Ние сме влезени во 35 та недела. Почеток на 6ти скок. Да велам фала му на Бога што уште не ми ги покажал роговите или како?? Што да очекувам?
Што да очекувам од 7ми скок? Влезе веке и 3 вечери е неподнослива,душа вади дур да заспие неможе да фати позиција да се намести, со саати е молење да заспие, никогаш не праела вака. Легнува во 8ипол, за пола саат е станата и до 12 се мачиме 3ноки по ред
Ајде помагајте и за трети месец скокот што друго да очекуваме освен несоница и кенкање нон стоп. Ништо не ни се погодува.
се самоцитирам зашто побудалена сум колку трае чудово? Би била благодарна ако може некоја од вас да сподели
Само што ја симнав апликацијава. Ние сме во сред 4 скок, следна недела е громчето. Бебе слабо јаде, преку ден многу се успива, а навечер закенкува на секој саат. Ќе се мрднам, јадењево највеќе ме секира ама мора да издржиме..
Може ли помош околу симнување на апликацијата. Не ми прифаќа податоци. Троцифрениот број е тој на задната страна на картичката во белото поле?
Ние сме уште малку во трети месец, јас се уморив и пропуштив психички, помагајте. Навечер не спие во креветче само во раце сака, таман го ставам во креветче почнува да кенка, барем еден сат да спиеше... Скок е или што е?
И ние сме влезени во 35. Се го интересира, секаде се ѕвери, се сака да дофати , да проба. Од нигде никаде си ја вриснува, ама каква глума прави дури смешен ми е , вика демек плаче а ни солзи ништо. Почнува со глумата и не гледа во очи дали ќе го земеме во раце, ако не го земеш одма е тогаш почнува да ржи. Врв на сето ова ни е што ни излезе едно запче, а и друго ни е на повидок. Се надевам нема да има некои значителни промени во однесувањето, засега се трпи ова, не е нешто лол.