Дечки, колку трае(ше) кај вас 4тиот скок? Дајте надеж дека ова е минливо. Заспива околу 21ч. до кај 12 -1 спие, па се буди за цицање, па од полноќ на секој час или два. Спијам во движење. А домаќинство чека, и тоа ќе фати нозе.
Некое инфо за скокот што е од 71 недела колку трае што се дешава, кој скок е по ред и дали е последен?
До сега скоковите ни беа како по книга, иако не толку опасни. Ама осеќам овој ќе биде нешто спектакуларно. Веќе 5 дена е влезен во 34та недела, овие два три дена еден куп нови ствари прави - почна да си шмука стапала, седнува сам, испушта нови звуци да да да бла бла бла итн, па нешто испушта глас аааа ама со шепот...ама и внимание бара 300%, се буди 156948 пати во текот на ноќта, па и тешко презаспива мора да го земам; денските дремки по 20 минути му станаа, не успевам да го презаспијам и цело време е некако поспан, а во исто време и хиперактивен. Згора на тоа уште нема запче, ама дооолго време му е набабрено непцето, па мислам дека и тоа дополнително го мачи, некако деновиве мислам дека гледам белузлава линија... Не ме чуди што пола минута е весел, па кенка, па пак се смее, сѐ му е насобрано изгледа. И мајка му ќе полуди па сѐ изместено нека биде. Има некоја слично искуство да се тешам?
Моево е вакво, 32 недела сме. Нема скок, ние сме во вечен скок. Станува навечер 928282 пати, ржи, пишти, се лигави, спие по 20 минути и дење и ноќе па се буди, крај не му се наоѓа. Па ќе фати да се смее во глас. Во раце сака цело време. Мајка полудува. Истово ми го правеше пред 2 недели, бев убедена дека ќе излезе заб ама ништо, па се смири и почна само за цицање да станува по 2 3 пати (се препородив), сега опет шема лудница. Забите 2 му ги гледам 3 месеци уназад ништо, абер нема. Не знам дали ќе извади заб ни сега, не знам од каде вакви промени во расположение. Додека сфатиме што им е ќе пораснат
Како се вика апликацијава? Таа што ја имаше во скриншотите. Незнам зашо у коментаров не се појавија сликите
Леле истата приказна... За спиењето, во овие 8-9 месеци, на една рака можам да избројам колку пати сврзал повеќе од 3-4 саати. Само генерално бил многу мирен, никогаш не плачел, на пример навечер он се врти лево десно, или се чеша по глава, уши, и така се будел а не со плачки. Ама овие два три дена маста ми ја извади што вика баба ми. На сеееекое приплачува, почна да кенка ако излезам од соба, ако го оставам на земја, а тежок е човече, рацеве Попај ми се од него. Дај нека искачаат тие заби нека поминуваат овие три четири недели, ќе пукнам. А до тогаш ќе гледам со кафе да преживеам. (Инаку имам пробано да не пијам воопшто кафе со денови, никаква разлика не прави во неговото неспиење)
Можно ли е да е скок? 7 недела сме.. Бебе сака д цица многу ама кога циц се лути нервозно е се вцрвенува, вади цице па пак нурне па пак цицни неколку пати и пак се лути.. Вчера беше потежок денес е подобар спие повеќе..
Ние сме во втор скок, така беше плачка сега е и многу нервозна, спие по максимум 30 мин, станува со плачење и очите и се црвени од што не е наспиена. А за цицење никогаш не е била таква се нурка нервозно ќе поцице ќе пушти па пак исто, клоца со нозе цело време.ќе одиме кај мајка ми таму е смирена се смее, дома цело време сами лудница ќе фатам
Ние од денес по термин 51ва недела. Гледам тука е 8ми скок. Генерацио помина некој,влезе некој во скокот да каже како е што е што да се очекува? Кај нас промени нема па да знам што ќе биде. @PoisonGirl @Yowannty @Мариаа. @Presrekna
Ние за 2 дена 49 по термин. Мирни сме сега, уште е сончево. Бурно беше и после скокот претходен кај 47 недела. Ќе видиме. Тука би ги тагнала и @Mia Fuentes @ocicka2014 @The Unicorn .