Тантруми? Зошто ова денеска прва пат и се случува.. Стана од спиење и 1 саат плачење со заоѓање со сѐ. Никако не можевме да ја смириме. Ми се скрати животот...
Па до година и пол ги имаме скоковиве, после веќе не знаеш што те чека. Се зезав малце, во секој случај навистина е забавно. Може нешто сањала. Најди ја темата за Ноќен терор.
Ima li skok vo 9 mesec i ako ima sto da ocekuvam, nie za nedela pravime 9 meseci, cel 8 mesec go pominavme so budenje na sekoj 1 saat citam regresija vo spienje vo 8 sega i skok ako ne fati, .
Па има громчето е во 36та недела, не знам како е твоето по термин. Моево најискрено релативно лесно го помина сега кога ќе размислам, само што се будеше многу. Ми се чини во тој период и скрати една дремка. Другите лудории ги препишувам на фактот дека расте.
која недела е ова? Мојот од пред 3 дена е чуден се за нешто плаче кенка ништо не сака ни релаксатор ни играчки 5мин игра со една и плаче и вика. 16 недела сме од пораѓај 39-1 сум породена. Можно е да е скок или рано е? Не пратам нешто многу, ама сега ги прочитав тука некои работи што ги прави.
4рти скок сте, од термин се смета што значи сте 15та недела од термин а скокот почнува од 14ипол недела (трае до 19та ипол од термин)
Седми скок, помош. Кенка, во раце да е цело време, плаче, вришти, се буди навечер со плачење, дури цивка во сон како кутре. Во овој скок ли почнуваат (или се интензивираат) кошмарите? Па и цицањево го комплицира. Сака качен на мене да цица, или стоејќи. Кога се буди веќе не се смирува со цицање. Згора на сѐ и ми поткашлува, уште тоа ми фалеше. Еве веќе е два саат, уште се врти низ кревет и подцивнува. Спие, ама понемирно од било кога. Уште три недели... Се тешам само со фактот дека и во овој скок многу учат па ќе ни биде поинтересно понатаму...
Бебе денес 4 месеци. Дали е во 4 скок? Веќе незнам каде терам. Плаче, слабо јаде, по цел ден во раце. Прееска со мм незнам ни самата како го заспавме. Вришти бебе, заоѓа од плачење. Плус вторникот прими вакцина. Колку трае 4 скок?
Искуства со 5ти скок? Можно ли е порано да почне или таков му е денот? Четвртиот не го осетивме баш премногу, ме оставаше да одморам ама се приметувам ја немам силата како пред неколку месеци да издржам ваков тежок ден. Како ли ќе биде наредниов месец @K7M10J Да.
Што се смени денес?? Која недела е? На термин се породи ти? Јас сум една недела после термин значи кај нас треба да е почнат скок? Не забележувам никанви промени јас