Мајки, на прагот на 4 скок се моиве близначиња. Што да очекувам?? Тешко ќе биде, м? А таман си дојде се на своето. Офф... Ја означувам @Adams, очекувам веќе да ве дрма скокот генерацијо
Ние го поминавме без многу драми, два три кризни дена имаше кога не знаевме на кај тераме ама помина брзо. Плачење без причина, одбивање да цица и почесто будење ноќе друго се си беше исто.
Само што го поминавме. Искрено очекував полошо да биде Плачеше хистерично без причина од нигде никаде, не сакаше во раце кај никој освен кај мене и кај маж ми, некои денови заспивање преку ден беше борба со плачење пред заспивање и дремки само по 20/30 минути. Навечер само 2 дена се будеше повеќе пати. Искрено само тоа плачењето до зајдување буквално без причина ме вадеше од такт. Мојот е многу лаком и до сега нр сме имале проблем со одбивање да цица
Ние не го осетивме. Само една или две вечери заспа плачејќи по 2-3 мин и толку. @Мариаа. И @Yowannty знам баш убаво го осетија
Како го поминате скокот во 60та недела? Пред 60та почнува и така сме и ние, точно од вчера. Едвај ја успавме со мм и пак врискаше. Не даваше да ја легнам на креветот никако.. Сега за сега само околу спање, друго што има промена?Ај пишете тие што поминавте. @TeddyGrey ти мислам се жалеше Инаку и од минатата недела е на 1 дремка само и легнува во 20ч, ќе остане ли вака или и ова е период?
Јас ги осетив 9тиот и 10тиот, да. Ми стануваше ноќе т.е. плачеше во сон. Денски беше развриштена, али кратко траеја некако. После годинката е нормално да смени на една дремка. Мојата од коа смени на 1 дремка, никад не се врати на две, освен кога е болна.
@BabyT* и синко е во 9ти скок,62 недела од денес. Денски има само една дремка веќе 2 или 3 недели,ама сабајле станува во 10 или 10 ипол. Преку ден,еве неколку дена е залепен за мене,не ми дава да мрднам никаде. Дури не дава ни да го оставам на земја да се играме,се во раце сака да ми е. Од вчера почна да ми приплакува во спиење и ептен често да се буди,среќа брзо заспива повторно. Навечер е многу тешко да го успијам,се гледа дека му се спие,а вришти,не дава да го успијам. Плачки пред спиење се обавезни. Ваква е состојбата кај нас.
Мајки кои го преживеале 6тиот скок, дали спиењето се враќа во нормала? Ништо друго не ми е проблем освен спиењето навечер. Буден е секој пола саат, се частам ако издржи саат ипол. Две недели сме во скок и две недели немам спиено.
Исто дури и денски е некако растревожена, не заинтересирана ни да си игра, ни ништо. Ако мрднам еден чекор иде плачејќи и се закачува околу нога како коала, само мамо, мамо вика. Навечер исто вриска, и прета со нозе, па ќе стане, додека не а земам во раце не престанува, и тоа да ја лулам на силно пуштена , па неежно ја легнувам да не осете, додека уште и го мрдам газето. Вака едно 5 пати навечер. Ако е вака уште 4 недели, не ми бега некоа психијатриска установа @day.dreamer ќе се управе и пак вака до нареден скок
Моето сеуште не е вратено во нормала. Ме пукна. Синоќа 6 пати цицаше. Вака не ми било ни првиот месец
Исто, само првата недела цицаше толку често. Од втората почна два пати да се буди. Сега секој пола саат или саат. Ни цуцла сака ништо. Воведов и вечера, ама џабе.
За 4 дена правиме 2 месеци, една недела не знам кај терам, дење и онака веќе месец дена не сака око да склопи дома само ако е надвор ама на вечер.. тоа претање, немирен сон ужас. Си лежиме на кревет се смее ужива посебно гола и наеднаш кенкање, не сака ни 5 минути да поседи во релаксаторчето сама, да не е марамата за носење, јас не чешлана ќе сум нон стоп. Таман почна да си заспива секој ден до как 8 и пол на вечер и да се буди тек во 3, ова ни се дешава гледам промени кај неа, почна да ми се смее кога ќе ме види, го врти главчето на пресоблекување или играње таму кај што ќе отидам. Ама читам дека скок во развој трае 2-3 дена, не недела.
Ако останативе скокови имавме кризи поизразени или дење или ноќе,овој 9ти имаме 24 часа или пак сум заборавила како беше,дека поминаа . По цел ден фластер за мене,ама не сака ни да се заигра,се во раце. И ноќе приплакува и се буди и многу цица. Еве пак почна ноќе да ја преполнува пелената и да му пропушта од често и количински многу цицање ноќе. Така ми правеше и во 8 скок кога беше. И многу промена во расположение има. Знае додека седи да се засмее за нешто или додека го успивам,таман мислам дека заспал,станува и се смее ептен на глас и пак легнува,а ништо не гледа на што би се смеел така,ваљда нешто си замислува @BabyT* прави ли и твојата така?