Исто. Го успивам. Поминуваат 15мин,се враќам он лази по креветче напред-назад. Не знам што друго освен неспиењево да очекуваме. Ќе не утешат ваљда другиве што го поминале.
Идам ама на кафе и подршка, бидејќи ако знаев совет ќе си го применував Од кога е 6 скок. Мојата ноќе спие но кај 4-5 се буди нинџа во кревет Ела веднаш да презаспие. Така до 6 тера. Среќа некогаш сама игра и не ме бара па може да презаспие. Е денски е маката. Заспива и по 15-30 мин се крева ко желка. А спиеше по 2 часа. Ништо не можам да фатам. Почнав ручек навечер, алишта, перење пеглање ноќе, ко зомби сум. Сите со карнтинов + кг јас сега сум -3. Благодарение на скокот.
И ние имаме промени ваљда до скокот е. Ноќе и така стануваше едно сто пати за цицање, последниве две вечери плаче кога се буди. Денски го заспивам по пола саат за по 20 мин да стане, наспан. Со јадењето кога како, некогаш едно лажиче некогаш едно мало тегличе...повеќе од тоа, ни случајно. Кенкав денски многу, ни легнат ни седнат ни во раце...не му се погодува. А може и заби да се во прашање, немаме ни еден.
Здраво. Бебе е за 6 дена 5 месеци. Веќе 2 месеца е нервозно, и преку ден и навечер. Му го препишав сето тоа на 5тиот скок. Ама откако почна скокот се поремети и доење и спиење. Сега не можам да му го вратам редот никако. Гледам да одам по неговото темпо, ама ништо не му се погодува. Гледам за 5 дена нареден скок, 6ти, нели е рано некако, колку што сум информирана тој скок е во 6ти месец, или сум некаква грешка? Навечер едвај ги преспива два часа, на цицка дреме цела ноќ, враце кај мене спие, а го ставам во креветче се превртува, дури го заспијам ете го пак се разбудил за цицка Некогаш има грчеви, некогаш само си цица, преку ден на 1-1ипол час сака да цица. За гладен не верувам да е, супер си напредува најмалце 800 гр има качено за месец, а најмногу 1200. Атопичен дерматит има, дали од него нешто го мачи, го чеша неам појма. Сакам некој ред да му фатам. Ме интересира каков ред имаат вашите на негова возраст. Секој совет е добредојден.
Леле генерацијо ние уште не сме влезени во шемата си скок. Ама околу спиењето почесто се тегне навечер. Па некогаш морам да го призаспивам враце.
5 скок уклучен на најако... Спие па вришти у сон, па пак заспива и така у круг. Преку ден по цел дома не се доседува, раце ми паднаа, во раце се смее, а седнеш плаче.. цица и рже, се тепа со цицката, се тепа со мене...Се надевам нема да трае 4 недели ко шо пишува у апликација зошо ко што не можеме да излеземе и не може ни баба му да го причува ќе побудалеме..
Може линк од апликацијата? Како да ја познам која е? Има една за спиење, таа е два долари и друга со аудио-книга, таа е 4 долари
Кога е првиот скок? Негде вели првите дена 7-10, а негде пак на 3 недела или 4та до 5та. Што е точно? И како се пресметува? Од крајниот термин кога требало да се роди или од денот кога е родено?