Еве кај нас веќе е почнат. Засега ми одбива втора дремка и навечер вика во сонот (можи да е и до заби?), си седнува во кревет и си брбла сама. Многу е повлечена пред непознати, или се должи на скокот или на изолацијата. Со мене си доаѓа во тоалет, нема шанси сама да остани. Нема апетит, се молиме за јадење. Е сега има и позитивни одлики; кажва кај и е косата, окото, забите. Вади чинии од елементите и ги враќа назад. Цел ден можи да вади и клава капачиња од парфеми, тегли, термоси. И ред други работи Единствено шо ми смета е немирното спиење.
Ние веќе тераме 50та недела, а баш си мислев сабајле да проверам да не сме во скок. Два вечери по ред не сме спиени ни јас , ни мм. Врискање, плачење во сон, липа дури без солзи , неможеш да смириш дете. Вака преку ден во однесување баш и нема некои промени засега освен тоа што е залепен за мене.
Ние само што влеговме во скок намали на една дремка од две. И ако му затвориш врата од негде кај што сака да влезе се траска од земја и плаче. За се плаче што нема да му дадеш. И како лепенка е за нозеве сака во раце и да гледа што правиш (кога сум во кујна, кога пеглам, кога си мијам заби...) И фалат уќте две раце за да го држам и да работам по дома нешто.
кај нас едната дремка е некако преполовена а втората е обавезно 2 саати. Го чекам денот кога од две ќе преминеме на една дремка. Последниве 2 вечери навечер јас не видов ноќно спиење. Се врти не може да фати положба па се буди па не знам што.... Окапавме цицајќи да прозаспиеме. Повеќето веќе проодеа а ние тек научивме да лазаме. Знае сам од легнат да седне од седнат да се сврти да лази. Затоа па може и навечер се развртува во кревет. Покажува со прст кога нешто сака или нешто ќе забележи и ако не му обрнам внимание ми ја врти главата на таа страна па после ми покажува. Смешки е. Ако види дека некој познат (обично татко му) замине какво рикање паѓа.... Не знам што би нека да очекувам од "тешките денови"
Me zbuni ova so skokovite. Negde neli niz temava pisese se smeta od terminot (ako ne se lazam toj za piragaj sto e) negde od koga ke se porodi. Bebuska od sinoka mi e smenet kompletno denes ne spie ako e na cicka ili v race ke vrzi dremka vo sprotivno ne. Inaku 6 nedela e od raganje. Ima li nek9j skok ovoj period?
Првиот 3 дена траеше, по цел ден и ноќ на цицка, кенкање без потреба ама секако новороденчиња само тоа и го прават, па не беше страшно. Вториот скок според апликацијата трае 2 недели ама јас ја осетив само втората. Раце ми паднаа, само во раце сака, исто цицање и кенкање. Третиот скок беше јак само првите 2 дена и заврши. Барајте си помош кога се во скокови стварно е напорно.
Дали сме во скок и дали ова ќе престане?! Мислам дека ќе полудам Се беше нормално до пред 5 дена... Од почеток сме и на доење и на АД, немам доволно млеко... Одеднаш бебе почна да не го сака АД несака и несака,кога му го приближам шишето почнува да вришти, да се тегне и по доооолго молење ќе успееме и тогаш многу алчни го јаде, сменив и млеко и пак исто... Ама секое јадење е мака... града сака ама по некое време почнува да си игра... Исто така сака цело време да му е цуцлата лажливка во уста... Дали е скокот, иначе сме 12 недели
Истото ми го правеше баш пишував на форумот. Околу една недела траеше, го доев со тропки, тв, на нозе со думкање, стави шарен ѓердан или нешто интересно на врат. Најмногу ми успеваше ноќеска или преку ден кога го заспивам, пред да заспие кога е веќе сонлив му давам неприметно. Ама најдобро е ноќеска.
Потоа се врати во нормала? Најголем проблем е што ние сме и на дохрана не само на цицање... Дохрана та не ја сака а цица исто како порано, што не му е доволно...
Во истиот скок е и моево. Но не ми одбива ад, си цуцка, но кога цица дење, тогаш се тегне, се трга, па со нурнување се враќа да цица, подолго време ми треба да го заспијам и сл. Ноќе досега не ми прави проблем, си се однесува како и досега. Јас не го заспивам во раце воопшто, со лежење цица, го галам и така заспива. Навечер пред спиење го дојам во раце, се гушкаме, задремува и после го префрлам во кревет. И после скок секогаш повеќе млеко ми надоаѓа бидејќи цел ден сака да е на цице.
Да, почна да се враќа во нормала. Нека си цица преку ден (колку имаш толку), нуди и ад ама ако не сака не можеш ништо да направиш. Навечер кога ќе го заспиваш шишето до тебе и пробувај.
Втор скок страшен по цел саат е на града па ќе заплаче, па ќе се смее па ќе се гали ќе се успие,се тегне за града кога ќе ја тргнам плаче.се надевам дека од утре е веќе крај на скокот.
Тој скок и таа 12 та недела доживотно ке ја паметам. 02.09.2019, дете вриштеше цели два часа без воздух. И згора на се, прими тој ден и вакцина. Храбро го газиме сега 9-тиот скок. Уште две недели само