44 та недела тераме, се мрднав веќе ноќе се буди со плачење и само дреме на цицка. Дење е хоророт, јас работам тој ме држи за ногавица и вришти. Само кај мене сака да седи, ако види дека ме нема во собата одма урлање. Заби не му растат, има осум извадено останатото е мирно значи не е тоа. Можно ли е вака да го манифестира скокот како лепенка за мене? Претходно се заигруваше, седеше со сите, сега не се трпи, ништо не му се погодува. Имал ли некој вакво искуство?
Сличен е и мојов 45та недела е. Што викаш јас готвам он по нозе ми се влече,сега па кога се научи да станува ,ми се тегне по нозе да стане. Една вечер цицаше,го легнав во креветче тргнав накај вц, а не бил заспан кога викна да плаче како да му ја украде некој мајка му Ајде сите тројца во вц мама да моча.... Исто ми дреме на цицка по цела вечер Викаат скоков до 46та трае
Исто значи, скокот е сигурно. До сега не сме имале многу отстапки со другите скокови ама ова е страшно. На коленици клечи и цица
Мамички ете јас пишував за скокот во 12та недела, бебе одбиваше храна, се мачев е со јадење и вистина тоа траеше една неделна и преку ноќ се смени но сега имаме друг проблем, сега многу јаде... Продолжи да цица и плус дохрана, испива се, 90 120мл до крај... Јас му го тргам шишето и почнува да се тресе да бара уште да плаче ама она хистерично... Многу ми е страв да не го прејадувам а пак да му го прекинам ептен плаче, незнам што да правам... Иначе бебе е 3месеци и 10 дена
Ние сме во трет скок таман немаше зајдување, еве ја два дена по ред косата ми паѓа. Сака на стомак за секунда се завртува па ќе креска. Ни во раце ни во релаксатор, количка веќе е научна фантастика. И направив ад испи 20 мл, мислев гладна е ама повраќање многу. Од скок во скок се полоша е
Ако се сметс од термин, термин ни беше 15 јули, значи ако добро израчунав 7 нед сме? Овие 3 4 дена навечер пишти како да го колат, штрајкува со глад и така саат време и после кало ништо, и се буди мн сношти на саат саат и пол, само враце, незнајш шо мму е и шо д му прајш. Ако не е скок тогаш што е?
И мојов овој 7 скок најлошо го поминува (44 недела сме). Исто е лепенка, ако отидам у вц со брзина на светлината се лепи за врата, станува и стои така и плаче до зајдување додека не излезам. Плус му искачаат 4 заби одеднаш. Хаос. Уште 1 недела има, зошто почна 1 порано. Едвај чекам да заврши.
Good morning, mommies! Ај бидете фини и кога ќе можете, еден скриншот од скокот бр. 5 да закачите тука. Ме интересира да видам после скокот, бебе што е способно да прави. Убав ден
Здраво Ќе може ли некоја мамичка да ми направи скриншот за 3 скок ? И некоја мајка да сподели како го поминала третиот скок и колку време трае, малава моја си беше мирна , во релаксатор си уживаше, веќе два дена е кенкава без причина никако не и се угодува ,тешко заспиваме дури во 3 часот ,а почнувам со успивање кај 11 и 12 , нервоза ме фаќа дурии
Една недела е скокот според апликацијата. Малку неколку дена му се поремети дневното спиење, а мислам дека ноќе само плус уште еднаш се будеше за цицање. И повеќе бараше на цице да е. Малку ме шизна, но ме истренира за четвртиов скок
Ете кај мене па не бара на цице постојано , нормално си цица , преку ден исти и се дремките Ама ова навечер и е ново , неспиење до 3 ноќе ме излудува , па пазиш да не тропне лупне нешто пошо одма се буди