6 скок.. До вц бев, бебе урлаше како да сум го напуштила засекогаш. Улипан кога се вратив со солзи крокодилски. Пресоблекување научна фантастика. Не можам јадење да му направам без плачки.. Ама истренирана сум веќе, цел ден брканица да не пишти
Леле луѓе, што зборите бе? Мојот денеска пак 2 саати си ги изрика, веќе една недела сме вака и си викам само нека почне тој скокот, се ќе издржам само да не се грчи веќе од болка.
Скокот што почнува во 12 недела, прочитав дека трае месец ипол. Ние сме на праг на тој скок, ако веќе и не сме? Дење слабо спие. Ноќе станува на еден час. Цица само ноќе, ретко денски. Само сака во раце да е. Господ нека ми е на помош.
Чекајте, во 12-та недела е скокот што трае една недела, од каде сега пет недели. Пет недели трае четвртиот скок и почнува од 15-та недела.
Ова со скокови ептен зафркнато. Колку и да трае стресно е. Еве синко денски несака да цица. Вришти. Па правам АД. До кога вака незнам?
Bebac пред некое време во темата Доење баш се коментираше баш за овој период дека бебињата одбиваат да цицаат и дека поголем дел од мајките посегнуваат по ад, што е огромна грешка. Пробај на секаков можен начин да го залажиш да цица, дали темна просѕорија,дали нешто ставено на тебе,дали ќе го доиш со шетање,со менување на градите ако плачи од лева ти преместиго на десна, дали со тропалки, или пак нешто друго ти сама одлучи ама не посегнувај по ад затоа што тоа е само период и ќе помине многу брзо, а постои шанса после тоа да не ти ја сака градата туку шишето
Не прави ад. Давај да цица во темно, нека цица додека се движите.. Неколку дена се во прашање, ќе му помине
За да не плачи многу скокам на пилатес топка особено во скокови многу ми помага, и сега а заплаче веднаш почнувам
Бебето да ти се промени засекогаш.. Шала на страна, ова е голем скок, бебињата почнуваат да стануваат свесни за сѐ околу нив и разбираат повеќе. Еве ти од апликацијата
Леле ме фана страв, веќе ги осеќам промените Само нешто почна преку ден повеќе да спие, претходно не спиела, а навечер почна да ми се буди повеќе пати за цицање и после не сака да спие сака да гуга, ова за сега го приметив како промена. И синоќа се жалеше многу.
Ќе помине, ќе пораснат.. Јас така се тешам, зошто мојов од тој 4 скок навака еве го скоро 8 месеци е, не ми спие како што треба. Чекам втора регресија на спиење, а уште не сме излегле од првата. Цел ден и ноќ се презаспиваме по 100 пати, ако спои 2 саати навечер славам, па ти види колку спие . Ама се издржува се, после ќе бараме да не гушкаат вака