеби малку во промена на расположение,баш вчера во сити мол пред лифт си играме се смее,влегуваме во лифт вресна да плаче. Ова со врескањево два пати и во сон му се случува навечер. Друго не знам што да очекувам.. Кај вас како е?
Седми и осми како споени ќе ти дојдат. Ако те поткачи и вадење заби и 9ти ќе го споиш со нив. Исто како и сите останати плачење од нигде никаде, станување на пет минути, нервоза, нејадење итн. Јас некако како да отрпнав или скоковиве траат кај мојава само по два три дена интензивно. Потоа се враќа по старо. Уште 10 ти од кој никој не се пожалил и чао. Најстрашно ги поминав 4ти, 5ти и седми. Друго се е гола вода засега.
Кога сме кај скоковите, да ми пише некој. После 6-ти слок ке престане ли ова штичење и тегнење на уста? Ме откорна детево И да, ќе почне ли конечно да лази
Ќе почне не се секирај,може и да прооди па да почне да лази. Мали на 9месеци му излезе заб,па следниот ден почна да лази. Така му доаѓа после 6ти. И нема да престане да корне и штипа и каса и да ти ги проверува забите. Ние дека во 7ми сме ама човече во 20:00 заспива во 00:00 еднаш, вп 02:00 два пати и во 05:00 си станува спремен за игра. А да не пишувам како спие тој период си седнува си лази и зборува језив е малце. И така останав будна цела ноќ
Синоќа исто тоа хо правеше. Се врти на меше и се дига на коленици. Додека цица иста песна, она се врти на меше и цица