Колку време трае тој "скок во развој" ? Скоро месец ќе не фати, малата уште одбива да цица. При крај сум со нерви веќе А се си е весела, нормално е се, ама кога ќе дојде ред за цицање, се корни од плачење. Навечер нормално си цица, ко ништо да не било.
Зависи кој скок, тој на 3-4 месеци е ужасен и најизразен и може да трае и неколку недели. Кај нас траеше околу 4
Ние ќе правиме 6м уште малку. Како и сите скокови до сега што ги имаше пред време недела - две, мислам дека и сега иста фаза минуваме. Мн е поплачлив, спие мирно среќа, ама ми менува, сака во раце често што досега не било .... Или се заби или е скок, ама колку што гледам абер нема од заби вадење па мислам дека е второво.
Ние сме 18та недела и мислам дека го имаме тој скокот кој може да трае 5 недели. Јас ја читам книгата се вика wonder weeks и таму се убаво објаснува за секој скок. Ако не е скок ќе полудам. Вака сме веќе неколку недели )))
Може ли ако не ти е проблем да направиш принтскрин од книгата овде за скокот во 18+ недела? Ако не е многу, се разбира...јас читам нешто на интернет, ама нема се..
Ја гледав табелата за скоковите и што да ви кажам,според неа бебињата и децата додека да пораснат цело време се со скокови. Па и пубертет е скок во развој. И јас имав скок во развој кога станав мајка Заклучив дека не постои такво нешто.Секое дете на различен начин манифестира растење и психички развој. Разликата во однесувањето се должи или на некоја нелагодност или болка.Во првите шест месеци грчеви,потоа вадење заби итн. Тоа е само мое мислење Не дека не сакам да верувам,туку е многу нелогично цело време да имаш нерасположено и темпераментно дете заради скок во развој. Друга работа е што знам дечиња што воопшто не манифестирале промени на одредени точни периоди.
Познати психолози направиле цело истражување и врз основа на резултатите напишале книга која прилично сликовито и точно ги опишува скоковите во развој, поточно mental leaps. Сигурна сум дека ако ја прочиташ книгата, ќе се увериш дека скокови во развој има, и тоа како. Ја имаш на интернет, The Wonder Weeks.
Читав ама пак некако со моето не ми се совпаѓа ништо.Ниту пак педијатар имам слушнато да каже 'Еј чекај,не му е ништо има само период на скок во развој'. Теоретски може да помине,пракса верувам дека уште испитувања фалат за да се земе здраво за готово. Иако,не велам не.
Јас ја читам на Kindle. Ќе побарам ако може во пдф да ти ја пратам. Инаку верувам дека постојат скокови во развој но различни бебиња различно минуваат низ истите. Некои полесно минуваат низ фазите на спознавање на светот некои не. Исто и периодот може да варира во зависност од развојот на бебето.
Пробав, се зачленив и јас, ама колку што можев набрзинка да видам, во примерокот што ми го дават има само до wonder week 8..за цела, треба да се купи..
Мајки возможно ли е да има скок во развој на 11 месеци цело време ми е залепен на гради навечер станува сто пати кенка ауфф ???
Помеѓу 40 и 44 недела, вашето бебе може да покаже знаци дека е подготвено да го направи следниот скок во развој. Често плаче и е лошо темпериран или несигурен Весел е во еден момент, а плаче во следниот. Се прилепува кон вашата облека или сака да биде поблиску до вас Дејствува невообичаено слатко Дали е немирна? Фрла ужасни безумства, ги фрла повеќе од порано Е љубоморен Дали е шејмер со странци отколку порано сака физичкиот контакт да биде потежок или поблизок? Лошо спие Се чини дека имаат кошмари, или ги има почесто отколку порано Го губи апетитот Понекогаш само седи таму, тивко мечтаење Одбива да има пелена изменета Sucks палецот, или го прави тоа почесто отколку порано Сака да се умилкува со играчки, или го прави тоа почесто отколку
Дали има скок во развој на 6 и пол недели бебуш е многу вознемирен и спие по 20 минути на скоро 4 часа
Majki vo 18 nedela ima li skok vo razvoj?Moze nekoj da mi pusti sto se slucuva vo toj skok dokolku go ima.Cudno mi e odnesuvanjeto denovive na malava.
Тоа му иде некаде околу 4 и пол месеца така? Не знам дали е баш скок во развој, но тој период почнуваат да разбираат по нешто, се плашат од непознати, моето тогаш интезивно бараше да цица и мислев дека е гладно, бев на два ума за дохрана но почекав до 5 ипол. Нон стоп во раце и така натака. После секој ако може да се нарече скок во развој, правеше нешто ново, гугаше, нови звуци, нови движења, тогаш научи да се превртува и од грб на меше и обратно.